www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 29, 2024 7:26 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 9:47 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
На 26 Април имаше Изборно собрание на Македонската Риболовна Федерација, се усвојувааше извештај за досегашниот мандат на луѓето од Управниот, Претседателот, органите и цело МРФ и се избра ново раководство на МРФ на чело со старо-новиот Претседател Васил Костов и нов Управен одбор на МРФ (може некој кој ги знае со име и презиме да ги напише кои се).

Меѓу другото проф. Раде Русевски (бидејќи никој друг не кажа нешто поконкретно за изминатиот период) даде едно свое видување дека во изминатиот период МРФ направила МНОГУ и накусо образложи, што беше проследено со аплауз. Воедно повика секој кој не го прочитал Извештајот за работа на МРФ за изминатите години да го прочита, имало многу што да се прочита.

Еве го извештајот (јас го прочитав до крај)

http://www.mrf1952.mk/dokumenti/2014/iz ... 0_2013.pdf

Е сега бидејќи речиси никој таму не се постави самокритично и се беше едногласно донесено, неколкумина се пошегуваа дека атмосферата била како свеченост на лидерот на Северна Кореа Ким Јонг Ун, јас ќе тргнам со критки од тука, чисто опозиционерски за да работат подобро во иднина.

1. Констатацијата на професорот Русевски дека било направено МНОГУ, воопшто не ја делам и мислам дека можело да се направи МНОООООГУ повеќе. Извештајот од 69 страници е полн со раскажување, сликички и со табели, како и извештаи од спортски настани.

2. Од истиот овој извештај може да се констатира дека најголем дел од времето и ресурсите МРФ го користела/користи за спорт и за вадење на легитимации. Порибувањата биле поради тоа што некој дал пари за тоа, но и тоа е за поздравување, сепак треба да се најдат тие пари, се надевам дека пак ќе се најдат. Спомнати се некои иницијативи, ама ја не прочитав какви биле тие иницијативи, ниту што се постигнало.

Во меѓувреме моја констатаија е дека:

Состојбите во Македонскиот риболов по многу работи се поприлично лоши, дури и во Балкански рамки

1. Рекреативниот риболовец неможе формално и законски да риболови од 01 јануари затоа што системот е така поставен да легитимации почнуваат да се вадат во најдобра рака од средина на Јануари, а дозволи тек во Февруари. Ова не е баш нормално и затоа се потребни иницијативи и решенија со кои секој риболовец ќе може законски да може да се риболови од 00:01 на 01 Јануари, т.е легитимации и дозволи да може да се вадат уште во Декември

2. Свесноста во јавноста и целосно во општеството за проблемите со кои се соочуваат риболовците е многу ниска. Медиумите слабо се користат за подигнување на ваквата свест. Институциите не трпат никаков притисок за некакви проблеми, ретки се иницијативите, ретки се поднесоците, затоа и не се решаваат проблемите.

3. Борбата со рибокрадци е на исклучително ниско ниво. Многу концесионери неможат да се снајдат со локални рибокрадци, со локални моќници и разни фаци, на нив треба да им се помогне и да се алармираат институциите да си ги решаваат овие фаци, но и да се бараат начини да се зајакне Борбата со рибокрадци. На многу места во државава крадењето на риба се постоветува со берење на чај. Цели населени места крадат риба и што е најлошо некои си мислат дека е тоа е нормално, дека езерото и реката е негово, дека негово природно право е да си зима риба, населението не е докрај информирано дека тоа е забрането, не е информирано колкави се казните, ретко кој е фатен, уште поретко некој казнет - ЗА ОВА ТРЕБА ЦЕЛА КАМПАЊА, ИНИЦИЈАТИВИ И ПРИТИСОК КОН ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА РЕШЕНИЈА. Да потсетам, за крадето на дрва се оформи посебна Шумска полиција со спремни момци наоружани до заби, а за крадењето на риба ?....се грижат ли концесионерите ?....можат ли да се справат со рибокрадството ?....доволни ли се по еден двајца рибочувари кои најчесто и ги нема на терен...?...или можеби треба да се барааат нови решенија и алтернативи....

4. Риба се откупува од доста ресторани, со тоа се потикнува ловење или крадење на риба за финансиски надомест и за ова треба борба, инциијативи, инспекции во контнуитет....

5. Свесноста во Судството е исто како и свесноста во Општеството. Знаеме куп случаи каде судии ги пуштаат рибокрадците со условно, или го казнува со минимална казна. Лани дадов предлог и иницијатива да се дигне гласот против ова, Дукац имаше исто одлична идеја да се иницира средба со Републички Судски Совет да се укаже малце дека има сила и луѓе во државава на кои им значи да судиите казнуваат како што треба рибокрадци,....слушнав дека во МРФ ја поздравиле иницијативата и толку....

6. Скоро да нема еколошка борба за езерата и реките

7. Постојат голем број на рибници во државата, но затоа постои монопол, или дуопол, или триопол кај овластени снабдувачи со порибителен материјал. Секој кој сака да пориби легално купува риба кај едните исти, а тие држат цени дупло или тродупло повисока од реалната, повисока од соседството, многу повисока од цената на рибата во рибарница кај нас. На овој начин риболовните здруженија и концесионерите финансиски се цедат, а за истите пари во водите низ Македонија влегува помалку риба отколку што би можело да биде. Познат пазарен принцип, нема конкуренција цената оди нагоре, има ли конкуренција цените одат надоле. Ќе смогне ли МРФ да направи нешто на овој план ???

8. За разлика од некои соседни земји, во Македонија нема порибителен матерјал од Мрена, Штука, Смуѓ, Клен, Попадика, Црвеноперка, Плашка, Лињак, Костреж, Кркушка, Бојник и други видови риби.....има најмногу за Пастрмка и Крап и инцидентно за Сом и Амур. Тоа значи ако сакаш да порибиш со некоја од горенаведените риби, нема од каде да порибиш и скоро секој во државава порибува најчесто со пастрмка и крап и кај што треба и кај што нетреба. Во исто време мислам дека постои и неразбирачка помеѓу некои професори, со широката риболовна маса риболовци кои ги сакаат рибите кои ги нема за порибување.

9. За време на мрест доста често знаат да се испуштат водите во езерата, икрата да остане на суво и да пропадне мрестот. На запад здруженијата и невладините очи вадат за такви работи, а кај нас само се мрмори, се плука и пцуе, наместо да се иницираат средби со надлежните во ЕЛЕМ, или други надлежни органи, да се изврши притисок и да се проба да се издејствува во иднина кога ќе се забележи испуштена икра и мрест на рибата да не се спушта нивото.

10. Нема државен систем со кој секој ден во годината секоја вода во државата ќе има функционален стопан, т.е концесионер и можност на риболовците таму да риболоват. Ако нема концесија на една вода, или пак тече постапка за концесија по неколку месеци, или пола година, или цела година, или пак е одземена концесија па чека нов круг на тендери за концесии....таа вода во Македонија е исклучително ранлива, изложена на милост и немилост на разни рибокрадци и несовесни рибари. Совесните рибари не смеат да ловат таму бидејќи е забранет риболов. Потребно е системско, законско решение за овој пролем. Потребни се иницијативи, средби со надлежни, законски измени....

----------------------

Еве само 10 работи кои вака на прва го мачат македонскиот риболов......а има уште МНОГУ што да се направи....Ви го честитам мандатот и Ви посакувам многу точки на вашите дневни редови за работа и многу осетливи успеси во наредните години....


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 10:00 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Ова е и финансискиот извештај за ланска година.

http://www.mrf1952.mk/dokumenti/2014/so ... %D0%90.xls

Поприлично општо напишано и нетранспарентно, имаше реакција и на Собранието, убаво би било објаснувањето и ставките да се напишат тука на Форум.

Она што мене ми остана во глава ако не се лажам беше телефони за членовите на Управен. Извинете момци, ама ова не е Управен на Телеком, скратете од негде, членовите на Управен треба да работат од Срце за Македонскиот риболов и сметки за телефон сами да си плаќаат. Има уште многу ставки кои се дискутабилни.....затоа треба транспарентност и отчетност


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 10:12 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Црвен,
Бидејќи си бил присутен, дали ова им го кажа на тој состанок ????

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 10:18 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Не им го кажав бидејќи атмосферата како што спомнав беше розово идеална, некој спомна дека е успех тоа што Собранието поминало во мирна атмосфера,....ОК ако е и тоа успех....башка јас бев прв пат на вакво собрание, башка во улога на гостин и мислам дека ќе беше невкусно да им го е..м раатот, одма и на прва......Ама затоа си прашав дали смее присуство на работните средби на Управен одбор понатаму и ми беше потврдно одговорено, така што им се спремам да им идам некој убав сончев ден...ако сакаш да те викам...И ти си добар за опозиција :) убав притисок можеш да направиш :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 10:23 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
потполно се слагам со ова погоре напишано од ЦРВЕНИОТ

ке додадам

1. Надлежните комисии во МРФ ке мора малку повеке да се ангажираат и по мениумите да се најде на некоја телевизија емисија/вести неколку минутки во кои ке се изнесуваат проблематиките со рибокрадството, да се малку повеке каже за оваа наша Рекреација која за жал е ТАБУ тема помегу народот - мислат дека рибарите се марсовци

