Јас не сум мајстор за техникава, досега само неколку пати сум влечел од чамец, така да се сметам за аматер за истата и оставам другите повеќе да кажат. Од она што го научив до сега мислам дека има неколку предности и неколку слабости во однос на влечењето без чамец.
Предности :
1.можеш да поминеш поголем терен и да фатиш некоја риба која можеби не би ја нашол од обала или на едно место
2. Кога ќе ја закачиш рибата полесно е за вадење затоа што си од чамец и имаш поголема можност да ја контролираш да не влезе во некои гранки, грмушки или слично
3. Можеш да ја бараш рибата и во подлабоко
Негативности :
1. Ако трската ти е потпрена на нешто и не ја држиш во рака, дефакто не го осеќаш нападот на рака, со оној интензитет како што е тоа кога водиш сам од некоја статична позиција (копно) и моташ со машинка, не е тоа тоа
, го нема она чуството кога го сеќаваш во секунда нападот на рака, во овој случај само гледаш дека трската се свиткува, брзински ја зимаш и почнува борбата
2. Неможеш да менуваш ритам, да забрзуваш и подзастануваш и сите останати цаки кои можеш да ги правиш на пример од копно со мотање на машинката, тука ритамот е оној кој го диктира брзината на возење на чамецот.
3. Ако во вода имаш повеќе врсти на воблери, цикади, кашики, блинкери и сл. секоја различно се однесува на ритамот на возење на чамецот. На одредена брзина на возење гледаш дека некој воблер иде одлично, но гледаш дека некој друг не мрда
4. Кога ќе удри нешто диво, знае да направи вистински хаос во чамецот, од типот да ги заплетка другите конци, или пак за да ја извадиш рибата некогаш мора да го изгасиш чамецот, што автоматски значи сите останати мамки што ти се во вода паѓаат надоле и ако си во поплитко, а некој друг набрзина не ги извади можат да се закачат доле и кога ќе се извади рибата, сваќаш дека други 2 трски се закачиле доле и може да дојде до губење на воблерот/блинкерот