на форумот има доста матерјал од пред неколку години каде јасно се глега кој и што правел, има и постови кои сеуште се доказ за размислувањата , дали моите или на другите членови. тие се сведоштво на кој што мислел и како во тие одминати периоди
Додека бевте концесионери имавте многу посети од риболовци и скоро со сите и се познавате лично, значи тогаш имавте обрски за чување за екологија за контрола на рибите и т.н Тогаш се почитуваа многу правила околу риболовот таму и скоро сите ве подржуваа и ве тапкаа по рамена (браво)
кога на ова езеро се одзеде концесијата, почнаа да се вртат работите и грото од риболовците кои иделе и кога сте биле и почитувале правила, почнаа друга математика
- да го оставаат губрето, да земаат се и сешто, да риболоват без дозволи и т.н (да не се вракам по темите каде има едно чудо маломерни крапчина сликани по чешми во дворови, она губре што се гледа во боксовите на најновото видео и т.н)
и секој кој дошол да лови риба на тоа езеро - без концесија, за да ја однесе без тронка почит ни кон водата ни кон вас како бивши концеионери дошол да руши од вашето направено
- доказ е целото губре, сликите со риби, состојбата со боксовите(па никој бре еден камен нема фатено од тие што се испопаднати, колку од нив губрето го собрале и го понесле )
- дај боже да дојдете пак на позицијата концеионери - тогаш побарајте ги сите оние кои идеа во овај див период да дојдат да помогнат да се среди и направи нешто на стазата или за езерото
ке видите колку ке се пријават - се плашам дека пак ке дојдат оние кои не иделе и кои помагале и порано и кои се докажани како коректни риболовци и кој со ништо не се заслужни за да ги оквалификуваме како штетници за езерото
ентузијастите - секогаш ке се ентузијасти, и сите нивни коментари се поврзани со нивниот револт што се уништува една вода конкретно за езерото глобочица
грешен ви е ставот за тие луге што ги спомнувате - никаде не уништиле нити пак планираат да уништат - размислете убаво кој ве брани со ветер(зборови) а кој со делата
пастрмка струга - се бори со мрежарите од тој крај кои и мрежарат и на глобочичко
јане - што уништил таму ????
јас - што сум наштетил
филип - знам дека се трудеше да помага
петко. трајко, и ............ многу многу други
овие погорните - пак ке помагаат, да ме верувате
за другите сами ке си оцените и видите
прва прилика ке дојдам на таа вода да се дружиме, не за рибите за лугето/пријателите ке дојдам а и овие погоре истото го размислуваат
и нас и вас не врзуваа едно ВОДАТА, ДРУЖЕЊЕТО, рибите се секогаш од ДРУГАТА СТРАНА
вака јас би рекол
Podobar tekst odamna nemam procitano
A be si stanal Lav Tolstoj