Бевме сабајле со Перун да измериме колку позиции имаме на располагање. Во делот од мечкина дупка до спадот подолу пред плтикиот брзак има вкупно 10 позиции по 20 метри, една до друга. На сите може нормално да се пристапи и да се лови, а и судијата може да пристапи до сите позиции по суво (како што е по правилата).
Долу кај Кула, од карпата до спадот може да се извлечат вкупно 8 позиции.
Вака отприлика ќе биде организацијата. Ако има до 10 такмичари, ќе се лови само во првиот сектор кој ќе го поделиме на лев и десен, и во второто коло ќе се сменат позициите. На првиот дел има простор и за 11-та позиција ако се намалат позициите на 18 метри.
Ако има повеќе такмичари, до 16, ќе се лови во два сектори, по 8 позиции во сектор.
Максимум бројка на такмичари ќе биде 18, односно по 9 позиции во сектор.
Тоа значи дека ако има повеќе од 18 такмичари, јбг, ќе нема место за сите.
Затоа, од понеделник натаму го ставаме плакатот, објавуваме на сајт и пратиме бројка на пријавени во рок. Најдобро е по принципот како кај крапџиите, прв пријавен - прв услужен.
Од ларви највеќе има гамаруси стандардно, фазан имаше ептен слабо, а имаше повеќе зелен кадис.
А имаше и активност на рибата, собираше еднодневки од филмот.