Гледам дека се повеке од ..колегите ..си имаат свои идеи за да изработат нешто самите , и сакаат да иновираат и да испробуваат разни комбинации ,па си реков да се потрудам и јас да направам нешто и да се надевам дека би ја привлекол
..ПАСТРМКАТА...
Мое мислење е дека овие комбинации со алуминиумска фолија и пердув во неколку бои би бил интересен па решив да направам неколку мамци за кои и самиот незнам како да ги наречам
Го гледате потребниот материјал -Конец за самиот предвез го искористив-PRO LOGIK-Spectrum v2 fluorocarbon 0.40.. 28 lbs.
можеби е со поголем дијаметар ама намерно ставив од него со надеж дека ако некаде го закачам мамецот полесно или со појаки трзаи би откачил од закаченото место.
За отежнување имав клизни оловца со тежина ..6 гр и 8 гр..од оловцата ги извадив гумичките и од едната страна ги забушив со бургија за да самото оловце навлезе на чворот пред ушката , неколку монистра поставени како кочница за оловото каде што остатокот од конецот е загреан со запалка за да самата монистра биде ..фиксна..
..Јадица 2 ка, со долг врат..
..неколку осмици или вирбли..
..гумички за прекривање на самата ушка од јадицата..
..секундарен лепак..
и малку фантазија , на крајот резултатот е ...ОВА...
Дали ке имам успех во риболовот на ..ПАСТРМКАТА..времето ке покаже ,се надевам на добри зафрлања каде што би го оставил мамецот да падне на самото дно , потоа би работел со него се до вадењето од вода на ист начин како со ..кашика..
или ако имате некоја идеа слободно предложете.
Очекувам дека некој од колегите ке даде некоја -негативна- или - позитивна - ..КРИТИКА.. која секако ке биде добронамерно прифатена.