Аки, кај Пепи имаше многу добра 6-ка, околу 100 евра е, 200 грама тешка (ја измеривме на дигиталната вага кај него). Ја забораив марката, ама нешто добро беше
Исто така, види ги Awa-shima во Трофеј, имаат одлични и лесни 6-ки. Кире мислам дека зема таква, нека каже искуство
Awa-shimata е топ јас купив таква Kejgan Pro е моделот Mitsubishi karbon,трската не е тешка и не е проблем да се лови цел ден со неа.Има одлична и брза акција.Мајстор Баже во Трофеј на рампа лови со таква па може и тој да ти каже некој совет на работа е после 15 часот.Сум вадел бојници од кило без проблем,сега да небидам погрешно разбран не да ги кревам, ги вадам со кепче
Ги гледав и Колмик кај Жаре посебно бев заинтересиран за Екстрим ама ја немаше,кога конечно ја доби и ја фатив во рака беше навистина лесна ама како шпагета,не по мој вкус.Не е лош и колмикот,незнам, мој колега зема 6,5м и е многу задоволен,други се жалат дека им пука вториот дел,незнам одлучи сам