Бидеќи последниве денови е актуелна темата за комарци, сакам јас да дадам еден совет за тоа што да правиме доколку веќе сме искасани од комарци.
Јас имам проблем со алергија на полен и пијам Лоратадин. Тоа се апчиња против алергија.
Сум приметил дека кога пијам од тие апчиња, воглавно пролет и почеток на летото, немам мака со чешање и отоци од каснување на комарци, можам да кажам дека само ми сметаат додека сум таму и додека ми зујат или кога осеќам убод на телото.
Кога ќе престанам да ги пијам Лоратадин веднаш почнувам да имам проблем со комарците, посебно кога ќе одам Ташмаруништа во трската не си заминувам без 50-60 убоди од комарци, се појавуваат отоци и неподносливо ме чеша местото на каснување
Лоратадинот е лек против алергиски реакции, па претпоставувам дека и убодот на комарецот предизвикува некоја таква реакција и затоа со користење на тој лек се ублажуваат ефектите од убодот, да не речам дека се занемаруваат.
Кој сака нека проба, нема да згреши. Лекот не е штетен, јас го користам подолго време, ама можете да се консултирате и со лекар за да ви го потврди истото.