На 26 Април имаше Изборно собрание на Македонската Риболовна Федерација, се усвојувааше извештај за досегашниот мандат на луѓето од Управниот, Претседателот, органите и цело МРФ и се избра ново раководство на МРФ на чело со старо-новиот Претседател Васил Костов и нов Управен одбор на МРФ (може некој кој ги знае со име и презиме да ги напише кои се).
Меѓу другото проф. Раде Русевски (бидејќи никој друг не кажа нешто поконкретно за изминатиот период) даде едно свое видување дека во изминатиот период МРФ направила МНОГУ и накусо образложи, што беше проследено со аплауз. Воедно повика секој кој не го прочитал Извештајот за работа на МРФ за изминатите години да го прочита, имало многу што да се прочита.
Еве го извештајот (јас го прочитав до крај)
http://www.mrf1952.mk/dokumenti/2014/iz ... 0_2013.pdf
Е сега бидејќи речиси никој таму не се постави самокритично и се беше едногласно донесено, неколкумина се пошегуваа дека атмосферата била како свеченост на лидерот на Северна Кореа Ким Јонг Ун, јас ќе тргнам со критки од тука, чисто опозиционерски за да работат подобро во иднина.
1. Констатацијата на професорот Русевски дека било направено МНОГУ, воопшто не ја делам и мислам дека можело да се направи МНОООООГУ повеќе. Извештајот од 69 страници е полн со раскажување, сликички и со табели, како и извештаи од спортски настани.
2. Од истиот овој извештај може да се констатира дека најголем дел од времето и ресурсите МРФ го користела/користи за спорт и за вадење на легитимации. Порибувањата биле поради тоа што некој дал пари за тоа, но и тоа е за поздравување, сепак треба да се најдат тие пари, се надевам дека пак ќе се најдат. Спомнати се некои иницијативи, ама ја не прочитав какви биле тие иницијативи, ниту што се постигнало.
Во меѓувреме моја констатација е дека: ...
... Долг и интересен коментар. Она што од него зрачи, е ЕНЕРГИЈА. Ова за мене е позитивно и кај тебе почитуван Црвен, ги препознавам мотивите заради кои влегов во оваа организација. Тука сум 5-6 год и не е пристојно сам да зборувам за мојот ангажман во МРФ, но дозволи да можам да давам коментари, па и на јавни места како што е Собранието. Таму кажав дека МРФ како здружение на граѓани е сериозна организација, која е подобро организирана и подобро работи од други слични здруженија во кои членувам (во земјава и Странство). Не само тогаш, и сега тврдам дека МРФ како матица на риболовните здруженија, земајќи ги во обзир објективните услови во нашето опшество, повеќе од пристојно, односно добро ја врши својата работа. Најголемиот успех на одговорните вои МРФ во изминатиот период се преку 20-те илјади членови, бројка која и натаму расте. Ако дозволуваш, второ рангиран успех на МРФ и неколку ЗСР учесници во проектот, е спасот на Salmo macedonicus -македонската пастрмка, од исчезнување, проект меѓу најдобро оценетите на Светско ниво во Бразил пред, чинам, 2 години. Денес сме сите среќни со пастрмике низ Треска и другите притоки на Вардар. Патем во оквир на тој проект, донација е едно транспортно возило (Тојота хилукс), со кое навистина се надминаа проблемите за транспорт на риба низ РМ, а кое сите го знаеме.
Имаше порибување, на Вардар, пред неколку години и со кркушка, и со матици клен (1,5тона примероци од 1-3кг), и со црвеноперка и рециси сите риби кои во него зивеат, а тоа се слуци со ихтиофауната на езерцата во градски парк. Само што, тогаш, некои други луѓе со мотиви како твоите - нашите, не дозволија, рибата да биде "складирана на сигурни места", за потоа да се враќа и т.н. Но таа, за мене, убава пракса беше спречена од измените на законот, од чии последици, гледам и ти си незадоволен...
МРФ во еден период организира комисија за заштита. Каков ефект имаше таа врз нашава приказна, говори и фактот што на конститутивната седница на новиот управен одбор на МРФ, пофторно ја формирафме со најдолга и конструктивна дискусија. Сите членки на МРФ кои имаа заеднички акции со оваа комисија, имаат само пофални зборови и ја бараат во активна состојба. Меѓутоа, дали криволовот ќе сопре? убеден сум дека тоа нема да се случи во подолг период. Мене ми беа потребни цели 23 години нешто сосема малку, кај една мала популација луѓе, да сменам во мојата Преспа. Гледам дека и тука имаме заеднички мотиви.
На крајот од овој мој одговор, МРФ е добро организирана институција. Ви тврдам, таа ги слуша потребите на ЗСР. Греши, се разбира, бидејќи секогаш може и подобро. Меѓутоа, она што мене ме радува, токму преку твојата критика, е дека има една нова генерација, која ќе не смени, и која ќе ја држи педалата на гас стисната.