www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Ное 11, 2024 5:26 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 3:07 pm 
Отсутен
Молчалив

РегистриранCOLONПон Maр 18, 2013 10:14 pm
МислењаCOLON2
Поздрав до сите!
Во намера да придонесам во изработката направилникот за Првиот Мушичарски Куп во Македонија би сакал да изнесам некои свои видувања и согледувања.

Со оглед на тоа дека ова би бил прв натпревар во мушичарење сметам дека неговата ГЛАВНА ЦЕЛ пред се треба да биде омасовување и популаризација на овој вид на риболов. Доколку е тоа така, мое лично мислење е дека истиот не треба да се оптеретува со премногу ригорозни правила кои можат да доведат до одвраќање на потецијалните натпреварувачи од пријавување на купот, како и забуни и незадоволства во текот и по натпреварот.

Имено, пролистувајќи ги правилниците на FIPS - Mouche (меѓународната федерација на мушичари) и правилникот на Мушичарската федерација на Босна и Херцеговина (можеби најнапредна федерација во регионот, како и организатор на следното светско првенство во мушичарење), увидов дека постојат значајни разлики помеѓу истите.

Главно правило кое го увидов е дека Домаќинот ги одредува правилата!!!
Поради тоа се залагам за “либерални“ правила при организираше на НАШИОТ Куп.

Имено, во правилникот на FIPS - Mouche стои дека е дозволен риболов со не повеќе од 3 мушички (притоа меѓусебното растојание да им биде поголемо од 50 см),
28.4. A maximum of three flies is permitted which must not be closer to each other than
fifty cm, measured eye to eye, hanging freely. /
http://www.fips-mouche.com/index.php?op ... &Itemid=11

додека во правилникот на БиХ стои риболов само со една мушичка. Воедно да не заборавиме дека во воведот на Босанскиот правилник стои дека е изработен врз основа на правилникот на FIPS - Mouche, а потоа модифициран. Вредно за помен е и тоа дека на 5-тиот Куп на земјите од Јадранско - Подунавскиот слив одржан во Црна Гора, Плав (каде што имаше чест за прв пат да учествува и екипа од Македонија) се применуваа правила поблиски до правилникот на БиХ.

Лично ловам со 2 мушички и тоа е она што мене ми одговара (ова ми изгледа и како компромисно решение, а воедно се поклопува и со праксата на нашите терени), но немам проблем и со било која друга одлука која ќе биде донесена од страна на мнозинството.

Она што е заедничко и за двата правилника е дека јадицата е без повратна кука (barbless). Ова правило никој не го споменува и сметам дека е во ред доколку не го применуваме (барем на првиов куп).

Она што е битно според мене е да има улов на риба (со оглед на тоа дека не можеме да се пофалиме со некој голем рибен фонд). Затоа велам дека не треба да се оптеретува натпреварот со премногу строги правила (барем не овој прв Куп).

Друго правило кое за разлика од претходно споменатите во нашиот случај е поразлично е времето на риболов. Ние предвидуваме 2х2 часа, а во споменатите правилници е 3х3, односно 5х3 часа. Тука загрижува веројатноста од слаб улов што би било многу негативно за самиот Куп. Затоа сметам дека кај нас би можело да биде 2х3 часа. Чисто да се зголемат шансите за подобар улов.

Лидер
Во однос на лидерот сметам дека две должини од трската е О.К. решение. Дали ќе бидат тонечки или плутачки исто сметам дека не е битно.

Стример
Во однос на стримерите сметам дека големината на главата треба да биде ограничена доколку веќе постои ограничување кај нимфите.

Движење
Движењето низ сопствената позиција по мене не треба да се ограничи. Секој е господар на сопствената позиција

Улов на риба
Би го додал правилото дека риба која е закачена во сопствениот сектор може да се “заморува” во секторот на друг натпреварувач но не подолго од 5 минути. Притоа истата треба да биде “извлечена” во сопствениот сектор за да биде сметана за регуларен улов.
Воедно да се смета за регуларен секој улов закачен во пределот на устата (од почетокот на усната до крајот на шкргите)
“Only fish hooked in the mouth area, i.e. in front of the rear edge of the gill cover, will
be eligible.”

Опрема за движење низ вода
Нека биде по сопствен избор. Проверка на истата пред почетокот ми е некако премногу и сметам дека нема никаква потреба од тоа


Веќе ми изгледа долг постов како за прв :), па доколку имам уште нешто дополнително ќе се јавам


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 3:41 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Затоа и ја земавме Босна за пример при изработка на правилникот ;)

Само тоа со позициите не се согласувам, напишав претходно од која причина. Замисли јас да се шетам по границата на цела моја позиција... Риба нема да видиш ни ти ни наредните 3 позиции под тебе. И таа 1 во позиција ќе ти ја избркам :D Прочитај како е тоа ограничено кај босанците:
ЦитатCOLON
Članak 15.

