Колеги, јас само малку да се нашалам и да ја размрдам темава.
Премногу некако ми ја игнорирате со недостаток на конструктивна дискусија.
Добро е и победниците да ги чуеме, да се произнесат како поминаа и какви им се впечатоците.
Сепак, мислам дека Рибар 2011 заслужи барем да добие од сите учесници по некоја коментар (нормално и од странските екипи) мал осврт за организацијата и како се тоа сите го видоа.
Без оглед на исходот, сепак се вложија доста напори и мислам дека секој е должен овде на форум како место каде
е скроена модерната еволуција на крпаскиот спортски риболов во Македонија да даде мислење и учествува за да сето
тоа се издигне на повисоко ниво.
Јас за жал не бев учесник, но бев во контакт со сите натпреварувачи.
Ајде малку мислење, критика и осврт, сепак не очекуваат 2 кола од крапската лига наскоро.
Уште еднаш, начув дека некој за 80 фунти ќе си купел нов FS фаст тапер.
пс. се надевам нема никој да се налути, целта е да ја раздвижиме темава и секако очекувам убава репортажа.