Деновиве бевме на Калиманци, па да споделам неколку информации...
Прво на вадење дозволи, братот од трафиката во Каменица каде што се вадат не изгледа чудно кога му рековме 3 дневни за секој за 3 дена и ни прокоментира дека ретко кој вади вака ревносно дозволи. Ете еден поздрав до концесионерот да си поработи на тоа рибарите да вадат дозволи кај него, а тоа најчесто се поттикнува со контроли на чувари на терен,
Второ - Калиманци е прекрасна брана и природа со многу убави можности за разни риболови.
Околу нашата крапска кампања неможам да се пофалам, бидејќи не искочи тоа што се надевавме, а тоа беа посериозни риби над 10. За 3 дена искочија 5 крапчиња како калапи од прилика од кило до кило и триста, дали е тоа некоја генерација порибени крапчиња, или некој добар мрест од пред некоја година појма неам,..но за жал само нив ги излажавме ништо поголемо. Поголемиот крап не се појави. Од инфо од други екипи кои исто така ловеа во тој период и изминативе две недели, искочил тук таму по некој крап до 5-6 кила, еден од 10.....и толку....поприлично скромно и слабо. Ги нема 20-ките, дали сеуште се немаа приближено кон уливот во подготовка за мрест, или пак е нешто друго....
Уште едно инфо за концесионерот ако случајно чита по форумов ....на самиот улив има едно батуле кој е некој модифициран рибокрадец од типот на има крапска опрема, поставен е на улив веќе неколку недели, не го ни крева шаторот кога си оди дома, и она што голем дел од луѓето кои го знаат си пеца крап на регуларен крапски начин и кога ќе има можност, најчесто навечер, или кога нема други рибари си ги поставува мрежите. Во периодов изминат бидејќи е постојано на езеро, снима каде крапџиите ги ранат местата и бидејќи од денес е веќе забрана, рибарите се повлекуваат, т.е најголем дел од нив и настапува братот со мрежите на хранети места и парали прави. Кога веќе сите го знаат, можеби е добро да се погрижат за него..
|