за личната припременост - имате езера во околината кои нудат и има можности(да се извади многу риба) да секој приватно си тренира зигови, количини на риби, работа со прихрани и мамци, зафрлувања и се друго и секој може индивидуално да си се припрема како има финансии и ...............
на такмичење --- ништо од тие вежби можи да не ти профункционира ако комшиите се поспособни од тебе и имаат подобра тактика од твојата тие ке извадат 500кг а ти можи и за една да се молиш да ти удри на било која вода ДИВА ИЛИ КОМЕРЦИЈАЛА нема врска
ИМА
-добра и лоша позиција
-добра и лоша тактика
-знае или не знае да фати риба во таа вода и во тој склоп на околности во кој се тимот задесил
*Тоа настојување не е затоа дека се плашиме од дива вода,бидејки еве конкретно јас и ортаците 99% ловиме на дива вода и ни одговара,по ефтино ке минеш итн,
целото настојување за порибена или по богата вода е за да се извадат повеке риби бидејки само така ке дојде до израз знаењето,техниката и тактиката,со еден збор нема 2-3 риби да ги одлучат победниците.Друга работа е тоа што јас не сакам некој рибник како Жабени,Гого,Сандански,туку да биде дива вода во која ке има доволен број на риба,а не некоја измрежарена уништена вода во која има 5 крапа во цело езеро.
*Без ралика на која вода ке биде светското таа вода сигурно ке биде добро порибена.
*За Преспанско е ок,има риба,има терен се убаво само да има некој да го чува барем недела дена пред натпревар да нема мрежи,рибари,чамци на стазата.
*До сега било како било,работата е за во иднина да биде подобро.До сега беше на Црничани каде се ловеше на 20-30метри на повеке позиции,се извадија многу риби ај да кажам без намера да омаловажувам на едноставен начин на шекерац итн. Па кога отидовме на светско се соочивме со скроз различен начин на риболов и го видовме резултатот.
*Лигата за да ја крениме на повисок ранг и да се користат повеке техники,тактики,мамци и да биде една врста на светско во мало,таа треба да се одржи на вода каде има услови за тоа,значи каде има доволна количина на риба.Не може на вода со малку риба,наплашена од мрежи,струи итн ни да си играме да пробуваме еден куп тактики,мамци итн ке се концентрираме на една тактика,мамец кој ни е проверн за таква вода,а такви ни се повекето.
*Црничани е приказна за себе,се збореше многу на таа тема да не ја тупам повторно.
*Тоа ке „ИМАМЕ„ 7-8 риби не мислев за мојата/нашата екипа туку општо на сите кои ке учествуваме во лигата.
*Како си ти сигурен дека нема да се извади таа количина на Жабени или на слично некое место??
За лична припременост и на такмиње се демантираш сам.
Што ако јас тренирам на Гогомонд сам,вадам еден куп риба,ми работи зиг ово оно триста чуда и се ми работи,нормално дека ке работи ако си сам и да нема некој да фрли подобра храна од тебе,да има техника подобра и др.Тогаш ке се дигнам во облаци и ке мислам дека сум комплетен. И?? На натпревар кога ке имам уште неколку екипи околу мене,со подобра технка,мамци итн се тоа што си мислел дека е добро ке ти падне во вода..
@Спире, ови ти е реплика на твоите зборови кои ми ги обележа со црвено од мојот пост.
PEACE
Па нели сите рекоа дека со по 2-3 риби во секој сектор годинава на СП ќе бевме многу погоре...
Можеби е побитно да се извадат 2-3 риби на тешка вода, веројатно е поголемо знаење отколку да се извадат многу риби кои се пуштени 3 дена пред натпревар и кои незнаат на каде тераат...
Чисто логично размислување, не се фаќајте одма дека несум натпреварувач и дека незнам што-како, вистина несум натпреварувач но размислувам логично. Корегирајте ме ако грешам!