www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 6:36 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS7891011ELLIPSIS14»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 12:07 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Борис за тоа си 100% во право ако причината за да се откажат била тревата или малиот фонд на риби,единствено ги оправдувам ако им било кажано поинаку дека пример првично е се ок,па после да разбрале тие дека не е така.Реално прво се ставам јас на нивно место како би ми било..

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 12:17 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Диме нема што тие да разберат какво било, што било, па да си одлучуваат. Тоа го има во слободен риболов, или приватни купови, збирам информации и ако ми се оди идам, ако не ме бендисува не идам. Ако се функционира така тогаш ни на светско не треба да се иде понекогаш....Аха Португалија, далеку, ќе ме кошта, езерово некако не ме бендисува, читав она, читав она, организацијата можеби е слаба, ај заеби не одиме годинава, ќе видиме другата година.....тоа е несериозно бидејќи се работи за тимови кои застапуваат ДРЖАВИ. Кога застапуваш држава не треба да ти е битно каде одиш, туку одиш и се бориш каде и да е, во какви и да се услови. Кога веќе со сигурност одиш ти собирај си информации за водата каква била што била и подготвувај се за тоа, а не ПУ ПУ неиграм оваа година....несериозно и пед..ски, дали е кај натпреварувачите, или кај Федерациите, тоа е друго прашање


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 1:09 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Балканскиот куп или Дунавско-Јадранскиот куп е производ на Сојузот на Федерации од неколку земји, да речам бившите Југословенски републики +- уште некоја можеби.
Претпоставувам дека се одржуваат состаноци со претставници од сите Федерации кои го сочинуваат овој Сојуз, а на тие состаноци, по редот на нештата, би требало да се даваат предлози и да се усвојуваат или одбиваат тие предлози.
Нашата Федерација, со најдобра намера, најверојатно излегла со предлог оваа година крапскиот куп да се одржи на Црничани, а тоа претпоставувам дека било прифатено од другите претставници на Федерациите. Сигурно не ни било наложено нас да го организираме купот, па сега не им се допаѓала водата и се откажуваат. Или пак сигурно не отишол Васко, или некој друг од МРФ, со предлог да се направи куп на некоја друга вода која што не постои во МК, па сега се премисливме и ке организираме на Црничани, па другите Федерации не се задоволни поради тоа што сме ги излажале и се откажуваат. Јас колку што знам, од самиот старт се знае дека тој куп ќе е на Црничани, а доколку нешто не било во ред имало многуууу време да се смени и да се избере друга вода во интерес на спортскиот риболов.
Според мене ова е несериозност на Федерациите во тој Сојуз и ништо друго. Никој со сила не ја натерал МРФ да биде домаќин на овој куп, туку сите тие таму на некој состанок донеле одлука домаќин да е Македонија со езерото Црничани такво какво што е и со мали интервенции, кои еве се случиле во пресрет на купот. Сите тие претставници на Федерациите во тој Сојуз, претпоставувам дека се возрасни и интелигентни луѓе, кои кога носеле одлука за купот точно знаеле што одлучуваат, па нели на Црничани во 2013 година се одржаа 3 кола од МК лигата + еден куп на Рибар 2011, па со тоа сите тие претставници на Федерациите имале јасна слика за каква вода се работи уште пред да ја донесат одлуката. Пак ќе речам, ако не им одговарало Црничани, нека избереле друга вода во интерес на тоа за што и постојат како Сојуз.
Според мене со ваков потег се доведува во прашање сериозноста на тој Сојуз, или како да се нарече поинаку, а со тоа се отвара прашање која е потребата ние сеуште да сме членки таму ?!?!?!

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 1:18 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
И уште нешто.
Ако ние како репрезентација не учествуваме некаде на некој натпревар каде треба да се претставува Државата, кој ќе е крив?
Екипите или Федерацијата?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 1:34 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Aпр 14, 2011 11:43 pm
МислењаCOLON2377
Ајде да пробам да образложам малце. Во Босна, Србија како и кај некој други држави постои Риболовна федерациаја како и Крапска асоцијација. Овие два органа треба да функционираат задно т.с. Крапската асоцијација треба да функционира под капата на Риболовната федерација а не како единка!!! Истото ова се случи и во Романија оваа година кога се поделија овие два органи па немаа заднички став за и околу одржувањето на светското првенство во оваа држава. Во земјите каде ова функционира онака како што кажав дека треба се седнува и се донесува комплетна финансиска програма за учество на светско и балканско (Јадранско Подунавскиот куп) и се оди понатаму, но онаму каде се посебни имаме ситуации каде што Риболовната федерација не ја информира Крапската асоцијација и крапџиите не ни знаат. Дури самоиницијативно се организираат и сакаат да учествуваат. Ова е балкансји проблем кој го имаше и кај нас пред некоја година но за среќа СЕ појде на добро и искрено сме на добар пат со овој управен на МРФ.

Денес кога им се јавив на колегите од Србија дека нема да се одржи овој куп одговорот беше, не е фер баравме и добивме спонзорство од некој фирми и сме спремни :hit_head: но што е тукае нема проблем идеме понатака!


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 1:38 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Dimitar НапишиCOLON
marks НапишиCOLON
.....
Дуки,може погрешно Те разбрав..
По твое треба ли ако некој пријател пример од Бугарија ме праша да му дадам инфо за езерото и јас да му кажам(го лажам) дека е се најдобро,идеално и не знам како,кога сите сме свесни дека не е така,колку и да сакаме да биде обратно?? Па ако се случи тоа да „изиграме„ некој екипи да изгубат куп пари,време итн.. Дури тогаш нема никогаш да видиме странска екипа во МК.
Мешаме работи. Борис убаво Ви објасни пријатели. Какво и да е езерото е исто за сите натпреварувачи. Дали е рибник и за добар пласман е потребно еден тон улов или е како Црничани со помал улов е релативна работа. Тоа е натпревар на ДРЖАВНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ЕКИПИ. Приватните купови и слободниот риболов Ви отвара простор за слободен избор и одлука. Ова не е тоа. Кога немаме други ревири како некои од земјите учеснички и Црничани е добра вода ( а добро си е езерото :D ). Да имаше во него 5 тона убави крапови, друго ќе пишувавте. Балканските шампионати имаат принципи и секоја земја учесничка има обврска со ротации некогаш да биде домаќин и организатор. Не е тоа желба на Васил Костов или МРФ туку е обврска и иако не е статутарен член тогаш во најмала рака е морален принцип во прашање. Да плукаш по тоа што го имаш не е во ред. Тоа сме сите ние. Тоа што ти објективно си му пренел на колегата од Бугарија си е во ред ако културно ги посочиш основните карактеристики на езерото и како да постигне подобар улов и резултат. Но, ако информираш во стилот тоа е ѓубре од вода, риба нема никаква, полно е со треви како џунгла и не можеш риба да извадиш, ја крадат рибата, боксовите се како во каменолом да кампуваш е грда слика за самото езеро и не е баш се така црно.
И најважното. Не доаѓа пријателот твој од Бугарија да се изнапецка еден тон риба. Доаѓа да натпреварува во подеднакви услови за сите учесници и да освои добар пласман за својата држава. Во тоа е разликата.
Тоа е исто ние да одбиевме учество на она каналот у Португалија на СП ако некој ни кажеше дека ќе имаме 2 риби у А сектор, некое рипче у Б и компир у мера у Ц сектор т.е. ако знаевме дека рибите и езерото се за никаде.
За мене е крајно некоректно да одбиеш учество на овој натпревар од сите аспекти. Исто како што е некоректно да си ја оцрнуваш единствената активна натпреварувачка вода во својата земја.
Не треба да лажеме, но не треба ни да плукаме по (како популарно ја нарекувате БАРА :evil: ) она што го имаме.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 1:54 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Пред да ме изедат :mrgreen: да напоменам дека ниту некој ме прашал ниту па на некого сум кажувал било што за Црничани тоа беше само пример.

Фала на разбирање :)

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 2:29 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
и онака нашите екипи се спремни или веке планирани за овај куп, па што МРФ не направи куп со оние екипи кои ке сакаат да дојдат па нека биде МЕСТО јадранско подунаваски - Балканско Македонски КУП и тоа 1в ревијален - ПА КО ВОЛИ НЕК ИЗВОЛИ ;)
ете има екипи кои скаат да натпреваруваат на купот

и веке доста од тоа федерации и сојузи и се - едночудо институции на балканот а ништо не функционира

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 3:13 pm 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Па нормално мора администрација.. како иначе ке се лапа пара.. ;) ;) :D :D

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
 
 Наслов на мислењетоCOLON Re: 6-ти ДУНАВСКО ЈАДРАНСКИ КУП 2014
ТемаИспратеноCOLONВто Aвг 19, 2014 3:47 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Decki ajde smirete se.
I razmislete pred da pisete nesto.

_________________
[ img ]


Кон врв
 
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Оваа тема е заклучена не може повеќе да давате мислења или да ја менувате  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS7891011ELLIPSIS14»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 26 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum