Сарулешти или на Запад познато по имет Радута Лејк ( по сопственикот Роберт Радута ) е една од Меките на крапскиот риболов. Се наоѓа на околу 40километра од Букурешт или околу 670км. од Скопје.
Многу приказки се прераскажани за рибите од ова езеро , многу големи турнири се имат и се одржуваат на ова езеро. Едни од најголемите белези во натпреварите на Сарулешти од крапските риболовци од Маќедонија секако оставија браќата Ќука по чие име е крстен и еден од заливите Заливот Ќука , како и одличното представување на Сергеј и Оливер.
Некаде мислам 2005 големите крапови во ова езеро беа десеткувани од непозната болест, се зборуваше за болест која во водите на езерото ја пренеле шараните уловени на Дунав и потоа пренесени на Сарулешти.
Секако дека тоа беше голем удар за имиџот на езерото но со упорност реномето на едно од најпопуларните места за риболов полека се враќа.
На езерото има голема популација на смуѓ , се организираат тури за спинингисти со обезбеден чамец, човек кој ве води до местата каде рибата се врти, обезбедено сместување во убавиот хотел со ресторан кој е изграден на брегот на ова езеро.
Да напоменам дека одење на ова езеро на риболов без претходен контакт со одговорните за дочек на риболовците не се препорачува.
На езерото има менаџер кој се грижи за гостите кој ќе ловат крап , ѓи носи до местото каде би ловеле , им објаснува се до ситнива за конфигурацијата на дното , така да никакво сондирање , маркирање и губење време на вакви работи не ви е потребно.
Риболовот на Сарулешти е исклучително динамичен , се работи постојано нешто , се лови на дистанции од 150+ метри со развлекување, та многу често ми се случуваше додека развлекувам една трска и се враќам да има удар на втората, колегата вади а вториот колега ми ја подава третата да ја развлекувам , абе доаѓа до еден страшен хаос.
Одење од само двајца е исто така лоша варијанта, тргне ли рибата да се храни , да му мислите.
Околу самото езеро има неколку села во кои по секое време може да купите прехранбени продукти , пиеќе по сосема нормални цени. Во хотелот има одделен дел со бесплатни тушеви каде може да се освежите кога сакате, обезбедени полначи за акумулаторите за моторите на чамците.
За малку да заборавам , обавезно одење со чамец.
Еве и неколку фотографии на ова уникално езеро, се надевам дека некој од Вас ќе има прилика да го посети.
Има уште многу но мислам дека и ова е доволно. Да сме живи и здрави догодина повторно таму