Ако не се лажам државниот куп во пливка, државниот куп во крапски риболов и сите можни други државни купови ги организира никој друг туку Државата, преку соодветната институција во овој случај МРФ. Што па тогаш се тупат и се мачат 5-10 луѓе од рибар не ми е јасно ?!?
Добро е ова прашање последново и јас некогаш се прашувам
и така ми се убива мотивацијата нешто да помогнам кога ќе прочитам вакви работи, тоа чудо.
Можеби добар одговор е дека ако не се потрудиле тие луѓе немаше ни да се одржи овој куп и други слични активности.
Ако не се потрудеа тие луѓе да избуткаат МРФ немаше ни да застане позади ваков куп, а кога веќе застана, ......ако не се тие луѓе немаше да има Правилник за ваков куп, а кога веќе се донесе и правилник, ...... ако не се тие луѓе да промовираат, известат и помогнат, ретко кој ќе знаеше дека има ваков куп, ......дел од тие што ќе учествуваа не знаеа ни дека треба спортска легитимација, а добар дел и од тие што знаеја дека треба, а не ваделе претходно имаа потреба од помош околу постапка како се вади, ......ако не се тие луѓе немаше да има ниту порибување на водата како одличен гест по завршувањето на еден ваков натпревар.....ако не се тие луѓе немаше да има награди за учесниците и победниците, ќе имаше само дипломи од МРФ.....ако не се тие луѓе немаше да има сокови, води, благо и нешто плус за учеснициите......ако не се тие луѓе нема да има ни столчиња да седнат судиите....уште ли да редам......ЗНАЧИ НЕКОЈ СЕ ТРУДИ НЕШТО ДА НАПРАВИ....
Ние сме гледале со розеви очила
, ало колегааааа, ако ти мислиш дека државата или МРФ се волшебни и дека ќе ти организиираат се за да ти имаш еден СПИН куп, си се излажал и ти си тој со розевите.....ако некој не се потруди да биде работата - НИШТО НЕМА ДА БИДЕ. Тоа се реалните очила....
Со ваквите коментари само го убивате ентузијазмот на тие што сакаат нешто да напраат
Колега Борис, или ти слабо читаш или пак си ја носиш водата на твојата воденица...
Јас убаво напишав погоре, капата доле на дечките од Рибар кои се трудат сето ова да профункционира и за тоа никој не зборува ништо!
Исто така никој не коментира дека 150 денари се многу!
Тоа до овде ОК ?!?!
Е сега да те цитирам, „ало колегааааа, ако ти мислиш дека државата или МРФ се волшебни и дека ќе ти организиираат се за да ти имаш еден СПИН куп, си се излажал и ти си тој со розевите...“, абе Борис некогаш ми иди да се смеам и да плачам во исто време од твоиве констатации... Ако тоа нешто се вика
Државен куп тогаш од кого да мислам дека треба да организира ? Од тебе ? Од Спиро, Ицо, Келтан, Компир !?!??! Абре се разбира дека очекувам
Државата да го организира... Ти од кого очекуваш да организира светско првенство во фудбал во Бразил, од Роналдо, Ривалдо и Ромарио или од Државата ?
А ако се трудат само момците од рибар да организираат куп, тогаш зошто мора да го носи епитетот
државен? Нека си биде како лани и готова работа
Спиро 100% си во право