Ај да прокоментирам и јас малку
ZATOA SLUZI FORUMOT.
Da se zemaat i davaat informacii, da se uci i poducuva, da se davaat soveti i DA SE DRUZIME.
Да си жив и здрав за муабетот, и така треба да се продолжи, без расправии и мерења.
________________________________________________________________________________________________________
Него јас после сите овие постови чекам еден гооолем пост од Администраторот, да се заокружи цела приказна и да се закопаат секирите.
И уште нешто, по другиве форуми (српските во случајов), никаде не успеав да го видам концептот на “Репортажи“, кој тука го промовираше Полизовски (најверојатно го има по бугарските форуми). Таму си има фини теми Клен 2011, Пастрмка 2011, Штука 2011, па кој сака си се фали со уловот. На сите други теми се разменуваат мислења, искуства, локации за риболов и сл. Бидејќи гледам дека репортаживе се повеќе водат кон караници (криење места, избегнување на другите македонци, караници околиу фати-пушти, кој ставил риба на трева, кој се сликал со риба дома и друг мал милион проблеми), најубаво да престанеме со ставање репортажи (најчесто поради фалење, бидејќи во репортажите не се откриваат локации за и други да отидат таму и да си фатат риба) и да се префрлиме на форумските моменти, да си дискутираме, учиме, подучуваме, разменуваме мислења, локации и сл.