На 26 Април имаше Изборно собрание на Македонската Риболовна Федерација, се усвојувааше извештај за досегашниот мандат на луѓето од Управниот, Претседателот, органите и цело МРФ и се избра ново раководство на МРФ на чело со старо-новиот Претседател Васил Костов и нов Управен одбор на МРФ (може некој кој ги знае со име и презиме да ги напише кои се).
Меѓу другото проф. Раде Русевски (бидејќи никој друг не кажа нешто поконкретно за изминатиот период) даде едно свое видување дека во изминатиот период МРФ направила МНОГУ и накусо образложи, што беше проследено со аплауз. Воедно повика секој кој не го прочитал Извештајот за работа на МРФ за изминатите години да го прочита, имало многу што да се прочита.
Еве го извештајот (јас го прочитав до крај)
http://www.mrf1952.mk/dokumenti/2014/iz ... 0_2013.pdf
Е сега бидејќи речиси никој таму не се постави самокритично и се беше едногласно донесено, неколкумина се пошегуваа дека атмосферата била како свеченост на лидерот на Северна Кореа Ким Јонг Ун, јас ќе тргнам со критки од тука, чисто опозиционерски за да работат подобро во иднина.
1. Констатацијата на професорот Русевски дека било направено МНОГУ, воопшто не ја делам и мислам дека можело да се направи МНОООООГУ повеќе. Извештајот од 69 страници е полн со раскажување, сликички и со табели, како и извештаи од спортски настани.
2. Од истиот овој извештај може да се констатира дека најголем дел од времето и ресурсите МРФ го користела/користи за спорт и за вадење на легитимации. Порибувањата биле поради тоа што некој дал пари за тоа, но и тоа е за поздравување, сепак треба да се најдат тие пари, се надевам дека пак ќе се најдат. Спомнати се некои иницијативи, ама ја не прочитав какви биле тие иницијативи, ниту што се постигнало.
Во меѓувреме моја констатаија е дека:
Состојбите во Македонскиот риболов по многу работи се поприлично лоши, дури и во Балкански рамки
1. Рекреативниот риболовец неможе формално и законски да риболови од 01 јануари затоа што системот е така поставен да легитимации почнуваат да се вадат во најдобра рака од средина на Јануари, а дозволи тек во Февруари. Ова не е баш нормално и затоа се потребни иницијативи и решенија со кои секој риболовец ќе може законски да може да се риболови од 00:01 на 01 Јануари, т.е легитимации и дозволи да може да се вадат уште во Декември
2. Свесноста во јавноста и целосно во општеството за проблемите со кои се соочуваат риболовците е многу ниска. Медиумите слабо се користат за подигнување на ваквата свест. Институциите не трпат никаков притисок за некакви проблеми, ретки се иницијативите, ретки се поднесоците, затоа и не се решаваат проблемите.
3. Борбата со рибокрадци е на исклучително ниско ниво. Многу концесионери неможат да се снајдат со локални рибокрадци, со локални моќници и разни фаци, на нив треба да им се помогне и да се алармираат институциите да си ги решаваат овие фаци, но и да се бараат начини да се зајакне Борбата со рибокрадци. На многу места во државава крадењето на риба се постоветува со берење на чај. Цели населени места крадат риба и што е најлошо некои си мислат дека е тоа е нормално, дека езерото и реката е негово, дека негово природно право е да си зима риба, населението не е докрај информирано дека тоа е забрането, не е информирано колкави се казните, ретко кој е фатен, уште поретко некој казнет - ЗА ОВА ТРЕБА ЦЕЛА КАМПАЊА, ИНИЦИЈАТИВИ И ПРИТИСОК КОН ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА РЕШЕНИЈА. Да потсетам, за крадето на дрва се оформи посебна Шумска полиција со спремни момци наоружани до заби, а за крадењето на риба ?....се грижат ли концесионерите ?....можат ли да се справат со рибокрадството ?....доволни ли се по еден двајца рибочувари кои најчесто и ги нема на терен...?...или можеби треба да се барааат нови решенија и алтернативи....
4. Риба се откупува од доста ресторани, со тоа се потикнува ловење или крадење на риба за финансиски надомест и за ова треба борба, инциијативи, инспекции во контнуитет....
5. Свесноста во Судството е исто како и свесноста во Општеството. Знаеме куп случаи каде судии ги пуштаат рибокрадците со условно, или го казнува со минимална казна. Лани дадов предлог и иницијатива да се дигне гласот против ова, Дукац имаше исто одлична идеја да се иницира средба со Републички Судски Совет да се укаже малце дека има сила и луѓе во државава на кои им значи да судиите казнуваат како што треба рибокрадци,....слушнав дека во МРФ ја поздравиле иницијативата и толку....
6. Скоро да нема еколошка борба за езерата и реките
7. Постојат голем број на рибници во државата, но затоа постои монопол, или дуопол, или триопол кај овластени снабдувачи со порибителен материјал. Секој кој сака да пориби легално купува риба кај едните исти, а тие држат цени дупло или тродупло повисока од реалната, повисока од соседството, многу повисока од цената на рибата во рибарница кај нас. На овој начин риболовните здруженија и концесионерите финансиски се цедат, а за истите пари во водите низ Македонија влегува помалку риба отколку што би можело да биде. Познат пазарен принцип, нема конкуренција цената оди нагоре, има ли конкуренција цените одат надоле. Ќе смогне ли МРФ да направи нешто на овој план ???
8. За разлика од некои соседни земји, во Македонија нема порибителен матерјал од Мрена, Штука, Смуѓ, Клен, Попадика, Црвеноперка, Плашка, Лињак, Костреж, Кркушка, Бојник и други видови риби.....има најмногу за Пастрмка и Крап и инцидентно за Сом и Амур. Тоа значи ако сакаш да порибиш со некоја од горенаведените риби, нема од каде да порибиш и скоро секој во државава порибува најчесто со пастрмка и крап и кај што треба и кај што нетреба. Во исто време мислам дека постои и неразбирачка помеѓу некои професори, со широката риболовна маса риболовци кои ги сакаат рибите кои ги нема за порибување.
9. За време на мрест доста често знаат да се испуштат водите во езерата, икрата да остане на суво и да пропадне мрестот. На запад здруженијата и невладините очи вадат за такви работи, а кај нас само се мрмори, се плука и пцуе, наместо да се иницираат средби со надлежните во ЕЛЕМ, или други надлежни органи, да се изврши притисок и да се проба да се издејствува во иднина кога ќе се забележи испуштена икра и мрест на рибата да не се спушта нивото.
10. Нема државен систем со кој секој ден во годината секоја вода во државата ќе има функционален стопан, т.е концесионер и можност на риболовците таму да риболоват. Ако нема концесија на една вода, или пак тече постапка за концесија по неколку месеци, или пола година, или цела година, или пак е одземена концесија па чека нов круг на тендери за концесии....таа вода во Македонија е исклучително ранлива, изложена на милост и немилост на разни рибокрадци и несовесни рибари. Совесните рибари не смеат да ловат таму бидејќи е забранет риболов. Потребно е системско, законско решение за овој пролем. Потребни се иницијативи, средби со надлежни, законски измени....
----------------------
Еве само 10 работи кои вака на прва го мачат македонскиот риболов......а има уште МНОГУ што да се направи....Ви го честитам мандатот и Ви посакувам многу точки на вашите дневни редови за работа и многу осетливи успеси во наредните години....