www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Сеп 20, 2024 4:54 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 9:27 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
гоце НапишиCOLON
Колега,според напишаното стануваш сериозен конкурент за министер за надворешни работи,многу напишано од околу па на ќоше,од твоето кажување нема ништо во пракса.Времето се разубавува,излезете покрај кејот на Вардар прошетајте и ќе ви стане јасно дека вашето излагање не се совпаѓа со реалноста,на терен е жалосно,се повеќе рибокрадци,се повеќе сепарации,загадувачи,водата мириса на сапуница од ЈСП кој ги пере новите автобуси речиси во Лепенец секојдневно после работно време, кога не можеш да се јавиш на безплатниот телефон кој сте го навеле во дозволите , можеш само од фиксен телефон,значи за да пријавиш треба да ловиш риба во леген во двор.Најнова мода на трокукашите е лов со празна јадица,значи швркање со една јадица наместо трокука,си швркаат до безсвест,замисли да риболовиш во негова близина,летаат риби искинати на сите страни.Излезете од канцелариите на чист воздух,можеби ќе ви се избистрат мислитЕ и ќе се соочите со реалноста која не се совпаѓа со вашето излагање,џабе ви е утопија од канцеларија која не функционира во реалноста.Се надевам следнит текст ќе ви биде поконструктивен затоа сте во МРФ,а не да сеете магла.
Колега Гоце, најпрво, иако ми личи дека има доза на иронија, навистина немам ама баш никакви политички амбиции. Критиките кон МРФ, мислам треба да ги реадресирате, во смисла што МРФ не е концесионер на ниедна вода. За потсетување, обврските кон соодветните ревири се на концесионерите, а онаму каде нема концесионер, тоа е обврска на државата. Кои се обврские на МРФ, како и на секоја спортска федерација, можете да ги видите во Статутот на МРФ кој е јавен и е на веб страната на МРФ. Јас ја разбирам потребата да горливите прашања во риболовот се центализираат кон МРФ. Таму, во управниот одбор на МРФ членуваат претсавници на клубовите, и ние за таквите прашања разговараме. Но, колега, повторно, најголеми обврски кон ревирите имаат концесионерите и државата. МРФ, помага, Ви тврдам, на здруженијата колку може, односно колку законските прописи тоа и го дозволуваат. Затоа МРФ неможе да биде генерален виновник за сите негативни појави во риболовот. И на крајот, бидејќи состаноците на управниот одбор на МРФ, колку јас знам се јавни, можеби е добро да присуствувате на некој од нив и да видите како оваа организација, која ги обединува спортските и рекреативните риболовци, функционира.
Бистро!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 9:38 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Mozebi e ubavo da se organizira edna otvorena debata ( otvorena sednica na MRF ) , kade ke bidat prisutni site koj sakaat da prasaat, kazat, i pridonesat za resavanjeto na nekoj problemi.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 12:05 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Rade Rusevski НапишиCOLON
Таму кажав дека МРФ како здружение на граѓани е сериозна организација, која е подобро организирана и подобро работи од други слични здруженија во кои членувам (во земјава и Странство). Не само тогаш, и сега тврдам дека МРФ како матица на риболовните здруженија, земајќи ги во обзир објективните услови во нашето опшество, повеќе од пристојно, односно добро ја врши својата работа. Најголемиот успех на одговорните вои МРФ во изминатиот период се преку 20-те илјади членови, бројка која и натаму расте.
Почитуван проф.Русевски, животот е краток, подобрување на работите после 50 или 100 години, на нас сегашниве генерации не ни вршат многу работа, а според сегашнава енергија која јас ја гледам таму (генерално зборам, со почит за поединци)...резултатите се далечни....

И таму на Собранието кога во неврзан моабет те прашав што е тоа толку добро што било направено досега и таму ми го кажа ова “Најголемиот успех на одговорните во МРФ во изминатиот период се преку 20-те илјади членови, бројка која и натаму расте.“. Ако ова е најголемиот успех, тогаш реално да се очекува дека вистински успеси ќе дојдат после 100 години.

Да потсетам, вадењето на легитимација (така се регистрираат рибарите) од пред неколку години стана законска обврска нели, без легитимација неможеш да извадиш дозволоа, така што поштените риболовци, сакале нејќеле, мораат да ја извадат легитимацијата ако сакаат да риболоват. Значи тука нема успеси на МРФ, туку тоа е ЗАКОН, морално, риболовците се насочени да ја извадат таа легитимација, не од што знаат што е МРФ или МРФ со нешто ги привлекла, туку од што мораат. Ваквото регистрирање на риболовците, особено се зголеми во годините кога се дадоа поголем дел од концесиите и каде што регистрирањето на риболовците преку легитимации по една логика се зголеми, така се зголеми и бројката на регистрирани риболовци (иако има уште куп кои не вадат легитимации). Дополнително, да потсетам дека најголемиот приход на МРФ се токму парите кои се добиени преку легитимациите. Утре ако на државата и текне да ја скине легитимацијата, да не постои, МРФ оди во стечај. Да заокружам, регистрирањето на преку 20-те илјади членови не е успех, туку тековно работење и основна обврска на МРФ, за што МРФ зема големи суми на пари и оваа обврска е поткрепена со закон.

За успеси е потребна многу работа, но прашање е дали има ентузијазам и енергија за тоа во МРФ. Ја споредувате МРФ со некои други здруженија...и велите во споредба со другите МРФ е сериозна организација.....лоша е таа споредба. МРФ за риболовот во Македонија е исто што и Владата за државата. Велите, “имавме состанок до една од најдолгите дискусии“.....колку е тоа еден сат, два сата.....

За состојбите во македонскиот риболов треба да се затворите по 10 сата да дискутирате, и состаноци што почесто, а не еднаш месечно, или можеби ни толку, можеби е добро и еден викенд некаде да се затворите, два викенда, три викенда, да составите Програма за работа за наредна година, или за наредни 4 години, да организирате панел дискусии, да ги повикате сите вклучени во проблемите и во евентуалните решенија, сите што имаат идеи и сакаат да помогнат.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 1:15 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Бројката од 20-тина илјади членови, се согласувате не е мала. Иако е законска обврска, повторно велам дека е успех. На почетокот на ова раководство на МРФ беше едвај (не сум сигурен) 2-3 илјади членови, а чинам и тогаш таква обврска постоеше. Порастот на членови на федерацијата, значи и пораст на членови по клубовите, а тоа ќе се согласите е важно, бидејќи на таков начин и тие финансиски јачаат. Затоа, дозволете дека тој факт за мене е важен. Коначно МРФ, водена од овој претседател, на некој начин ја зголеми бројката на регистрирани риболовци. Ве уверувам дека и сега има риболовци (рекреативни и спортски) кои се многу почесто од нас двајца на риболов, а кој немаат никаков документ. Такви во минатото имаше многу повеќе.
Транспарентноста во прибирањето на средствата, па и нивното трошење, што е јавно како во извештаите кои ги имате и на веб страницата, така и после сериозни ревизии на сите овластени државни институции, е факт, колку и тоа да не се прифаќа, според мене прилично инерционо. Меѓутоа, таквите прашања, за подетален одговор, Ве упатувам да ги адресирате на челното раководство на МРФ, бидејќи тие далеку поточно ќе Ви одговорат за тоа каде и за кои цели се трошени средствата. За Ваша информација, јас во МРФ во изминатиот мандат бев 100% волонтер и не примав никакви надокнади (дневници и сл).
Не го делам Вашето разочарување и песимизам дека ни се потребни 100-тина години да се сменува нешто во риболовот. Во риболовот има промени, сигурно не во таков обем каков што сите ние очекуваме, но ги има. Пак Ви велам МРФ, во рамките на своите можности и овластувања, менаџираше во оваа спортска дејност, за мене прилично успешно. Јас истакнав само 2 успеха, членството и Македонската пастрмка. Но ако го читате извештајот подетално, ќе видите дека МРФ имала и други активности: школо за деца, организација на натпревари домашни и меѓународни, испраќање на репрезентации на меѓународни натпревари и сл. Тоа, сетики не се празни страници, туку нечија работа, која не заслужува релатизивирање.
Од мене, за оваа тема толку. Ви предлагам, Вашето неслагање, критика и предлози, да ги канализирате, најдобро писмено, или уште подобро, со присуство на седниците.
И сосема за на крај: стојам на своето мислење дека МРФ во споредба со останатите вакви здруженија, во кои сум активен член, функционира неспоредливо подобро и поефикасно.
Бистро


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 2:23 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Раде ние си полемизираме, нема потреба од напуштање на темата :) Плус не ја сваќај ти лично работава, ти коментираш, затоа на тебе ти реплицирав, инаку зборам за МРФ, а таму има повеќе луѓе. Инаку јас сум голем ОПТИМИСТ дека работите можат да се поправаат, но со побрзи чекори. Дека имало некои успеси во минатото можам да се сложам, но дека може многу подобро, тоа право на мислење неможе никој да ми го одземе. Сечија работа и успеси заслужуваат релативизација, на било кое здружение, организација, фирма, установа.

А за канализирањето на критиките и идеите, не гледам зошто и форумов не би бил еден таков канал, па тука има присутни членови на Управниот на МРФ, ѕирка од време на време и Претседателот на МРФ нели :) ....а за присуство секако ќе дојдам некој ден на гости


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 2:59 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jул 31, 2013 10:08 am
МислењаCOLON388
ЛокацијаCOLONСвети Николе
и ја сакам малку да се вмешам во оваа дискусија. гледам дека едни ја подржуваат мрф и актуелното раководство,едни не , али еве и јас можам да го изнесам моето мислење.
како рече колегата ако владата не ги стегнеше работите со законот дали мрф ќе издадеше и 2-3 илјади легитимации,али пак ќе речам дека овој закон е добар иако мислам дека сумата од 400 ден.е прескапа за некои риболовци и мислам дека ако би била 300 ден или 250ден маркицата би имало бар уште 2000 легитимации секоја идна година а со тоа и во нашето друштво ако не повеке ама 20 дозволи повеќе ќе издадеме. бидејки јас лично познавам доста рибари кои велат. зошто да им платам на мрф кога ништо не допринесоа за нашето езеро не се пуштиле ниту 1кг риба. зошто вели тие луге ни ги земаат парите, знаете кога добро ќе размслите 400ден,е 40% од нашата годишнаа дозвола и не е сепак така ниска сума.и ова раководство на мрф има среќа што се најде во право време на право место со прав закон.
ја сум од свети николе и вака ќе ви кажам лани мислам дека имаше 40тина дозволи. обврските кои се дадени на концесионерите на ревирите со примањата кои ги имаат;спрема обврсќите кои се дадени на мрф спрема примањата кои ги имаат е со страшно голема разлика во проценти трошок/примања.
сакам да кажам дека треба да постои обврска на мрф со закон да помага на концесионерите со мали примања односно со малку риболовци ,за да се унапредат и да станат барем на обстојувачко ниво. да можат да платат рибочувари да можат да порибуваат итн.
ова го велам за мрф затоа што некои од рибарите не можат да одвојат 1000 ден за годишна и плус 400 за легитимација.
или тие пари за легитимација да се намалат, или проценти да се рефондираат во друштвата преку порибување.
мислам дека доагаа и на нашето езеро од мрф, пред некој месец и пуштаа мрежи да се измери незнам фондот на риба или незнам зошто тие знаат, и што се направи за тоа.заклучија дека е многу слаб фондот на риба и никој ништо не превзема за да се подобри.
:cray:

_________________
КД електроника.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 3:10 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
kireelektron НапишиCOLON
...или проценти да се рефондираат во друштвата преку порибување...
И јас сум за ваква работа.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 4:36 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
kireelektron НапишиCOLON
обврските кои се дадени на концесионерите на ревирите со примањата кои ги имаат;спрема обврсќите кои се дадени на мрф спрема примањата кои ги имаат е со страшно голема разлика во проценти трошок/примања.
сакам да кажам дека треба да постои обврска на мрф со закон да помага на концесионерите со мали примања односно со малку риболовци ,за да се унапредат и да станат барем на обстојувачко ниво. да можат да платат рибочувари да можат да порибуваат итн.
ова го велам за мрф затоа што некои од рибарите не можат да одвојат 1000 ден за годишна и плус 400 за легитимација.
или тие пари за легитимација да се намалат, или проценти да се рефондираат во друштвата преку порибување.
мислам дека доагаа и на нашето езеро од мрф, пред некој месец и пуштаа мрежи да се измери незнам фондот на риба или незнам зошто тие знаат, и што се направи за тоа.заклучија дека е многу слаб фондот на риба и никој ништо не превзема за да се подобри.
:cray:
Кире гледам дека некои работи погрешно ги поставуваш, обврските на концесионерите не “им се дадени“, туку сами си ги побарале, т.е конкурирале. Секој кога конкурира знае што треба да исполни и конкурира и добива концесија. Прашање е зошто не го исполнуваат тоа што им е обврска, ама тоа е друга тема, одговорите на ова се бараат кај локалните здруженија. МРФ не треба да има обврски за помош како ти што ја предложи, затоа што така би се нарушиле основните пазарни принципи на концесионирање, а тие се многу прости, нема тука мали или големи друштва, или друштва со помали или поголеми примања, туку има добри и лоши концесионери, способни и неспособни концесионери. Добриот и способен концесионер со добра работа може да направи пола Македонија да доаѓа кај него на риболов и да остава пари за кои концесионерот нема да знае што да им прави.

МРФ е здружение на сите здруженија и треба да се занимава со прашања, проблеми и решенија кои ја тангираат цела Македонија.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 6:37 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jул 31, 2013 10:08 am
МислењаCOLON388
ЛокацијаCOLONСвети Николе
добро колега црвен.
јас се те разбирам ,ама како да се започне со добро раководење без средства и без богат рибен фонд., значи кога се нема пари на старт.кога се нема доволно членови.се нема доволно пари за порибување и уредување на самото езеро.
ти знаеш а и многу други дека јас составив некој план кој не наиде на одобрување од лично нашето раководство на друштвото и сеуште тапкаме во место.
па затоа реков дека сепак ако сумата која ја плаќаме на мрф се намали можеби ставам под знак ? ќе се зголеми бројот на годишните дозволи а со тоа и влезот на средствата во друштвата,не само кај нас него на сите ревири.
или ако се порибува со дел од тие пари сепак ке има побогат фонд на риби и ќе се зголеми бројот на рибари реципрочно со количината на рибниот фонд.
ова е само мој предлог кој верувам дека нема да има подршка од мрф, али од рибарите од концесионерите треба да има.

_________________
КД електроника.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONПон Maј 12, 2014 11:07 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
kireelektron НапишиCOLON
јас се те разбирам ,ама како да се започне со добро раководење без средства и без богат рибен фонд., значи кога се нема пари на старт.кога се нема доволно членови.се нема доволно пари за порибување и уредување на самото езеро.
Тоа се вика СТЕЧАЈ...а прашањето се поставува кај одговорните кои го довеле вашиот регион до тоа дереџе, тоа не е МРФ според мене


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 14 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum