www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 4:10 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 26, 2014 6:47 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Да преставам еден ..систем ..
за длабинско ловење кој меѓу нас рибарите е веке познат , но овој е малку по софистициран , со мала иновација и идеа се доаѓа до 100 % подобар резулта него со стариот систем.

Се работи за систем кој би го користеле за лов на самото дно :arrow:
но што се случува кога дното е прекриено со трева ,алга ,муљ, ние го зафрламе системот со мамец и нашиот мамец пропаѓа во тревата ..односно.. е невидлив за самата риба .

Тогаш е потребно да го одвоиме мамецот од самото дно со тоа што ке го кренеме за токму толку сантиметри што повторно би се наоѓал на видливо место а со самото тоа имаме и поголеми шанси рибата да го најде и земе мамецот .

Порано сме го врзувале системот на тој начин што на главниот конец странично врзуваме подвез од неколку сантиметри ставаме јадица, на јадицата мамец ,и при првото зафрлање нашиот систем се ..ЗАПЛЕТКУВА ..а ние може цела ден да оцекуваме удар а тој едноставно го нема :?: :?: :?: нешто е погрешно. :?:

Токму тоа , со една обична ..ЖИЦА..едно парче ..СЛАМКА..цевче за сок и проблемот е решен ,го одвојуваме подвезот од водечкиот конец со самото тоа нашиот мамец е целосно слободен и виси слободно одвоен од водечкиот конец.

Се што е потребно е да се заме едно парче тенка получелична жица со должина од 15,см на едната страна од неа мериме одприлика 5, см и благо ја виткаме во оној агол во кој сакаме да го одвоиме ..јадицата ..и мамецот.

Истото го правиме и со цевчето :arrow:
го засекуваме на истата должина како и самата жица ,жицата се става во самото цевче каде што поминува и нашиот конец за самиот подвез и на кој на долната страна врзуваме ..ВИРБЛА со КАРАБИН..за да го закачиме самото олово ,а на почетокот од конецот ставаме бирбла за која се надградубаме со водечкиот или главен конец.

По мое мислење многу битна работа е да поставиме ..ТАПА..со поголема грамажа се со цел нашиот ..СИСТЕМ..да виде во ВЕРТИКАЛА .

[ img ]

Мамецот е слободен ,одвоен ,и слободно виси во водата ,и што е најбитно никогаш нема да се ..ЗАМРСИ..
Но убавата страна на овој систем е додека е во ..ВЕРТИКАЛНА..положба ,и самиот мамецот се ..ВРТИ ..околу неговата ..ОСКА..што дополнително допринесуба инререс на грабливките. ;)

П.С.не ставајте ..ЦРВЕНО..цевче :mrgreen:

[ img ]

Може да се надградите со една или две јадици зависно каде ловите но имајте го на ум законот кој кажува дека на една трска имате право на еден систем со ..ТРИ..јадици или три трски со по една ..ЈАДИЦА..

[ img ]

[ img ]

Просто ,едноставно а ФУНКЦИОНИРА 100%

[ img ]

Ви посакувам ..БИСТРО..имајте убава занимација со системот.

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 26, 2014 7:18 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:~~ :lepi: Просто и лесно за изработка.
Многу симпатично.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 26, 2014 9:40 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Малку не ми е јасно, жицава служи само да му даде правец на подвезот и цевчето
инаку не се врзува воопшто за основниот конец? Ако гледам добро :geek:

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 26, 2014 10:05 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Така е Владо ,цевчето и жицата служат само како одбојник од главниот конец
а не можат да се спуштат надолу по конецот од самоиот јазол или чвор каде сто се дели конецот со јадицата и мамецот.

Ако подобро ги погледаш фотографиите ке го здогледаш..ЧВОРОТ.. така да цевчето и жицата остануваат фиксни на тој дел од конецот, и воопшто не сметаат на целиот систем.

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Jул 26, 2014 10:10 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
:ok_ok: Добро гледаш Влада


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum