Еве што добив од Стопанска банка:
Имаме чест да Ве информираме дека Стопанска банка АД -Скопје е во финална фаза на имплементација на „3D Secure" стандарот за сите меѓународни Visa и MasterCard картички издадени од Банката. Се работи за престижен меѓународен стандард кој користи најсофистицирана технологија, а Стопанска банка е прва Банка во Р. Македонија која го имплементира за своето картично портфолио. Со тоа Банката им овозможува на клиентите исклучително високо ниво на сигурност во извршувањето на интернет плаќања со картичките.
Како резултат на имплементацијата на овој стандард, се создадоа услови за неограничено и безбедно купување преку Интернет страници од цел свет, со меѓународните картички издадени од Стопанска банка АД - Скопје.
Од кориснички аспект, при извршувањето на Интернет плаќањата, за одредени трансакции ќе биде побарано од Вас да внесете еднократна нумеричка ОТП лозинка за авторизација на трансакцијата. Се работи за ОТП лозинка (пр. 123654) која ќе ја испратиме на Вашиот мобилен телефон регистриран во Банката. Притоа корисниците нема да бидат изложени на дополнителни трошоци од страна на Банката за прием на лозинката ниту ќе биде побарана регистрација/пријавување за користење на сервисот.
aj i to cudo da go vidime
e duri sega ke ima razvodi niz makedonijava