www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 29, 2024 12:53 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS9»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 25, 2014 8:23 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
spiro_jas НапишиCOLON
да боро али тогаш ке дојде до конфликт - со концесионерите
тие од истите пари плакаат
рибочувари, порибувања и сл, а вака државата нема да врати сретства за рибочување и да пориби на тие води

ако се оди со директна уплата на буџет - да не е како со джавната принципот (30 со 70%)
тука ке нема контрола (легитимации, повратни сретства за порибување и т.н)
Злате не читаш.....нема да има конфликт ако тоа функционира, рибочувари на државата се инспекторите, а онолку колку што се легнати пари за тоа езеро, државата ќе ги врати со порибување. Или ајде да одиме со конкретен пример река Треска (скопска) 2014, нема концесија но да можеш да си извадиш дневна, повеќедневна, годишна, т.е да уплатиш на државен буџет и да си мирен на терен, ако дојде инспектор или полиција го јадеш ако немаш уплатено,....на крајот на годината некој во Земјоделие ќе израчуна на име Скопска Треска колку пари легнале во Буџет и толку ќе се врати со порибување за следна година....а во сегашна ситуација имаш.....никој неможе да извади дозвола, риболов забранет, сепак многумина риболоват, дел од нив се плашат, дел мува не ги лази, никој не плаќа, никој не порибува, тоа ти е ПИШИ ПРОПАЛО, вака е генерално секаде каде што нема концесија, освен некаде каде што полиција почесто навраќа па стравот лозје чува


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 1:17 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
те читам боро, и ако се нафатат да биде баш така како велиш тоа е уште подобро и поевтина варијанта

само некако слаб одзив има за оваа работа - да не некат па лугето да праќаме иницијатива :filip:

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 1:37 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Злате нашите луѓе ти се такви, ако седнат во кафана први крекачи се, маваат по маса, пцујат, критикуваат, ако треба нешто да се направи си ќутат, а за риболовот....3-ца од 5-мина повеќе им одговара вака како што е.....ама кој ги шљифа нив уствари...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 8:54 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
Se dodeka Drzavata vo ribolovot prvenstveno gleda kako dejnost od koja ke dobiva pari, rabotite nikogas nema da se opravat. Gledam se zboruva samo za vodi koi nemaat koncesija, e koj e kriv zasto tie vodi nemaat koncesija!!??, a nikoj ne gi spomnuva vodite vo koi imaat koncesija i toa dodelena za STOPANSKI ribolov. Site gledame ili slusame sto se slucuva na tie vodi, pa pak kjutime bidejki e toa bilo legalno!!! Jas bev svedok na Ohridsko ezero vo periodot na mrest na Krapot gledav kako mrezarite-pretpostavuvam od koncesionerot kako preku cel den masakriraa, potoa slicnite muabeti za dojransko, a debarsko neznam za koja pricina, ne se ni spomnuva a, ili pak kozjak, lani cela godina lovev so godisna, niednas ne dojde kontrolla.Ama pak zatoa tuka ni e Treska ili nekoja druga voda bez koncesija za debata ili za etiketiranje na ribolovcite na cesni i necesni ili podobro na ribolovci i ribokradci. Edvaj cekame nekoj da pusti reportaza ili slika od ulov i nie namesto da uzivame vo majstorlukot, vednas pocnuvame da merime so metro pa da ne slucajno preteral za nekolku stotici grama vo izjavata ili pak da go locirame mestoto za da vidime dali ima koncesija ili ne!!! Jas sum siguren deka site, pa i tie sto pisuvaat za pocituvanje na zakonite vo ribolovot gi precekorile istite ili licno ili prijatelite so koi odat po riba, zemale riba ispod mera, pogolema kilaza od propisanoto itn itn.I sto, da ne otisol nekoj kaj koncesionerot pa da mu kaze deka Gonny zemal riba ispod mera ili ponel pogolema kilaza nego sto e dozvoleno!!! Mene mi e jasno, se dodeka istituciite''sakat' da ni bide vaka mizerno po nasive vodi, taka i ke bide!!!

p.s. tekstot ne e namenet za nikogo konkretno

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 4:46 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Goony ако сите се согласуваме дека Форумот има едукативна улога, тогаш незнам што очекуваш, да се промовира нешто што е надвор од закон ли ? Ако законот предвидел да нешто во дадена ситуација е забрането, тогаш тое е ЗАБРАНЕТО.

Инаку оваа тема е за тие води кои немаат концесија, а за другите ти кои ги спомна се дискутира во други теми, така што не држи моабетот “што сте се фатиле за водиве кои немаат концесија“

Сме се фатиле, и тоа поприлично малку луѓе што е доста интересно, затоа што многумина сакаат да ловат на водите каде што нема концесија, но не секој се осудува. Има и такви кои не сакаат да бидат контра законот, такви кои не сакаат да бидат на штрек дека некој ќе му дојде ќе му ја земе опремата и ќе му пише казна, такви кои ако знаат дека е нешто недозволено не искачаат на таа вода, а сакаат. За тоа правиме моабет во темава. Да се проба да се склопи решение за овој колективен проблем, затоа што води без концесија има во сите делови на државава.

“Државата гледала само да земе пари“ - Во даденава ситуација со водите кои не се под концесија се дешава општа кражба од водите, општа кражба од државата, штета имаат сите. Никој не плаќа, многумина ловат, скоро никој не чува, никој не порибува, сето тоа е на штета на водите и секако на самите риболовци.

