Денес добив писмо од МВР Охрид дека против мене, Танче - рибочуварот и против лицето С.Д. - рибокрадец ќе биде спроведена судска постапка за нарушување на јавниот ред и мир.
Имено, на 13.06.2013, јас и Танче го затекнавме лицето С.Д. со сертме и притоа му го одзедовме истото и спроведовме судска постапка за делото (сега на 03.12.2013 бевме на суд со него). Истото лице уште тогаш во МВР ПС Струга не пријавило дека сме го тепале, па со Танче бевме на сослушување повеќе од 1 час додека се објаснивме со инспекторите дека немало тепање, туку само му е одземен забранетиот риболовн прибор, при што имаше мала расправија и тргање, држење, но никако удирање. Од инспекторите во полиција тогаш ни беше кажано дека С.Д. доставил медицинска белешка со која се потврдува дека на тој ден бил во болница веднаш после настанот и примил терапија за смирување, но не доставил никаков документ за нанесени телесни повреди, па ни беше кажано дека нема да имаме никаков проблем.
Денес добиваме писмо од МВР Охрид со кое тројцата ќе одговараме за нарушување на јавниот ред и мир поради карање и викање на јавно место ????
Се можев да очекувам, ама ова ниту на сон
Совет од мене: ако видите дека некој краде во маркет, пазарче ... од кај вас дома, од вашата фирма ... или ... никако немојте да викате и да се карате со него ... може да заработите пријава од МВР.
Ќе ги објавам и видеата од настанот, само да ги најдам во компјутеров.
Денес стигна одговор од МВР Охрид по овој предмет. Јас и рибочуварот Танче сме опоменати, а рибокрадецот кој не пријави во полиција дека сме го нарушиле јавниот ред и мир е осуден на 100 евра казна
. Дополнително истиот рибокрадец по нашата тужба пред извесно време доби пресуда од 666 евра казна.
Голема благодарност до сите членови на форумот кои на некој начин ми помогнаа да докажам дека јас и рибочуварот си ја вршевме должноста и не го нарушивме јавниот ред и мир.