илчо
таков анџар се смета како да оружје и можи и да ти го некој одземе и казна да платиш- емил има такво искуство
нож се зема да е со мало сечило - како оној герберот, да можеш да си збркаш работа околу јадење и такви некои поситни дрангулии
- за дрва цепење - се зема секира
или пак рачна пила ако ти смета некоја гранка да ја средиш
Сега го читам ова и ќе го потврдам ова што го кажа Спиро.
Во 2001 година бев на музички фестивал во Љубаниште, Охрид.
Бидеќи фестивалот беше на отворено и со кампување од 2-3 вечери, решив да си земам едно ноже на преклопување да ми се најди за да пресечам леб, да намачкам паштета или сл.
На самото пристигнување во кампот, на влезот полицијата правеше претрес и ми го задржаа ножето, иако не беше воопшто скриено, односно беше најгоре во ранецот.
После некое време добив покана за суд и бев прогласен за виновен и добив опомена, односно платив 1000 денари за судски трошоци затоа што сечилото било поголемо 10+ см. (беше околу 10-12 см.), според закон тоа веќе се сметало за ладно оружје. Судиката ми кажа дека за тоа следело поголема казна, но јас затоа што не сум бил осудуван и фино сум се однесувал со судот ќе сум бил само опоменат.
Е сега, мојот случај е малку поинаков затоа што јас бев на место каде што имаше толпа луѓе, но законот не прави разлика за тоа и вели дека ножот со ХХХ см. должина на сечило е ладно оружје (мислам дека е над 10 см. ама не сум баш сигурен).
Имајте го ова во предвид, иако секој од нас кога оди по риба носи со себе вакви ножеви, мислам дека со тоа може да имаме проблем доколку некој реши да ни направи.