www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Ное 28, 2024 5:42 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 9:29 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ревидирана верзија на правилникот со внесување на повеќе сугестии:

РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ВО ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ДИСЦИПЛИНА МУШИЧАРЕЊЕ

ДРЖАВЕН КУП ТРЕСКА 2014


Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 12.10.2014 година

Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае вкупно 5 часа, во две кола од 2,5 часа. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во натпреварот во мушичарење ке следуваат: медали, пехари и др.


ПРОГРАМА

Недела, 12.10.2014

7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите кај Мечкина дупка
од 7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
од 8.00 до 8.15 часот – Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
8.30 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ______ прв сигнал
11.00 часот – Крај на првото коло од натпреварот ______втор сигнал
од 11.00 до 11.45 – Ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
12.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ______ трет сигнал
14.30 часот – Крај на натпреварот ______ четврти сигнал
14.30 до 15.30 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи


Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.


ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника мушичарење
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 12.10.2014
МЕСТО: риболовен ревир Треска 3 (Скопска Треска), потег од м.в. Кула до м.в. Мечкина дупка

Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на позиции и сектор за секој натпреварувач. Патеката ја одредува комисија од МРФ.

Дозволен прибор ке биде: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.


ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски.
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов.
3. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција.
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
8. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
9. Доколку се доделува награда за најголема уловена риба, најголема риба ќе се смета рибата која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и оние натпреварувачи кои освоиле 1, 2 и 3 место.
10. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба носи 10 бода на натпреварувачот
- Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 бода
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 бода = 20 бода, 1 пастрмка од 25 см х 1 бода = 25 бода, 1 пастрмка од 20 см х 1 бод = 20 бода. 20 + 25 + 20 = 65 бода за тој натпреварувач).
11. Рибата се мери од врвот на главата до најдолгиот дел на опашката.
12. Должината на рибата се заокружува на поблискиот цел број. На пример 23.3 см се заокружува на 23 см, а 23.6 см се заокружува на 24. Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см.
13. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см.
14. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри. Во одредени случаи ширината на позицијата може да се намали на минимални 18 метри.
15. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вршат секторските судии.
16. Стазата за натпревари не смее да се порибува во претходните 3 месеци пред одржување на натпреварот.
17. Стазата се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки.
18. Натпреварувачите кои ловеле во првиот сектор во првото коло одат во вториот сектор во второто коло и обратно.
19. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата.
20. Распоредот по позиции и сектори се влечат со ждрепка пред секое коло.
21. Натпреварот трае 2 пати по 2,5 часа, односно 2 кола по 2,5 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло.
22. На натпреварот се бодува само пастрмката. Минимална мерка за мерење е 15 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода.
23. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето. Потоа рибата се враќа во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
24. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/2 од ширината на реката на позицијата. Не е дозволено преминување од другата страна на реката.
25. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата.
26. Уловот нема да се признае доколку:
- рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење
- рибата е закачена за телото, а не за устата
- ако рибата не е извадена со помош на кепче
- ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата
- ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор
- ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка
27. Може да се натпреваруваат само натпреварувачи кои имаат валидна легитимација за спортски риболов издадена од страна на Македонската Риболовна Федерација.
28. Риболовот се врши со користење на следниот дозволен прибор:
- мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см
- макара по слободен избор
- шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри
- предвез (лидер) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично
- вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор
- чизми/пантолони со ногавици
- мушичарски елек
- кутии со мушички
- поларизирачки наочари
- капа/шешир
- кепче
29. При риболовот не е дозволено следното:
- користење на индикатор
- користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично)
- користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм (Се зема во предвид отежнување од тунгстен или месинг. Доколку се работи со стример кој има две кугли во форма на очи, истите да се не поголеми од 3 мм секоја. Стримерите и мушиците кои користат отежнување од епоксид не се ограничуваат на 4 мм)
30. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка.
31. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата.
32. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см.
33. Секторскиот судија по потреба може да изврши проверка на опремата на натпреварувачот пред влегување на позицијата.
34. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите.
35. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот
36. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.
37. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари.
38. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода.
39. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари.
40. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македоонската Риболовна Федерација.
41. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.
42. Ако два или повеќе натпреварувачи имаат ист број на бодови, предност има оној кој уловил повеќе парчиња на риба.
43. Жолт картон се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот не се придржува до општите правила, доколку им пречи на останатите натпреварувачи, доколку се расправа со судиите или користи неправилен прибор.
44. Црвен картон (дисквалификација) се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот лови со повеќе мушички од дозволеното, доколку користи индикатор при риболовот, доколку користи дополнително отежнување на шнурот, лидерот или типетот во форма на олово и слично, доколку некоректно се однесува со уловените риби (ги фрла назад и слично), доколку конзумира алкохол за време на натпреварот и ако ги навредува официјалните лица на натпреварот.
45. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот.
46. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 4:17 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
aj neka ni e cestito priviot oficijalen musicarski pravilnik.Zdravje boze ako treba dogodina ke go nadopolnuvame.Ova vaka izgleda sosema solidno.Mozebi bi trebalo da se dodade sto so pobednicite kade ke bidat angazirani otkoga ke pobedat.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 4:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Филип НапишиCOLON
Ревидирана верзија на правилникот со внесување на повеќе сугестии:

РИБОЛОВЕН НАТПРЕВАР ВО ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА ВО ДИСЦИПЛИНА МУШИЧАРЕЊЕ

ДРЖАВЕН КУП ТРЕСКА 2014


Организатор: Македонска Риболовна Федерација
Домаќин: ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје
Термин на одржување на натпреварот: 12.10.2014 година

Право на учество во натпреварот имаат сите риболовни здруженија.
Број на натпреварувачите не е ограничен.
Натпреварот ќе трае вкупно 5 часа, во две кола од 2,5 часа. Предвиден е улов на риба само од видот пастрмка.
Право на учество имаат сите спортски риболовци кои поседуваат спортска легитимација издадена од МРФ.
За учество во натпреварот не се плаќа котизација.
За најдобрите тројца натпреварувачи во натпреварот во мушичарење ке следуваат: медали, пехари и др.


ПРОГРАМА

Недела, 12.10.2014

7.00 до 7.30 часот - Пристигнување на натпреварувачите кај Мечкина дупка
од 7.30 до 8.00 часот - Запознавање на натпреварувачите со патеката и правилата
од 8.00 до 8.15 часот – Ждрепка за позиции и сектори за прво коло и подготовка на натпреварувачите
8.30 часот - Почеток на првото коло од натпреварот ______ прв сигнал
11.00 часот – Крај на првото коло од натпреварот ______втор сигнал
од 11.00 до 11.45 – Ждрепка за позиции и сектори за второ коло и подготовка на натпреварувачите
12.00 часот - Почеток на второто коло од натпреварот ______ трет сигнал
14.30 часот – Крај на натпреварот ______ четврти сигнал
14.30 до 15.30 часот - Соопштување на резултатите и прогласување на најдобрите натпреварувачи


Натпреварот треба да биде медиумски покриен од најмалку 1 медиум.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација и домаќинот ЗРСРК РИБАР 2011- Скопје ќе ангажираат доволен број на членови-волонтери кои ќе им помагаат на судиите и натпреварувачите доколку имаат било каква потреба.


ДИСЦИПЛИНА: Лов на риби грабливки со риболовна техника мушичарење
КОНКУРЕНЦИЈА: СЕНИОРИ
ДАТУМ: 12.10.2014
МЕСТО: риболовен ревир Треска 3 (Скопска Треска), потег од м.в. Кула до м.в. Мечкина дупка

Натпреварот ке биде во два сектори, со извлекување на позиции и сектор за секој натпреварувач. Патеката ја одредува комисија од МРФ.

Дозволен прибор ке биде: Два мушичарски стапа, едниот за употреба, а другиот за резерва, две макари, шнур по избор на натпреварувачот, лидер (пловечки или тонечки), кепче, вештачки мушички кои ке се употребуваат без додавање на вештачки ароми и мириси.


ПРАВИЛА

1. За натпреварот ќе бидат ангажирани тројца судии, еден главен и двајца секторски.
2. Организацијата на натпреварот и пресметувањето на резултатите ќе биде според Правилата за натпревари во спортски риболов.
3. Дозволено е зафрлување со една трска со една вештачка мушичка.
4. Употреба на живи мамки и било какви други ненаведени мамки се забранети.
5. Забрането е зафрлање со кое би се попречило на друг риболовец во соседната позиција и забрането е зафрлување во туѓа позиција.
6. Забрането е вадење на риба надвор од вода на суво, камен и сл.
7. Секој натпреварувач се образува пристојно и коректно однесување спрема природата, рибите, натпреварувачите, судиите, организаторите.
8. Секое нехумано однесување спрема рибите, оштетување или умирање по вина на натпреварувачот ке биде соодветно санкционирано од судијата на натпреватор.
9. Доколку се доделува награда за најголема уловена риба, најголема риба ќе се смета рибата која ќе има најголема должина при мерење од страна на судиите, а во конкуренција се сите натпреварувачи вклучувајќи ги и оние натпреварувачи кои освоиле 1, 2 и 3 место.
10. Бодувањето ќе се врши по должина на рибата и по бројот на уловени риби, согласно следните пропозиции:
- Секоја уловена риба пастрмка носи 10 бода на натпреварувачот
- Секоја уловена пастрмка се мери должината и 1 см = 1 бода
(Пример: ако натпреварувачот има уловено две пастрмки од 20 и 25 см, се бодува на следен начин: 2 риби х 10 бода = 20 бода, 1 пастрмка од 25 см х 1 бода = 25 бода, 1 пастрмка од 20 см х 1 бод = 20 бода. 20 + 25 + 20 = 65 бода за тој натпреварувач).
11. Рибата се мери од врвот на главата до најдолгиот дел на опашката.
12. Должината на рибата се заокружува на поблискиот цел број. На пример 23.3 см се заокружува на 23 см, а 23.6 см се заокружува на 24. Во случај на пола број тогаш се заокружува на поголемиот.Пример 23.5 см се заокружува на 24 см.
13. Минимална потребна длабина на водата на позиција е 15 см.
14. Ширина на натпреварувачката позиција треба да биде 20 метри. Во одредени случаи ширината на позицијата може да се намали на минимални 18 метри.
15. Во еден сектор не смее да има прекин помеѓу позициите, а бележењето на истите го врши комисија од МРФ, а контролата на позициите ја вршат секторските судии.
16. Стазата за натпревари не смее да се порибува во претходните 3 месеци пред одржување на натпреварот.
17. Стазата се дели на два сектора. Секој сектор се обележува. Сите позиции во секторот се обележуваат на почетокот и крајот со натпреварувачки бројки.
18. Натпреварувачите кои ловеле во првиот сектор во првото коло одат во вториот сектор во второто коло и обратно.
19. Секој натпреварувач мора на листата за мерење да го запише секторот и позицијата.
20. Распоредот по позиции и сектори се влечат со ждрепка пред секое коло.
21. Натпреварот трае 2 пати по 2,5 часа, односно 2 кола по 2,5 часа, со пауза од 1 час помеѓу колата кога се организира и ждрепката за второто коло.
22. На натпреварот се бодува само пастрмката. Минимална мерка за мерење е 15 см. Другите уловени риби не се бодуваат и веднаш се враќаат во вода.
23. Натпреварувачот мора да ја извади уловената риба од вода со кепче. Доколку судијата е во близина, веднаш се врши мерење од страна на судијата и рибата се враќа во вода. Доколку судијата не е во близина, натпреварувачот има право да ја стави рибата во платнена чуварка до доаѓање на судијата. Кога ќе дојде судијата за мерење, натпреварувачот ја изнесува рибата во кепче или чуварка на обала и таму судијата го врши мерењето. Потоа рибата се враќа во вода, освен доколку има поголеми повреди и судијата оцени дека рибата не треба да биде вратена назад.
24. Натпреварувачот не смее да завлегува во соседните позиции. Дозволено е влегување во вода, највеќе до 1/2 од ширината на реката на позицијата. Не е дозволено преминување од другата страна на реката.
25. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата.
26. Уловот нема да се признае доколку:
- рибата се прифати со рака и во рака се однесе на мерење
- рибата е закачена за телото, а не за устата
- ако рибата не е извадена со помош на кепче
- ако рибата е уловена и извадена надвор од позицијата
- ако рибата е уловена со неадекватен прибор со употреба на индикатор
- ако рибата е уловена при риболов со повеќе од една вештачка мушичка
27. Може да се натпреваруваат само натпреварувачи кои имаат валидна легитимација за спортски риболов издадена од страна на Македонската Риболовна Федерација.
28. Риболовот се врши со користење на следниот дозволен прибор:
- мушичарски стап со максимална должина од 10 ft / 305 см
- макара по слободен избор
- шнур по слободен избор, минимална должина 22 метри
- предвез (лидер +типет) по слободен избор, не подолг од 2 должини на мушичарскиот стап со кој се лови, а истиот може да биде пловечки или тонечки, без додадено отежнување во форма на олово и слично
- вештачка мушичка по слободен избор, која може да биде и отежната по сопствен избор но со метална кугла на главата не поголема од 4 мм
- чизми/пантолони со ногавици/комбилизон
- мушичарски елек
- кутии со мушички
- поларизирачки наочари
- капа/шешир
- кепче
29. При риболовот не е дозволено следното:
- користење на индикатор
- користење на отежнување на шнурот или лидерот (олово и слично)
- користење на вештачка мушичка со кугла за отежнување поголема од 4 мм (Се зема во предвид отежнување од тунгстен или месинг. Доколку се работи со стример кој има две кугли во форма на очи, истите да се не поголеми од 3 мм секоја. Стримерите и мушиците кои користат отежнување од епоксид не се ограничуваат на 4 мм)
30. Натпреварувањето се врши исклучиво со 1 вештачка мушичка.
31. Натпреварувачите не смеат да користат сонари или слични помагала за одредување на длабината на водата или пронаоѓање на рибата.
32. Кепчето кое ќе се користи за вадење на рибата не смее да биде подолго од 122 см.
33. Секторскиот судија по потреба може да изврши проверка на опремата на натпреварувачот пред влегување на позицијата.
34. Кога натпреварувачот ќе се намести на позицијата, не смее да ја напушта и да комуницира со останатите до завршетокот на колото, со исклучок на потребната комуникација со судиите.
35. Сите стартни позиции се дефинираат пред почетокот на натпреварот и не смее да се менуваат за време на натпреварот
36. Со доаѓање на стазата, прво се извлекува редослед на извлекување на позиции, па се влечат позиции и сектори. Главниот судија го спроверува ждребот за позиции.
37. Секоја уловена риба се евидентира на стартната листа, а судијата при мерењето треба гласно да го објави уловот, должината и бројот на натпреварувачот за тоа да може да го слушнат и соседните такмичари.
38. Натпреварувачите на себе мора да ги имаат истакнато спортските легитимации, а резервната опрема мора да биде оставена на суво, не смее да се носи во вода.
39. Приговорите се поднесуваат и решаваат согласно правилникот на МРФ за спортски натпревари.
40. Судењето се врши согласно правилникот за судење на спортски натпревари на Македоонската Риболовна Федерација.
41. Мерењето на уловените риби се врши со употреба на пластични корита со мерач за должина. Мерењето на рибата го вршат такмичарот и секторскиот судија. Мерењето се врши на обалата, надвор од водата. Доколку рибата му падне на натпреварувачот од кепчето за време на изнесувањето надвор, истата нема да се мери и веднаш треба да се врати во вода. По мерењето, рибата се оживува полека и се враќа во вода.
42. Ако два или повеќе натпреварувачи имаат ист број на бодови, предност има оној кој уловил повеќе парчиња на риба.
43. Жолт картон се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот не се придржува до општите правила, доколку им пречи на останатите натпреварувачи, доколку се расправа со судиите или користи неправилен прибор.
44. Црвен картон (дисквалификација) се доделува од страна на судијата доколку натпреварувачот лови со повеќе мушички од дозволеното, доколку користи индикатор при риболовот, доколку користи дополнително отежнување на шнурот, лидерот или типетот во форма на олово и слично, доколку некоректно се однесува со уловените риби (ги фрла назад и слично), доколку конзумира алкохол за време на натпреварот и ако ги навредува официјалните лица на натпреварот.
45. Главниот судија може да го опомени или исклучи секторскиот судија, доколку секторскиот судија дозволува натпреварувачите да ги кршат правилата, им пречи на натпреварувачите или влегува во вода за време на натпреварот.
46. Сите натпреварувачи се должни да присуствуваат на доделувањето на наградите на официјалниот дел после натпреварот.
Super e. :lepi:
Samo ako moze uste ovie tri promeni zaradi pojasnuvanje.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 4:35 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Oк. Рaчунaјте декa oвa би билo некoјa финaлнa верзијa, a ќе јa дистрибуирaме дo здруженијaтa преку нaтпревaрувaчкa кoмисијa нa МРФ, кaкo штo е редoт.

