Колеги ајде најнапред уште еднаш да ја објасниме ситуацијата за 18-сет екипи. Немавме никаква лоша намера и се извинуваме ако не разбравте како лошонамерна.
Кога беше објавата дека купот ќе биде со 16-сет екипи и со уплатите имавме 18-сет, како последни беа веќе најавените две екипи од Виница. На последните две екипи им беше образложено дека местата се пополнети но дека по завршувањето на пријавувањето за лигата ќе видиме олку екипи ќе бидат пријавени. (ова дека нетреба да го мешаме купот со лигата сте во прво но самата вода-езеро, поделбата на позиции ги поврзува). Откако се пријавија 18-сет екипи во лигата и во МРФ се одлучи дека ќе се натпреваруваат во еднен круг договорено беше дека во сабота 05.04.2014 заедно ќе појдеме на езеро ( членови од натпреварувачка комисија на МРФ. членови од натпреварувачка комисија на Рибар 2011, како и претставници од Бабуна, Пастрамка Струга) па заедно да провериме дали на езерото има место за поставување на 18-сет позиции. Откако ќе се увериме дека е можно се објавува на сите. Повторувам никакви игри или пак некакви други намери.
Она што нам како организатори ни останува е дека на сите 18-сет екипи како и на целиота друга заинтересирана јавност е
ДА ВИ СЕ ИЗВИНИМЕ НА СИТЕ
Искрено се надевам дека оваа настаната ситуација нема да ја разберете лошонамерно. Сепак заеднички се работи на долготрајни соработки и унапредување на спортскиот риболов, па отаму сите Ве очекувама на овој куп да се дружиме, да си размениме искуства, да се приесетиме на незаборавните моменти како и да се стекнат нови познанства.