Za vrijeme takmičenja takmičar smije ulaziti u vodu u okviru svog startnog mjesta, ali ne smije prelaziti u tuđe startno mjesto. Između startnih mjesta ne postavlja se razmak( neutralna zona).Takmičar ne smije prelaziti na drugu obalu rijeke u okviru svog startnog mjesta .Smije ulaziti samo u 1/3 rijeke u svom startnom mjestu.Tehnika lova je po slobodnom izboru.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 3:44 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Maxim НапишиCOLON
Улов на риба
Би го додал правилото дека риба која е закачена во сопствениот сектор може да се “заморува” во секторот на друг натпреварувач но не подолго од 5 минути. Притоа истата треба да биде “извлечена” во сопствениот сектор за да биде сметана за регуларен улов.
Ова правило го пропишува тоа:
ЦитатCOLON
25. Доколку рибата при вадењето премине во соседната позиција, натпреварувачот има 5 минути да ја извлече рибата до својата позиција. Натпреварувачот не смее да завлезе на соседната позиција со цел да ја извади рибата

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 3:46 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Maxim НапишиCOLON
Опрема за движење низ вода
Нека биде по сопствен избор. Проверка на истата пред почетокот ми е некако премногу и сметам дека нема никаква потреба од тоа
Проверката на опремата што би требало да се изврши пред почетокот е проверка на трска, шнур, лидер, број на мушици и слично, доколку има потреба.
За движење низ вода, што е до мене, ако некој сака и може, нека оди и во бермуди, не ми пречи. Мислам дека нема потреба сите да се правиме манекени ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 3:59 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 28, 2011 5:51 pm
МислењаCOLON1321
ЛокацијаCOLONRåån
2X3h e dobar predlog

_________________
[ img ]
I'm the tower of power, too sweet to be sour. I'm funky like a monkey. Sky's the limit and space is the place! Oooh yeah


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 4:23 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Да, тоа 2 х 2 беше нафрлено онака, Илија викаше 2 х 2.5, мене ми одговара 2 х 2.5, од 17:00 му славам роденден на синот тој ден :mrgreen:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 6:23 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
Vo vrska so vadenjeto riba vo tug boks,treba da se dodade deka dokolku natprevaruvacot vo cij boks vlegla ribata vo tekot na zamoruvanjeto ima zamerka,ribata treba da bide izvadena za 5 min dokolku nema zamerka vremeto ne e vazno,natprevaruvacot mora da bide vo svojot boks dodeka ja zamoruva I crpnuva ribata

_________________
...?


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 7:41 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Неколку работи кој јас ги спомнав.
1 Мислам дека должината на лидерот не треба да биде 24 фита и покрај тоа сто што е оправдано со правилото дека максимална должина на стап е 12 фита па помножено со 2 должини дава 24 фита.Ако гледаме некој ќе дојде со трска од 8 фита и тогаш ќе има три должини на стапот т.е. нимфари на чешки начин
2 Она со тонечкиот лидер ми беше замисла само за да се отфрли можноста за недоразбирања.Имено како што сите знаете лидерот може да биде самопрајски нели(плетен или врзуван од повеќе дебелини на конци).Утре може да ти се појави некој такмичар кој самопрајски направил тонечки лидер од ситни оловца или пак од некоја тенка тонечка тканина.
Е да видам како ќе одлучи главниот судија по повод на ова прашање.
3 Што се однесува до користење на стримери и правење на правила на кој како му одговара :foottap: Јас не се декларирам како стримерџија ама факт е дека сум најмалце нимфар од сите тука.Но немам проблем и воопшто да не ловам со стример.Но имам проблем со тоа едена техника на мушичкарење да биде во предност над друга.Баш поради овие причини во последно време такмичењата во мушичкарење станаа такмичења во нимфарење. :confused:
За да има разноликост во стиловите викам дека е добро да им се даде простор на сите кој како сака.
Иначе Перун не можам да поверувам во она што го кажа дека стримерот е вид на рипче. :head_bang: Во мојата кутија барем 2/3 од стримерите не се ни блиску до риба.
А за тоа дали стримерењето е мушичарење мислам дека е лудо да се збори.Ако е така тогаш кажете ми зашто служат дворачните стапови?За сува мушичка ли?Пола свет ги користи а ние почнавме да мушичкариме пред три години и сега објаснуваме што е мушичкарење.
Како се ловат лососи,штуки,тарпуни....на кадис ли или на гамарус?
Мушичкарењето го одредува стилот и опремата.По вашата теорија и тиролот е мушичкарење затоа што на крајот има мушичка :tafta:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Сеп 20, 2014 8:45 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Иначе се согласувам со Maxim дека ова треба да биде празник за сите мушичкари и дека не треба да фаќаме кусур за некој работи но познавајќи го каков е нашиот народ многу лесно може еден празник да се претвори во драма.Затоа и не ми се допаѓа правилото 1/3 во вода или 4 мм тунгстен.Које тој геометар кој правилно ќе измери дали влегол малку понатака или не.Или пак со оглед дека има само двајца или тројца судии кој ќе може да го измери тунгстенот на мушичките посебно што се менуваат мушички секој 10 минути ако не ти јаде.
Во тој правец не би требало да се ограничува ни лидерот на должина од волку или онолку фита.Доволно е да се рече дека треба да се гледа шњурот.
Јас само дадов некој мој видувања на правилникот кој го изготвиле.Би рекол дека е добра основа само да се допрецизираат некој работи колку да нема нејаснотии.Јас не реков дека треба да се прифати све што јас кажав.
Иначе најважно е да покажеме пред МРФ и останатите луѓе, дека сме позитивни и дека сме другарчини.Дека не ситничариме и дека му посакуваме све најдобро на оној кој ќе победи затоа што ни е наш другар и колега.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 21, 2014 9:43 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Atanasovski НапишиCOLON
2X3h e dobar predlog
Da. Mozebi e dobro da razmislime da bide malku podolgo. Za da ima prilika da se izdiferenciraat podobrite od polosite. Inace ima sansi pobednikot da bide onoj so edna riba. :crazy:

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 0 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum