www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Сре Ное 27, 2024 12:54 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON 07.07.2014 Акција на ДИЗ и МВР на КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 06, 2014 9:10 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
kolegi deneska 20 tina ribolovci se vratija razocarani od Kozjak so prijavi za ribolov bez dozvola.dozvolata ne im bila izdadena na tie koi nemale legitimaci pa lovele na svoja raka .isto taka inspektorite barale nedozvoleni ribolovni sredstva kaj potkazani lokalni mrezari .

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Лаф Муабет 2014
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 06, 2014 9:26 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Јас слушнав дека денес имало доста запленети мрежи, а исто така имало и пријави за маломерни крапчиња.
Инаку казните за мрежарите и оние кои земаат маломерни риби се исти.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Лаф Муабет 2014
ТемаИспратеноCOLONНед Jул 06, 2014 9:29 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
tapa НапишиCOLON
kolegi deneska 20 tina ribolovci se vratija razocarani od Kozjak so prijavi za ribolov bez dozvola.dozvolata ne im bila izdadena na tie koi nemale legitimaci pa lovele na svoja raka .isto taka inspektorite barale nedozvoleni ribolovni sredstva kaj potkazani lokalni mrezari .
Sega od svoja raka i neka platat kaznite :lepi:

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 11:26 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Ај малку уживање за промена:

Влада на Република Македонија
Државен инспекторат за земјоделство
Бр. 07-57-495/2
07.07.2014 год.

Централа-седиште
Бул Гоце Делчев бб
Згр МТВ, кат 13,

Канцеларија во
Општина Охрид
Ул.Димитар Влахов бр. 57

со назнака за
Јован Бојчовски

Република Македонија
Тел. (02) 3121462
Моб: 070/403-981

e-mail: jovanbojcovski@hotmail.com

ДО: ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО - СКОПЈЕ

Препратено до:

- МВР П.С МАКЕДОНСКИ БРОД
- ЈПУЗПП “ЈАСЕН”

ПРЕДМЕТ: ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИЗВРШЕН НАДЗОР НА РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА “КОЗЈАК” И ОКОЛНИ ВИКЕНД НАСЕЛБИ НА АКУМУЛАЦИЈАТА, ВО ВРСКА СО ИЗДАДЕН РАБОТЕН НАЛОГ БР. 10-УПП 87/5 ОД 10.06.2014 ГОД.

Почитувани,

На ден 06.07.2014 год во периодот од 04 до 12 часот од страна на овластени лица од Државниот инспекторат за земјоделство во состав: Јован Бојчовски, Драган Софронијоски, Мирко Укоски, Јованоски Слободан, Стевче Миитревски – претставници на ДИЗ и припадници на СВР – Битола – УПС од П.С за О.Н Македонски Брод и инспектори од П.С НККР Македонски Брод извршен е надзор на поширокиот појас околу Акумулацијата КОЗЈАК во делот на спроведување на Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти од истиот.
При надзорот со претходни обезбедени судски налози извршени се претреси во домовите на 4 лица кои повремено или постојано живеат во околината на Акумулацијата КОЗЈАК.
Претреси се извршени кај следните лица при што се одземени следни предмети:
Од Б. В. со постојано место на живеење во Скопје, а со времено живеалиште во с.Здуње, Општина Македонски Брод при што одземени се:
- 31 мрежа готови рибарски мрежи со различна големина на окца и различита должина за различна намена за лов на риба (крап, карас, клен и др...);
- Мрежи – чилиња (платно за правење на рибарски мрежи спаковано);
- Оловен – долен конец за мрежи;
- 10 кг разноврсна риба (клен, крап и пастрмка);
- 2 Сачми – сермиња;
- Одземени се поголема количина на куршуми – боева
муниција, со различити димензии и намена, рамки за куршуми, фарови и стапици за ловење на дивеч и др предмети поврзани со ловство;
Од В. Н. со постојано место на живеење
во с.Седларце - Брвеница, а со времено живеење во с.Брезница, Општина Македонски Брод при што одземени се:
- Мрежи за ловење на различити видови на риби со различита големина на окца и различита должина во количина од 21 парче (според проценка);
- Метални стапици за лов на дивеч (3 примероци);
- Фар од возило адаптиран за монтирање на ловна пушка (1 еден примерок);
- Војничка маска (1 една);
Од Д. К. со постојано место на живеење во с.Близанско Македонски Брод, одземени се:
- 4 рибарски мрежи во должина од околу 200 метри со различита големина на окца;
- 4 блинкери;
- Сертме – сачма;
- Крап едно (1) парче;
- Пастрмка шест (6) парчиња;
- Три (3) кг скобус;
Извршен е и претрес кај лицето С. П. од т.Апостол со постојано живеалиште во с.Ракотинци, а со времено место на живеење во с.Здуње но не се пронајдени предмети од интерес на МВР и ДИЗ.
Обезбеден беше и налог за претрес кај лицето Б. Д. од т.Димо со постојано живеалиште во с.Мралино а со времено живеалиште во с.Здуње, но истото лице не е пронајдено во куќата и не беше извршен претрес.
Предметите од погоре наведените лица одземани се со Потврди на МВР П.С Македонски Брод и со Записник за предавање на пронајдени предмети се предадени на ДИЗ. Од страна на ДИЗ истите ќе бидат предадени во Затвор Битола (освен боевата муниција и други предмети по кои ќе постапува МВР).
Од страна на ДИЗ на трите лица од кои се одземени предметите, на истите издадени им се платни налози во висина од по 1000 евра по лице за повреда на член 93 и член 94 од Законот за рибарство и аквакултура (Сл.Весник на Р.М бр. 7/08, 67/10, 47/11, 53/11 и 95/12);
По завршување на претресите извршен е надзор со помош на користење на пловен објект во водите на Акумулацијата КОЗЈАК, но со оглед на времето на контролата во водите не се пронајдени недозволени риболовни средства – мрежи.
При надзорот со пловен објект на рекреативната зона КОЗЈАК затекнати се следните лица и кај истите е констатирано:
- И. Т. од Скопје кој вршеше рекреативен
риболов кај с. Близанско со три трски на кој беа намонтирани три машинки и риболовот го вршеше без дозвола и легитимација, и притоа во чуварката кај лицето беа затекнати 10-тина примероци маломерни крапчиња кои беа живи и вратени во водите на Акумулаццијата. Трските со машинките на лицето му се одземени со Потврда и издаден му е платен налог во висина од 500 евра за повреда на член 49 став 1 и член 50 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура.
- З. В. од Скопје кој вршеше рекреативен
риболов кај с. Здуње со две трски на кој беше намонтирана една машинка и риболовот го вршеше без дозвола, и притоа во чуварката кај лицето беа затекнати 7 примероци маломерни крапчиња кои беа живи и вратени во водите на Акумулаццијата. Трските со машинката на лицето му се одземени со Потврда и издаден му е платен налог во висина од 500 евра за повреда на член 50 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура.
- С. Ц. од Скопје кој вршеше рекреативен
риболов кај с. Близанско (од спротивната страна на с.Здуње) со четири трски на кој беа намонтирани четири машинки и риболовот го вршеше без легитимација и дозвола. Трските со машинките заедно со кепчето и чуварката на лицето му се одземени со Потврда и издаден му е платен налог во висина од 500 евра за повреда на член 49 став 1 и член 50 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура.
- Ж. Ц. од Скопје кој вршеше рекреативен
риболов кај с. Близанско (од спротивната страна на с.Близанско) со четири трски - телескопи на кој беа намонтирани четири машинки и риболовот го вршеше без дозвола. Лицето поседуваше и уловено околу 3 кг риба, која заедно со трските – телескопите и три чуварки се одземени од лицето со Потврда. При надзорот констатирано е дека лицето имаше лов на маломерни крапчиња, кои не беа живи и истите му беа одземени. На лицето издаден му е платен налог во висина од 500 евра за повреда на член 49 став 1 и член 50 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура.
Предметите од погоре наведените лица одземани се со Потврди на МВР П.С Македонски Брод и со Записник за предавање на пронајдени предмети се предадени на ДИЗ. Од страна на ДИЗ истите ќе бидат предадени во Затвор Битола.
Од целокупниот надзор е составена соодветна фото – документација која е прилог на предметите.
Од целокупниот надзор се констатира дека во делот од Акумулацијата КОЗЈАК (во околните села и викенд населби) постојат организирани групи кои вршат рибокрадење, но и нелагален лов на дивеч кој групи вршат понатамошно пласирање на рибата и дивечот на пазарите (посебно во Скопје).
Неопходно е во иднина подигнување на нивото на соработка помеѓу ДИЗ, МВР преку П.С Македонски Брод и СВР – Скопје, и ЈПЗУПП “ЈАСЕН” со интензивирање на надзорите за сите субјекти и притоа е неопходно да продолжат и интензивираат заедничките надзори со организирање на заеднички контроли.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации за надзорот и за секој предмет одделно навремено ќе Ви бидат доставени.

ПРИЛОЗИ:

- Потврди за одземени предмети издадени од МВР П.С
Македонски Брод и Записник за предадени предмети на ДИЗ;

Со почит,

Државен инспектор за земјоделство
од областа на рибарството и аквакултурата

М-р. Јован Бојчовски

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 11:29 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Со здравје да си ги платат казните.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 11:33 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПон Ное 14, 2011 7:45 pm
МислењаCOLON3010
Zabavna drzava imame se raduvame i se cudime koga nekoj ustvari si ja vrsi rabotata :lol: :lol:
Samo taka neka prodolzat :D

_________________
Anything in life worth doing is worth overdoing. Moderation is for cowards.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 11:59 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Odamna vaka ne mi se sladilo kafe pred kompjuter :D Me cudi samo sto nema prilepcani . .. . :shock:

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 12:24 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Super :~~ samo mali se kaznite za mrezarive, treba povisoki da bidat.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 2:05 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 06, 2011 10:30 pm
МислењаCOLON6506
Taman se . . ionaka nema da se opametat . . . pa pocesti kontroli i pak ce padnat :D

_________________
[ img ]
Како лови Келтан крапови ? Оди до реката и вика: ‘‘Ти , ти, и ти – надвор !‘‘.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: КОЗЈАК
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 07, 2014 3:00 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Навистина пријатно изненадување,потребно е почесто да има вакви контроли по нашиве води :~~

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum