Мислам дека е фина темава за дискусија, нормално пријателска и без никакви остри расправии ве молам.
Ете имаме малку стагнација во крапскиот риболов периодов и како иде зима се повеќе ке се намалува, па затоа
еве имаме толку многу теми па ајде и оваа да ја разглобиме најпедантно на колегијална основа и секој со своето
искуство на вода (комерцијална или дива) да допринесе со своите мислења за истот.
Како нов во крапскиот риболов и со сериозни намери за голем напредок, крапот почнав да го ловам по комерцијални езера
во наша близина. Со нешто помало искуство последниве година и-пол на диви води за крап, одлучив да се преселам
на комерцијалните води каде што сакав да направам микс на (техника, основа, опрема, задоволсто, начин на ловење итн..).
Значи не се работи само за дали треба или не треба да одиш на комерцијални води да научиш повеќе поради условите
т.е рибата што не би рекол дека е полесно да ја уловиш, него и за сатисфакција, за времето, за парите и буквално за се!!
Ајде , во очекување на позитивна дискусија од крапџиите....Благодарам и добар тек