Како тргнало, логистиката ќе биде клучна за успехот и неуспехот.
Бојан гледаше и слушаше кој, како, каде и колку и затоа испадна трет у сектор?
Еве и Крсте нека каже.
Ние бевме задолжени за А сектор. Два пати ја поминавме стазата и увидовме една работа. Сите ловеа подалеку и 90% рибата се извади на зиг-риг. На Крки и Кременадла не им требаа наши информации (а ги добија). Хрватите ловеа на А6 (светските прваци и веднаш до нас) ги гледавме заедно 4 дена. Иста шема, иста прихрана цело време. 130 м. едно хранилиште, 154 м. второ хранилиште. Дечките можеа. Што тоа им помогна на нашите кога ги немавме тие можности и способности. Затоа се обидоа со Пепи она што е достапно и со малку среќа и ќе се упишеа.
Што можеше Предраг да направи повеќе од тоа што го направи? После 50 олова изгубени во подводна шума, требаше онаа хеликоптерчено да му го дадеме?
Сепак натпреварувачите во бокс се најбитните, клучните. Тие одлучуваат, тие реализираат. Немојте заради еден два искучоци да ја терате водата кај што не треба. Вистината е дека се обидовме се што можеме. Можеби можевме и подобро во некои сегменти. Болката е што со по една риба во секој сектор, рипавме 10 места на табелата.
Некој мора да биде и препоследен. Овој пат тоа бевме ние.
Треба да им се честита, ако ништо друго за напорот и издржливоста. И не е лесно да останеш исправен и кога по 6-ти пат ти свири сигнализаторот, скокаш како гром да те удрил чекајќи ја првата риба, а тоа комчијата (пикинезерот) си ја шета неговата едно пола саат. И кога сите од страна им викавме не ја пуштајте, дечките собраа сили и ги отвараа шпунглите. Секоја чест за тоа. Да не Беа Крки и Филип, Далибор немаше да биде светски првак.
Еве ќе соберам сили и ќе се сложам со Келтан (иако тешко ми паѓа
) за една работа. Секоја позиција, секој бокс, секој ловен дел на таа позиција е посебна приказна. Нашето "дворче" си беше добро исондирано и Пепи (по мене) воопшто не згреши кога им ја определи таа тактика. Имаше во предвид кои сме и колку можеме и ја бараше шансата во тие рамки.
На крај пак ќе кажам. Проблемите си ги носиме од дома. Добар позитивен пример е Оливер кој со десетина тренинзи напредна 20-30 метри. Памет за понатаму. Имаме и кој да покаже а имаме и кој да вежба.
Идеите да се паузира се катастрофални. Од оваа СП можеме да извлечеме повеќе поуки отколку од сите досегашни. Мое лично мислење. Паузиравме после Андглија и замре се. Се тргна пак, направивме огромни чекори и сега замислете ако се реши или објави (а треба да се знае однапред) дека не се оди за Шпанија, како ќе изгледа лига, купови и сл.
Мислам дека голем грешка ќе се направи ако тоа се случи.
И на крај идејата пласираните за СП од 2015 да одат 2016 немојте ве молам да ја протажирате. Го пробавме тоа и така тргна бродот да тоне. И да нема доволно средства како за овогодишното СП, доволно е барем основните давачки да се покријат (котизација и превоз). Знамето во Шпанија треба и мора да се вее.