Uste ne mozam da si dojdam na sebe.
Svakjam deka Ribar 2011 nema da odi na koncesija i toa ne mozam da go svaram vo stomakot.
So sekoj nov oglas na koncesija ostanuvaat samo polosi i polosi reviri.Posle ovoj oglas ke bidat vo opcija ezerata vo Zelezara,nekoja bara vo Deljadrovci ili nesto od toj rang.
Kako i da e nikoj nema da ti dade koncesija na revir koj e super so dozvoli,super so riboloven fond,super so lokalno naselenie,super blisku,super so vodostoj,super so infrastruktura.....Takov revir ne dobi nitu edno ribolovno zdruzenie vo MK.
Takov revir ne ni postoi.Revir se gradi.Revir e proces.Proces vo koj gi menuvash rabotite.Go menuvash ribniot fond,go menuvash likot i ekologijata,gi menuvash ribolovcite koj lovat vo toj revir,go menuvash nacinot kako lokalnoto naselenie gleda na toj revir,go menuvash zakonot i ribolovnata osnova,go menuvash ribolovot kako rekreativna granka na nacionalno nivo,ja menuvash heterogenosta na clenstvoto vo drustvoto,go menuvash modelot kako treba da izgleda edno ribolovno zdruzenie...
Samo da ne bidam gresno razbran.So ova ni najmalce ne aludiram samo na Treska koj e "moj" revir.
Dokolku ne se zeme bilo koj revir ke ostane da kuckame uste edna godina na tastaturata.
Ako Ribar 2011 so site potencijali sto gi ima(da ne gi nabrojuvam) ne se osuduva da zeme koncesija togas kako da se osudi nekoe malo drustvo od Pehcevo da zeme koncesija na nekoe lokalno ezero ili rekice?
Moze malce porevnosno zvucam ama ke puknam ako ne kazam.
I porano imam kazano.Koncesiite se davaat na 6 godini.Sega imam 36 godini.Sleden pat koga ke bidat site koncesii vo igra ke imam 42 godini
Темата е Концесии 2014, а ја усмеривте во Треска-РИБАР, треба да се продолжи во друга тема.
Инаку неколку работи кои мислам дека треба да се појаснат, затоа што гледам дека се погрешно разбрани.
1. Концесиите се даваат на 6 години, таму каде што има пријавено, инаку каде што нема пријавено, се објавуваат во секој следен конкурс на концесии, а тоа се случува на секоја половина година или на секоја една година. Или кажано просто во примерот со Треска, ако никој не ја земе на сегашниот оглас, ќе се објави во следниот оглас, кој нема да биде после 6 години сигурно.
2. Кога се аплицира и се зима концесија одговорните лица на здружението потпишуваат разни документи под целосна кривична и материјална одговорност, а тие документи се потпишуваат врз основа на моментално важечките закони, услови во тендерската постапка и секако риболовна основа. Така што неблагодарно е да се зборува за овие работи како на пазар, у стилот, ај бе вие земете, па после ќе се менува закон, риболовна основа и незнам што. Тоа е законски и правнички НЕИСПРАВНО. Кога зимаш концесија се обврзуваш на услови кои важат за следните 6 години. Кој мисли дека е поинаку, бујрум нека биде одговорно лице, нека аплицира, впрочем и правни лица денес можат да аплицираат (читај секој може да аплицира)
3. Тоа за ревирите, “кој ќе ти го даде“, нема што некој да ти го даде ревирот, ревирите се на државата, таа ги огласува кога поминува периодот на концесијата, или истата е одземена и во постапка се сите еднакви, тој што ќе понуди повеќе во однос на критериумите тој ќе го земе ревирот. Тоа не зависи дали некој сака да ти го даде или не. Тој што сака да го земе, треба да понуди нешто повеќе од другите заинтересирани.
4. За конкретната помош на некое здружение, во насока на поддршка за негово идно зимање на концесија треба сериозен моабет на маса, со сериозни гаранција како и кој може да помогне, а инаку од куцање по форум и моабет во ветер, ништо не се прави.
5. Целите и активностите на здружението РИБАР јасно се наведени во Статутот на здружението. Од таму, средствата што се прибираат и се користат на повеќе места во Македонија и за интересот на разни рибари во цела Македонија. Така што формулата, дајте све да се употреби за еден ревир е контрастатутарна и контра на целите за кои се формирало здружението. Ако некогаш РИБАР земе концесија и ги заборави другите делови од Македонија, јас ќе бидам првиот што ќе ја откажам поддршката на ова здружение.