уууу 9 страни, а јас сега влегувам во темава
расчистив малку со некои допирни точки од други теми, како и дуели кои и сметаа на темава, Полиз, Јане, Лепи и останатите извинете, ама нема љутиш.......и сега за темава во однос на опремата
за да се зборува на оваа тема треба да се имаат предвид 2 основни факти
Време и
Пари
Тој што има време тој може да оди почесто по риба, на повеќе локации, да има почесто допир со рибата, со помали, со поголеми, со повеќе врсти, да му скинат, да му се откачат, да пробува, да менува, да купува други работи па да види во пракса дали функционираат, дали е до тоа што го сменил, .....значи ако имаш време, тогаш имаш повеќе пракса и можеш да поаргументирано да зборуваш во темава
Второ пари, од што зависи и првото, односно дали ќе искачаш на терен и да имаш време. Без пари, освен во маало, или во својот град, тешко на други места. Без пари и да знаеш дека нешто ти фали, неможеш да го смениш
Е тој што има и ВРЕМЕ И ПАРИ колку што му е чергата, тој (мислам дека тоа е секој од нас) тој ќе си купи се што го прави задоволен, секако во зависност што лови, каде лови и на кој начин лови (рекреативно, или спортски-такмичарски) и мислам дека нема ниту еден на форумов кој доколку има ВРЕМЕ (ИСКУСТВО-ПРАКСА) И ПАРИ, нема да лежи на земја туку ќе си купи кревет, нема да седи на отворено ќе си купи шатор, ако шаторот му покисне, ќе си купи подобар и најчесто поскап, нема да фаќа со некоја стара трска што ќе му се скрши од сомот, крапот и сл. туку ќе си купи понова и поскапа, нема да фаќа со машинка која ќе му го плете конецот, туку ќе си купи асална и сето тоа во насока на ЗАДОВОЛСТВО, ЧУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО, РИБОЛОВ БЕЗ НЕРВОЗИ И ПРАВЕЊЕ НА МЕРАК
Тоа е тоа, незнам што толку дискусии, све е до ВРЕМЕ И ПАРИ
Еве јас на пример пролетоска купив параболици Формакс, кој сигурно не се најдобри, ама не се ни најлоши и јас го знаев тоа, ама немав пари да отидам некаде далеку да купам подобри и немав пари тие подобрите да ги купам од соседството. Сепак, сеуште неможам да ги издефинирам дали моите се добри и колку се добри, затоа што немав време да отидам 20 пати на крапски риболов, туку од тогаш бев само 3 пати, најмногу затоа што немам време и делумно затоа што одам и на тапа и на спин, што можеби е глупо за некој, ама за мене не е. Ако имам повеќе време и пари, сигурно ќе имам повеќе идења по риба, поголемо искуство со опрамата и ако видам дека ме издава, секако ќе ја сменам, тоа е тоа, просто како грав
|