Како што е ред за овој празник, треба да има и една репортажичка. После долго гледање на
Accuweatherкакво ке биде времето и слично, сепак се одлучив да отидам до езеро да се излуфтирам(Сам). Времето беше очај жив, катастрофа - дожд, снег и дожд и снег, замрзнат дожд и сето тоа зачинето со ветер. И на самиот почеток ме пречека оваа слика да ме до разочара
Но бев упорен, мафтав два саати на различни техники и стилови но сепак ништо. Ветерот се појачуваше и немаше услови да се седи таму. Се повлеков накај браната како таму помалку дува. Но не само што дуваше туку и заврнуваше на секои 10 мин. Почнав да мафтам на Кашичина и имав неколку колатерални плашки за грб и стомак. После саат време упорно фрлање добив слаб удар, како поситно кленче или плашка за грб фатена, полека ја доближував рибата накај мене и кога торпедо. Ме виде госпоѓата и се возбуди, почна да скока, машинката зуи ли зуи, ја довлекував рибата 7-8 пати до брег и конечно се предаде. Ама како да се вади од вода, кепчето во кола, а кола на 10 мин. пешки горе на паркинг, и си цапнав во во езерото, се за дамата нели празник е.
И еве го тезултатот.
И тоа беше се за тој ден, и одличен ден испадна, се се заборави и дожд и снег и ветер и се.
Уловот беше остварен со
Ulovot bese ostvaren so
Mikado Archer ultra light spin 17g
Daiwa Regal Xia 2500
конец - Barbeta 0.20
Byron tommy 7g
и ловна кабаница
Пастрмката е 2кг.+ тешка, и 60см. + долга
Денеска времето беше безмилосно, ветерот беше невероватно јак покрај езеро, и немаше никаква активност нити имаше услови за тоа. Еве уште некоја слика од вчера и денес
Бистро