Перун, јaс следнaтa гoдинa би гo прaвел првo купoт, пa пoбедниците би имaле преднoст зa oдење нa бaлкaнскo ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:26 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
Филип НапишиCOLON
Oк. Рaчунaјте декa oвa би билo некoјa финaлнa верзијa, a ќе јa дистрибуирaме дo здруженијaтa преку нaтпревaрувaчкa кoмисијa нa МРФ, кaкo штo е редoт.

Перун, јaс следнaтa гoдинa би гo прaвел првo купoт, пa пoбедниците би имaле преднoст зa oдење нa бaлкaнскo ;)
znaci slednata godina ke se naglasi.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:32 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
e zaboraviv uste edna sitnica:so mislite za micro ring mene mi e vrzan za toneckiot lider,ako go izvadam ke treba da go arcam skapiot lider,moze bi trebalo da se dozvoli micro ring ne pogolem od 2mm.da ne go racunaat sudiite kako oteznuvanje na lider a dobro znaeme zasto ni sluzi.i nikakva vrska nema so tezinata.

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:33 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Kaj ti tekna na prstenot :D

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:35 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Дoбрa идејa, тoa не е oтежнувaње, ќе гo стaвaм

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:38 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
Samo definiraj gi dobro, da ne se pojavi nekoj so muter :D

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Сеп 22, 2014 6:39 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Микрo прстен, не пoгoлем oд 2 мм дијaметaр.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum