Rade Rusevski НапишиCOLON |
Таму кажав дека МРФ како здружение на граѓани е сериозна организација, која е подобро организирана и подобро работи од други слични здруженија во кои членувам (во земјава и Странство). Не само тогаш, и сега тврдам дека МРФ како матица на риболовните здруженија, земајќи ги во обзир објективните услови во нашето опшество, повеќе од пристојно, односно добро ја врши својата работа. Најголемиот успех на одговорните вои МРФ во изминатиот период се преку 20-те илјади членови, бројка која и натаму расте.
Почитуван проф.Русевски, животот е краток, подобрување на работите после 50 или 100 години, на нас сегашниве генерации не ни вршат многу работа, а според сегашнава енергија која јас ја гледам таму (генерално зборам, со почит за поединци)...резултатите се далечни....
И таму на Собранието кога во неврзан моабет те прашав што е тоа толку добро што било направено досега и таму ми го кажа ова “Најголемиот успех на одговорните во МРФ во изминатиот период се преку 20-те илјади членови, бројка која и натаму расте.“. Ако ова е најголемиот успех, тогаш реално да се очекува дека вистински успеси ќе дојдат после 100 години.
Да потсетам, вадењето на легитимација (така се регистрираат рибарите) од пред неколку години стана законска обврска нели, без легитимација неможеш да извадиш дозволоа, така што поштените риболовци, сакале нејќеле, мораат да ја извадат легитимацијата ако сакаат да риболоват. Значи тука нема успеси на МРФ, туку тоа е ЗАКОН, морално, риболовците се насочени да ја извадат таа легитимација, не од што знаат што е МРФ или МРФ со нешто ги привлекла, туку од што мораат. Ваквото регистрирање на риболовците, особено се зголеми во годините кога се дадоа поголем дел од концесиите и каде што регистрирањето на риболовците преку легитимации по една логика се зголеми, така се зголеми и бројката на регистрирани риболовци (иако има уште куп кои не вадат легитимации). Дополнително, да потсетам дека најголемиот приход на МРФ се токму парите кои се добиени преку легитимациите. Утре ако на државата и текне да ја скине легитимацијата, да не постои, МРФ оди во стечај. Да заокружам, регистрирањето на преку 20-те илјади членови не е успех, туку тековно работење и основна обврска на МРФ, за што МРФ зема големи суми на пари и оваа обврска е поткрепена со закон.
За успеси е потребна многу работа, но прашање е дали има ентузијазам и енергија за тоа во МРФ. Ја споредувате МРФ со некои други здруженија...и велите во споредба со другите МРФ е сериозна организација.....лоша е таа споредба. МРФ за риболовот во Македонија е исто што и Владата за државата. Велите, “имавме состанок до една од најдолгите дискусии“.....колку е тоа еден сат, два сата.....
За состојбите во македонскиот риболов треба да се затворите по 10 сата да дискутирате, и состаноци што почесто, а не еднаш месечно, или можеби ни толку, можеби е добро и еден викенд некаде да се затворите, два викенда, три викенда, да составите Програма за работа за наредна година, или за наредни 4 години, да организирате панел дискусии, да ги повикате сите вклучени во проблемите и во евентуалните решенија, сите што имаат идеи и сакаат да помогнат.