Убав ден ни се виде неделата 23.03 и со Zasov се договоривме да одиме на ѓоловите кон Мантово, арно ама ни се вмеша виша сила и моравме да компензираме... Сопругите сакаа некаде кај што има сенка и трева за пикник, а ние на горенаведеното место. И на крај падна компромис, одиме кај што има сенки и трева и плус вода, за да го направиме сефтето... Изборот падна на 6-от километар од Штип, кај село Софилари...
И додека лепшата половина ги вадеа работите од колите, мене срце не ме трпеше да ја монтирам мушичарката и да ја „скинам“...
Првите чекори кон реката,адреналинот расте... Ќе има сеири или не... Zasov е во позадина...
...
Првото зафрлање, Zasov е на сигурна оддалеченост... И фотографот исто...
Тренингот може да започне... Со секое наредно зафрлање сме се посигурни...
...
На крајот и Zasov се проба...
Но на крајот сепак Zasov се одлучи дека ќе биде спинерџија... Таму и лежи следната репортажа... Тој ќе „кине“, а јас ќе сум сеирџијата.
Дотогаш останете ни со здравје и бистро од река Брегалница...