2. Да се повеке обрне на едукација, помош на здружениата а посебно кон оние кои се концесионери за да ја подобруваат нивната работа - да се обрне нај повеке внимание на работата на рибочуварите и нивна едукација како и што да постапуваат и со рибокрадците и со риболовците
- со рибокрадците да ги добро знаат нивните овластувања - имам впечаток дека повеке од пола рибочувари со Положен Рибарски Испит појма немаат што и како на терен
- со риболовците да повеке агитираат и да им кажуваат на лугето што и како треба да се понашаат на вода - иако се даваат со секоја дозвола ПРИРАЧНИЦИ дали само 1-2% се придржуваат кон истите

3. Намалување на цената на ЛЕГИТИМАЦИИТЕ за Рекреативен риболов. 99,9% од рекреативните риболовци не гледаат ама никаков бенефит за тие дадени пари -кои на ниво на цела македонија не се мала сума

4. Читам во Финансискиот извештај ---- доста високи суми за ДНЕВНИЦИ, РСХОДИ, и ......... Би ги замолил да на некој од нивните состаноци се преиспитаат и малку повеке де се активно уклучат во директен контакт со риболовците дали преку овај ФОРУМ, дали преку НИВНИОТ --- на лугето им треба информација а не да лутаат како Глуви Кучки

5. за Битоскиот дел МРФ - ТОТАЛЕН ДЕБАКЛ. оставени рибарите на милост и немилост, одземена концесија ревирот секојдневно се пустоши и никој мува не го лази ни Онај кој пишел пријави, ни МРФ збор нема кажано. Вака не смее да до толку батали работата - барајте начин да такви/вакви ситоации не се дозволат во иднина

6. Малку повеке да се притисне кон ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ - посебно во деловите со екологијата, реките ни се Катастрофа - повеке излегувања на терен(дали како МРФ или пак во заеднички акции со ЗДР-концесионери) земање примероци од водите- посебно од ПРЕДВИДЕНИТЕ МРЕСТИЛИШТА напишани во РИБОЛОВНИТЕ ОСНОВИ

тоа е што јас имам увидено и видено, дека МРФ имала успешна год. далеку од тоа, за успех треба уште доста работа

ке дојде и 2015та - па пак ке се навратиме на овие муабети - се надевам дека нешто ке се помрдне

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 29, 2014 10:49 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Oкт 24, 2011 11:10 pm
МислењаCOLON292
Bravo Crven, ti se dobro si navel.
Ostanuva samo ova NEKOJ da go procita i da go sraboti.
Da pocekame nekoj mesec pa na nekoj sostanok
odete so Stole i isprasajtegi.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 03, 2014 9:31 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONНед Maр 06, 2011 11:00 am
МислењаCOLON160
ako ovoj tvoj predlog vo idnina se procesuira togas ke sledi i svetla idnina na ribolovnite vodi vo R.M.Se super napisano,bravo crven


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONСаб Maј 03, 2014 3:47 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
zoran-usi НапишиCOLON
Bravo Crven, ti se dobro si navel.
Ostanuva samo ova NEKOJ da go procita i da go sraboti.
Da pocekame nekoj mesec pa na nekoj sostanok
odete so Stole i isprasajtegi.

Дали го прочитале напишаното од Црвениот ??? :mrgreen:

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 11, 2014 1:10 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONНед Сеп 09, 2012 2:13 pm
МислењаCOLON30
ЦитатCOLON
5. за Битоскиот дел МРФ - ТОТАЛЕН ДЕБАКЛ. оставени рибарите на милост и немилост, одземена концесија ревирот секојдневно се пустоши и никој мува не го лази ни Онај кој пишел пријави, ни МРФ збор нема кажано. Вака не смее да до толку батали работата - барајте начин да такви/вакви ситоации не се дозволат во иднина

За Битолскиот регион дебаклот почна уште додека имаше концесионер,и на тоа укажуваа многу Битолски риболовци.Малку како да закасна со заклучокот ... И причина за дебаклот повеќе беше концесионерот од колку МРФ.А овој празен период до доделувањето на концесијата ,би требало да се реши со некоја законска одлука,но тоа е сепак ингеренција на владата .

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Како до сега, а како во иднина - МРФ
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 11, 2014 2:34 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
колега темата е за други предлози, идеи,забелешки или пак иницијативи кон МРФ - не се работи дали јас сум закаснал и кој укажувал. Тој муабет во друга тема повели отпочниго па ке дебатираме - на која било тема поврзана со риболов

сега да ја оставиме мрф да си прочита нешто од ова напишано, можи и ке ни одговори, можи и ке примени нешто од ова погоре напишано а можи и никој нема да не клај на К.р .

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum