www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Oкт 01, 2024 5:49 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS5960616263ELLIPSIS77»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 17, 2014 11:54 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Концесионерите на риболовните ревири ги „ловат“ рибократците

Во заедничка акција на одделението на Државниот инспекторат за земјоделство во Охрид, лиценцираниот рибочувар од здружението на риболовци „Пастрмка“ од Струга и рибочуварската комисија при „Свети Апостол Петар“ од Охрид извршени се повеќе контроли на риболовните ревири „Црн Дрим 1“ и „Слив на Охридско Езеро“.

При контролите кои се одвиваа во неколку наврати, и истовремено на три локации од река Сатеска и река Црн Дрим во периодот од 20.12.2013 година до 10.01.2013 година затекнати се три лица кои вршеле риболов на пастрмка за време на забрана, без рекреативна дозвола и рекреативна легитимација. Истовремено, тие вршеле риболов на маломерни пастрмки, информираат од здружението „Свети Апостол Петар“.

Одземени се 21 парче на пастрмка и тоа сите одземени пастрмки се со маломерни големини кои не одговараат на Правилникот за дозволени големини на риби. Против затекнатите лица ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави според Законот за рибарство и аквакултура.

Вчера околу 18:00 часот во заедничка контрола извршена од страна на овластени рибочувари на концесионерот на рибниот фонд на Дебарско Езеро - З.З Охридска Риба од Струга и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство со седиште во Охрид во водите на Дебарско Езеро кај м.в „Требишки Мост“ на лице место се затекнати две лица кои вршеле недозволен риболов - лов на пастрмка со недозволени риболовни средства - мрежи.

При контролата во водите на Дебарско Езеро биле затекнати 10 рибарски мрежи во должина од околу 400 метри со димензии на окца од 32 мм и 36 мм. Во мрежите биле затекнати 9 парчиња на маломерна пастрмка, кои заедно со затекнатиот риболовен алат - мрежи е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид. Од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид по документирањето на целокупниот настан, против двете лица ќе поднесе кривични пријави за незаконски риболов.

Концесионерите на риболовните ревири најавуваат дека во соработка со одделението на Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид ќе ги интензивираат контролите на риболовните ревири.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 8:05 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Пред неколку дена од страна на Апелациониот суд од Битола е решен еден интересен случај за рибокрадство, па би сакал да го споделам со вас.
Како прво, за да се види што е интересното еве ја Службената белешка за настанот:
ЦитатCOLON
На ден 11.06.2013 година, во периодот од 17.00 – 22.30 часот се изврши рибочуварска контрола на река Црн Дрим на потегот од Хотел Дрим до с. Ташмаруништа. Контролата беше спроведена од страна на Танче Гавриловски - лиценциран рибочувар на ЗРСК Пастрмка – Струга и овластен за заштита на „риболовен ревир река Црн Дрим 1“, Емил Матовски - одговорно лице на ЗРСК Пастрмка- Струга - концесионер на споменатиот риболовен ревир и Јован Бојчовски – Државен инспектор за земјоделие од областа на рибарството и аквакултурата. За време на контролата беа исконтролирани повеќе риболовци.Се контролираа дозволи, риболовен прибор и дозволени количини и големини на уловена риба.
Во 18.50 часот беше извршена контрола на локацијата каде што се влева Вевчанска река во Црн Дрим. На самото место беа забележани повеќе лица како стојат покрај реката, од кои еден од нив со име ХХХХХХХХ со облечени рибарски чизми. Забележаните лица во рацете немаа никаков риболовен алат. Бидеќи таквата ситуација беше сомнителна, Танче Гавриловски и Емил Матовски преминаа во пребарување на локацијата со цел да се пронајде евентуален риболовен прибор. За кратко време во едно возило паркирано до самата река е забележана мрежа-сертме која беше поставена измеѓу совозачкото и задното седиште од возилото ROVER со регистарски таблици ХХХХХХХ. Веднаш беше известен инспекторот Јован Бојчовски и беше добиена наредба да се фотографира возилото заедно со регистарската табличка и мрежата во него, а во меѓувреме од негова страна беше повикана полиција од ПС Велешта за да изврши претрес на возилото и да ги идентификува сопствениците на забранетиот риболовен алат.
За да не дозволиме да заминат сопствениците на возилото, рибочуварот Танче Гавриловски го паркира сопственото возило на излезот од самиот пат. Веднаш потоа кај посоченото возило се појавија три лица, од кои едниот беше ХХХХХХХХХ, ја отворија колата, ја зеде мрежата од возилото и бидеќи беше опремен со високи чизми замина преку реката заедно со мрежата. Двете непознати лица со колата се упатија кон асфалтниот пат каде што налетаа на возилото од рибочуварот Танче Гавриловски, но сепак успеаа да избегаат поминуваќи низ една ливада. Откако двете непознати лица кои го управуваа возилото излегоа на асфалтниот пат, се упатија во една уличка која водеше кон внатрешноста на селото Добовјани, во истиот правец каде што избега ХХХХХХХХХХ. За кратко време истото возило се врати назад заедно со ХХХХХХХХХХХ и избегаа со голема брзина во правец кон с. Татеши.
Некоја минута подоцна на лице место пристигна полицијата, но не затекна никој од лицата што поседуваа недозволен риболовен алат. Полицајците земаа податоци од присутните и заминаа.
Додека се случуваше овој настан на самото место имаше и неколку риболовци од Битола и можеби некој од нив е член и на форумот, па ќе се сети за случката.
Овој предмет беше процесиран во Основниот суд во Струга, каде обвинетиот доби пресуда ВИНОВЕН со изречена казна ОПОМЕНА ?????
Инспекторот Јован Бојчовски поднесе жалба до Апелационен суд во Битола, од каде добивме преиначување на пресудата и рибокрадецот ќе треба да си плати 666 евра казна.
Овој предмет според мене е доста интересен затоа што успеавме да се избориме за правда во многу тешка ситуација, односно во ситуација кога рибокрадецот успешно го сокрива приборот, ние немаме матерјални докази, но со помош на сведоци кои ќе се појават да сведочат пред Судот може да се постигне успех и да се казни сторителот за нешто што е очигледно прекршување на Законот.
Во моментов сеуште немаме одговор од Апелационен суд во Битола за сопственикот на возилото, кој исто така си доби пријава, а во Основен Суд во Струга доби ослободителна пресуда изјавуваќи дека тој не го управувал возилото во критичниот ден, но во исто време не знаел кој точно го управувал. Се надеваме дека во Битола ќе добиеме и за овој случај за нас позитивен одговор.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 21, 2014 9:10 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Три шестки, колку убаво звучат ;)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Феб 21, 2014 10:04 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
секоја чест, некои концесионери не ни поднесуваат пријави, а други пак се откажуваат после првата пресуда на основен суд, без да се жалат на апелација, токму затоа секоја чест, одличен пример


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 11, 2014 12:32 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemI ... 688CCBE160

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 11, 2014 12:46 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Страшна работа, како да им го дале езерото да ги истребат :shock:

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONПет Aпр 11, 2014 1:18 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Sakam da potenciram ona sto na nekolku pati go kazuvam na forumov no i vo licni razgovori so ribolovcite.
Ovaa telefonska linija funkcionira i se reagira vrz osnova na dojavuvanje.

Bi sakal da go ohrabram sekoj ribolovec koj ke vooci krivolov da go iskoristi ovoj broj i prijavi nepravilnosti.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 23, 2014 12:40 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
ПС Радовиш поднесе кривична пријава против С.Н.(43) од с.Долни Липовиќ, радовишко, за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, „предизвикување општа опасност“ и „незаконит риболов“. На 03.04.2014 година, на езерото Мантово – Радовишко пријавениот му се заканил на лице од Виница да го напушти местото при што му вперил огнено оружје-револвер испукувајчи еден куршум во воздух. Покрај ова, пријавениот на езерото со мрежа незаконски ловел риба. На 16.04.2014 година, извршен е претрес во домот на таткото на пријавениот при што се пронајдени и одземени револвер, ловен карабин, воздушна пушка без документи, потоа полуавтоматска ловна пушка, сопственост на лице од с.Долни Липовиќ и три ловни пушки, сопственост на фамилија на пријавениот, како и пет куршуми и девет чаури. Од страна на судија на пријавениот му е одредена заштитна мерка „одземање на патна исправа“.

Интегрален текст од билтен на МВР

Линк: http://grid.mk/read/article/7102084/rad ... so-pishtol

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 23, 2014 12:47 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Уште да може да се следи некаде како завршуваат судските постапки


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: БОРБА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИ
ТемаИспратеноCOLONНед Maј 11, 2014 11:34 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 3:12 pm
МислењаCOLON35
sakam da alarmiram i ako moze da se prevzeme nesto na potegot izmegju tashma i dabovjani na reka crn drim noke se unistuvaat golema kolicina krap za vreme od mrest, so sekakvi mozni sredstva


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS5960616263ELLIPSIS77»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum