Ајде да Ве потсетам или да Ве информирам доколку не знаевте.
Во 2012-та година имавме намера лигата да се направи на дива вода и тоа на Дојранско езеро. Беше предвидена стаза каде ќе се одржи лигата и договореено да се заврши пред почетокот на туристичката сезона. Однапред се знаеше дека во Дојранско езеро има крап НО и дека тешко се лови од обала. За таа цел беше организирано тренинг-тест риболов од обала во период од петок до недела. Иако имаше забрана беше договорено со градоначалникот. Ако не се лажам една од екипите беше и Жиле од Свети Николе покрај останатите. Резултатот беше ниту една уловена риба
па затоа се помина на следната варијанта одење на Црничани. Замислете дека доколку се организираат три-четири кола и од 18-сет екипи 2-3 екипи бидат со улов а останатите без риба каков ќе биде заклучокот, кој ќе бидат коментарите, дали оние 2-3 екипи се правите мајстори за дива вода, дали овие 2-3 екипи имале добра опрема, дали на овие 2-3 екипи сите останати 15-сет екипи ќе им честитаат на овие 3 дека се најдобри????
Едно е точно води имаме многу Мавровица, Мантово, Паљурци, Глобочица,....одлични за натпревари но не и доволно богати за натпревари каде би се избрале најдобрите. Било која вода кога ќе се пориби во најбрзо време се истребува. Проблемот е зачувување на рибниот фонд.
Уште еден пример- на враќање од прво коло на Црничани кога ни рекоа дека патот преку Валандово е затворен појдовме преку Богданци. По пат застанавме на Паљурци и тоа Васил, Кире, Раде, Јас , побре,... и го гледаме езерово кога доаѓа чуварот и незнаејќи кој сме ни вели дека се што ќе се фати се вади па дури и дека се ставаат мрежи