Позиција 16 на купот оваа година.
Навистина убава позиција. Можности за ловење:
Лева страна, кај втора бова, покрај "сајла"-конец, отворен шлиц на растојание од 20 м. во форма на клин. Длабочина=1,5 м. Можно едно хранилиште.
Кон средина, почнувајќи од клинот и косо во далечина кон десна сајла еден ред треви (поретките) има чист простор кој почнува на 20 м. од лева страна, а завршува на 50-60 м. на десна сајла. Логична цел е крајната десна точка (кон трета бова) на далечина од 50-60 м за главно хранилиште и пласирање мамци. Длабочина до 2 м.
Можно е пласирање на храна и мамци по целата косина погоре опишана (од 20 до 60 м.) Длабочината е пристојно константна од 1,5 до 2 м.
По должината на косината постојат 2 процепи и по избор можност за поризично пласирање мамци преку овој шлиц од првата трева.
Забелешка: Визуелно тревите се подалеку (оние на површина), но добро е да се обрне внимание на подводните треви ( оние на Јане
) кој го скратуваат чистиот простор за добри 2-3 метри во однос на она што е видливо на површината на водата.
Убава позиција, но за потопол период (кога крапот ќе се раздвижи и излезе во поплиткото).
Употребата на мамци и прихраната во оваа анализа се излишни, ако се има во предвид неактивноста на рибата и температурните карактеристики од купот.