Е стварно неможам да го разберам безобразлукот на некои членови во врска со оваа тема... Абе до пред три месеци само пофални зборови имавте за Црн Дрим и за Тасим и компанија, сочувствувавте со нив кога им ја одзедоа концесијата, а сега по три месеци целосно ги променивте ставовите. Тоа за мене е одлика на несериозни луѓе без свое јас и без свој став кој се вртат како сончогледи „од каде што свети сонцето“... Или тогаш им аплаудиравте и ги фалевте затоа што гледавте некаков бенефит од нив, ви даваа чамци и пенти, ве пречекуваа, сместуваа и угостуваа со тулумби, алви... Срамота е навистина, има 1500 членови на форумов кој пратат што се случува, не пијат нафта...
Не е убаво да се генерализира, ако реплицираш реплицирај на тој што мислиш дека не е во право, не генерализирај.
За мене лично Црн Дрим беа едни од најдобрите концесионери во Македонија, во ситуација кога најголем дел од концесионерите низ МК имаа некои пропусти во врска со обврски од концесијата, не порибиле, недопорибиле и сл......Црн Дрим беа можеби меѓу последните на кои што требаше да им се направи тоа што им се направи.....башка што луѓето имаа куп сопки во врска со тоа што им беше како обврска, ....ама тоа е тоа, кога ќе се измешаат некои работи кои не треба да се мешаат....на крај штетата не е толку кон здружението, колку по езерото.....жално но вистинито