Ако се успее да се издејствува некакво решение на ситуацијата и државата да ги враќа парите земени од риболовците (на име дозволи) за ловење на конкретна вода, не гледам што е лошо во тоа. Патем која е разликата помеѓу некој концесионер и државата ? И на едниот и на другиот треба да му платиш, па да риболовиш. Е сега тоа не им одговара на оние кои се научиле без мува да ги лази да си риболоват на води без концесија, да праат што сакаат таму и секако да не плаќаат ништо.

А дека состојбите ќе си останат такви, не го делам твоето мислење. Состојбите ќе си останат такви ако никој не пројавува иницијатива да се променат. Институциите многу пати реагираат кога има иницијатива, реакции, притисоци, поднесоци, или било каква комуникација.....ако нема ништо, тоа значи дека работите се СУПЕР

Има еден виц:

Се чуло моабет во шумата дека Мечката има список за ликвидација.
Некој начул дека и Волкот е на списокот и Волкот стварно по извесно време го снемало. По некое време се чуло дека и лисицата е на списокот и стварно и нејзе ја снемало. По некое време и Еленот се нашол на листата и тој биднал ликвидиран.

Зајакот чул за оваа работа, ама чул и дека и он е на списокот за ликвидација. Пошол кај мечката, тропнал кај нејзе на врата, искочила мечката

Зајакот: Добар ден Мецо
Мечката: Добар ден Зајко
Зајакот: Абе има ли вистина ова за списокот твој за ликвидации ?
Мечката: Вистина е зајко.
Зајакот: А вистина ли е дека и јас сум на тој список ?
Мечката: Вистина е зајко.
Зајакот: А може ли да ме тргнеш од списокот ?
Мечката: Може бе зајко.

НАРАВОУЧЕНИЕ

Со иницијатива и добра комуникација све бива !


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 5:03 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
Muabetov moj drzi i toa mnogu, no nesakajki da si se replicirame po celi saati, ke cekam rabotite da se smenat pa tek togas ke se uklucam vo muabetov !!!!

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 5:38 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Мое мислење е дека овој проблем треба да се реши на наједноставен начин што се може, затоа што доколку треба да се менуваат многу членови од Законот и ако се искомплицира работата, се помалку ќе имаат слух во МЗШВ.
Има неколку важни моменти. Според мене треба да се вметне следното:
- Државата стопанисува со водите кои не се доделени под концесија.
- Дозволите од МЗШВ ги задолжува МРФ и ги продава на риболовците (исто како МРФ да е концесионер)
- Цена за тие дозволи одредува МРФ, а ги одобрува МЗШВ (исто како МРФ да е концесионер)
- Државата преку ДИЗ и МВР врши контрола на тие води.
- Државата ќе пориби со количини предвидени во РО за водата која не е доделена под концесија.

Јас мислам дека не треба да комплицираме и да бараме за која вода колку средства се уплатени во буџет, со тоа само влегуваме во ќорсокак. Овие 4-5 точки според мене се доволни за да профункционира оваа работа, а сето тоа мислам дека може да се среди со измена на само неколку членови од Законот за рибарство и аквакултура.
Ако некој мисли дека има и друг важен момент, нека дополни, па да видиме кои членови од Законот и како треба да пробаме да ги измениме

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 5:52 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
гони муабетот ти држи ама ти е поврзан со многу теми кои не се за во оваа а благе везе нема со иницијативата погоре
- и јас а и сите го знаеме тоа ти штого кажуваш-јасно ни е како ден, и можиме цели романи да пишиме за такви неправилности али тоа не води кон решавање на проблемот

конкретно се работи за иницијатива која сакаме да ја истераме за водите ко се без концесија да можи човек поштено да си плати и да си оди по риба
- за да испратиме таква иницијатива
требаат луге, со предлози и идеи па ако треба и потписи да се соберат

ако ти мислиш дека со чекање ке се решат тековните наши проблеми кои ги имаме - тогаш чекај . ама и да дочекаш тоа ке биде пак некоја група на грагани која се собрала и дала предлог кон државата за решавање на тој нивни проблем

мислам дека добро објаснив, постот е добронамерен не е за да те реплицирам, него можеби и други така размислуваат па да се насочиме кон тоа што навистина треба да го сработиме за да си самите подобриме - барем за оние кои сакаат да си се легални кога излегуваат на вакви води без концесија

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 8:07 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Феб 28, 2011 11:19 am
МислењаCOLON946
ЛокацијаCOLONSkopje
Koga ja procitav temata od pocetok vidov deka golem del od moeto pisuvanje nema vrska so temata, zatoa zamoluvam da se izbrisat moite postovi !!!

_________________
Ne e bitno samo da se opametis, tuku toa naveremeno da bide !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 26, 2014 8:50 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Aпр 15, 2011 3:11 pm
МислењаCOLON553
ЛокацијаCOLONSkopje
A zosto voopsto drzavata dava reki I ezera pod koncesija.
Drzavata gi ima site potrebni resursi ( i covecki I materijalni ) za da moze da stopanisuva so istite.
So ova koncesiive kako namerno da se saka da se sozdadat nekoi lokalni serifi I oazi na samovolie.

_________________
Ракијата што ја носат рибарите кога одат по риба, има спасено многу повеќе риби
одколку што спасиле сите рибочуварски служби, здруженија и инспектори од ДИЗ заедно


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS9»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum