Поздрав до сите на форум и благодарност до оние кои пружија подршка преку него за изминатите 3 дена.
Честитки до победниците и сите оние храбри и издржливи дечки кои отседаа 52 часа без буквално никаква активност.
Благодарност и до мојот клуб Рибар 2011 кој беше организатор и покровител на овој традиционален крапски куп.
Нема што многу да се опише во овие 3 дена, имавме една откачена риба уште првиот ден кој личеше на мала Алјаска кога станува збор за временските неприлики. Дожд, силен северен ветер и многу дожд.
Езерото и водостојот беа опаднати за неколку метри, активноста на рибата може да се каже дека беше 0, ниту движење, ниту знак ниту пак некаква активност дека крапот е излезен од хибернација. Но дружбата и искуството останува со сите натпреварувачи кои беа одлични во секој поглед.
Ние ја одработивме 18 - ца, поранешна 16 - ка одлично. Доста педантно во поглед и на позиции, опрема и работа во бокс.
Риба немавме, но важно е што го имаме натпреварувачкиот дух и формата за да бидеме меѓу првите пласирани екипи.
Петокот беше доста ладно, за прв пат во живот ми било толку ладно со толку опрема и греење во шатор (а сум бил на Алпи) измерено беше нешто под нула во ноќта и доста висока влажност, понекогаш и PVA кесите не се топеа од ладната вода во езерото.
Поголемиот дел од првиот ден го поминавме под шатор
Останатите фотографии ќе следат во репоратажа каде што се низ дигиталните апарти на Тафта и Предраг.