www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 29, 2024 11:46 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 05, 2014 10:56 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Филип НапишиCOLON

Од друга страна Илија, покрај сите горе наведени неповолности, РИБАР беше спремен да аплицира за Треска 3, но излегоа некои “непредвидени“ работи и РИБАР во еден момент се откажа од аплицирање. Да не ти објаснувам што беше тоа, знаеш добро. Можеби на следниот конкурс, со чисти сметки и искрени односи, како и со малку изменета риболовна основа РИБАР ќе аплицира.
Nisto ne izleze tuku se iscenira.
Stetata bese vekje napravena a doverbata raznisana. Zimanjeto na Treska mozese da gi podobri tie odnosi. A nezimanjeto moze da gi dotepa odnosite.
Musicarite napravija cekor nazad, a koj cekor nazad go napravi Ribar?

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 05, 2014 11:22 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
не се работи за доверби и желби - концесијата е одговорност а најодговорен е оној кој треба да го стави потписот и печатот
на сите тие документи
кој е спремен нека конкурира - рибар ке му биде од помош , сега за сега есапите и математиките кажуваат друго

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 05, 2014 1:05 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
ilija НапишиCOLON
Uste ne mozam da si dojdam na sebe.
Svakjam deka Ribar 2011 nema da odi na koncesija i toa ne mozam da go svaram vo stomakot.
So sekoj nov oglas na koncesija ostanuvaat samo polosi i polosi reviri.Posle ovoj oglas ke bidat vo opcija ezerata vo Zelezara,nekoja bara vo Deljadrovci ili nesto od toj rang.
Kako i da e nikoj nema da ti dade koncesija na revir koj e super so dozvoli,super so riboloven fond,super so lokalno naselenie,super blisku,super so vodostoj,super so infrastruktura.....Takov revir ne dobi nitu edno ribolovno zdruzenie vo MK.
Takov revir ne ni postoi.Revir se gradi.Revir e proces.Proces vo koj gi menuvash rabotite.Go menuvash ribniot fond,go menuvash likot i ekologijata,gi menuvash ribolovcite koj lovat vo toj revir,go menuvash nacinot kako lokalnoto naselenie gleda na toj revir,go menuvash zakonot i ribolovnata osnova,go menuvash ribolovot kako rekreativna granka na nacionalno nivo,ja menuvash heterogenosta na clenstvoto vo drustvoto,go menuvash modelot kako treba da izgleda edno ribolovno zdruzenie...
Samo da ne bidam gresno razbran.So ova ni najmalce ne aludiram samo na Treska koj e "moj" revir.
Dokolku ne se zeme bilo koj revir ke ostane da kuckame uste edna godina na tastaturata.
Ako Ribar 2011 so site potencijali sto gi ima(da ne gi nabrojuvam) ne se osuduva da zeme koncesija togas kako da se osudi nekoe malo drustvo od Pehcevo da zeme koncesija na nekoe lokalno ezero ili rekice?
Moze malce porevnosno zvucam ama ke puknam ako ne kazam. :head_bang:
I porano imam kazano.Koncesiite se davaat na 6 godini.Sega imam 36 godini.Sleden pat koga ke bidat site koncesii vo igra ke imam 42 godini :cray:
Темата е Концесии 2014, а ја усмеривте во Треска-РИБАР, треба да се продолжи во друга тема.

Инаку неколку работи кои мислам дека треба да се појаснат, затоа што гледам дека се погрешно разбрани.

1. Концесиите се даваат на 6 години, таму каде што има пријавено, инаку каде што нема пријавено, се објавуваат во секој следен конкурс на концесии, а тоа се случува на секоја половина година или на секоја една година. Или кажано просто во примерот со Треска, ако никој не ја земе на сегашниот оглас, ќе се објави во следниот оглас, кој нема да биде после 6 години сигурно.
2. Кога се аплицира и се зима концесија одговорните лица на здружението потпишуваат разни документи под целосна кривична и материјална одговорност, а тие документи се потпишуваат врз основа на моментално важечките закони, услови во тендерската постапка и секако риболовна основа. Така што неблагодарно е да се зборува за овие работи како на пазар, у стилот, ај бе вие земете, па после ќе се менува закон, риболовна основа и незнам што. Тоа е законски и правнички НЕИСПРАВНО. Кога зимаш концесија се обврзуваш на услови кои важат за следните 6 години. Кој мисли дека е поинаку, бујрум нека биде одговорно лице, нека аплицира, впрочем и правни лица денес можат да аплицираат (читај секој може да аплицира)
3. Тоа за ревирите, “кој ќе ти го даде“, нема што некој да ти го даде ревирот, ревирите се на државата, таа ги огласува кога поминува периодот на концесијата, или истата е одземена и во постапка се сите еднакви, тој што ќе понуди повеќе во однос на критериумите тој ќе го земе ревирот. Тоа не зависи дали некој сака да ти го даде или не. Тој што сака да го земе, треба да понуди нешто повеќе од другите заинтересирани.
4. За конкретната помош на некое здружение, во насока на поддршка за негово идно зимање на концесија треба сериозен моабет на маса, со сериозни гаранција како и кој може да помогне, а инаку од куцање по форум и моабет во ветер, ништо не се прави.
5. Целите и активностите на здружението РИБАР јасно се наведени во Статутот на здружението. Од таму, средствата што се прибираат и се користат на повеќе места во Македонија и за интересот на разни рибари во цела Македонија. Така што формулата, дајте све да се употреби за еден ревир е контрастатутарна и контра на целите за кои се формирало здружението. Ако некогаш РИБАР земе концесија и ги заборави другите делови од Македонија, јас ќе бидам првиот што ќе ја откажам поддршката на ова здружение.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 05, 2014 2:06 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Crven НапишиCOLON

1. Значи треба да се игра само на “ЗИЦЕР“ ???
2, Енклава :mrgreen: со 2 метри жица низ која тече 220 волти струја :mrgreen:,е за такво место и баба ми Мирса :D ќе конкурира :mrgreen:
3. Тој што се нафатил да биде одговорно лице требало да знае дека функцијата носи и одговорности.
4. За распределба на прибрани средства, без некоја посебна мака и пот :mrgreen: , најлесно е да се одлучува. :D
5. цитат “ Ако некогаш РИБАР земе концесија и ги заборави другите делови од Македонија, јас ќе бидам првиот што ќе ја откажам поддршката на ова здружение“.
Што значи ова навистина ми е тотално најасно !!!!!!?????
Имаш своја концесија, а се грижиш за комшијата !!!!?????

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONСре Maр 05, 2014 3:28 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Столе...
1. Нема врска со “ЗИЦЕР“, туку со временски период на доделување на концесии, моабетот не е ако сега некоја вода не падне под концесија, дека следна можност ќе биде после 6 години, туку дека за скоро време таа вода повторно ќе биде огласена за концесија
2, незнам што сакаше да кажеш со тоа,
3. Тој што се нафатил да биде одговорно лице требало да знае дека функцијата носи и одговорности - точно ама тој/тие што се нафатиле да носат одговорности не се будали свесно да лажат институции, да рескираат одговорност и да стојат позади концесионирање кое не е во ред. Не викам дека такви концесионери не постојат, ама тоа е и една од причините зашто се формира РИБАР, зашто на луѓето им е преку таквото од здруженија и концесионери кои работат мутно и не стојат позади тоа што го ветиле, т.е аплицирале.
4. За распределба на прибрани средства, без некоја посебна мака и пот :mrgreen: , најлесно е да се одлучува. :D, - Столе не се работи за распределба, туку сосема обратното прибирање на средства, за распределба се согласувам без некоја посебна мака и пот се одлучува, но прашање е како се прибираат и кој помага за тоа
5. цитат “ Ако некогаш РИБАР земе концесија и ги заборави другите делови од Македонија, јас ќе бидам првиот што ќе ја откажам поддршката на ова здружение“.
Што значи ова навистина ми е тотално најасно !!!!!!?????
Имаш своја концесија, а се грижиш за комшијата !!!!?????
Тоа значи дека ако земеш ревир тој ревир сам од себе, со нормално, домаќинско и посветено работење треба да ти ги обезбедува средствата за тој ревир (чувари, порибување и сл.обврски), а не да ги трошиш и другите средства кои ги акумулираш на тој истиот ревир, или попросто да трошиш средства од членарини, лицитации, банери и сл.само за тој ревир. Средствата на било кое здружение се трошат според интересите на мнозинството негови членови и поддржувачи, а во РИБАР (како што јас ги разбирам работите) интересите никогаш не биле, ниту ќе бидат врзани само за една вода, или начин на риболов, туку за повеќе води и во повеќе делови на Македонија.

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 06, 2014 12:32 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
ilija НапишиCOLON
Koga zboruvame za promena na R. O. me interesira dali Ribar go isprati mojot dopis za izmena na R.O. i dali ima odgovor?
Ova sakam nekoj da mi go odgovori.Bese dostaveno do U.O. pa ima povekje ludje koj mozat da mi go kazat odgovorot.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 06, 2014 8:39 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Тоа од 01.10.2013? Не е испратено. Во тој период Треска 3 имаше концесионер и немаше можност ние да им се мешаме, а сега веќе не гледам поента.

Инаку, околу риболовните основи, разговарав со Васил и со Баци, Васил до скоро собираше предлози од концесионерите за измена на риболовните основи, а по редот на нештата, во 2015 веќе ќе се изработуваат нови риболовните основи за сите ревири бидејќи старите престануваат да важат во 2016. Му спомнав на Баци дека сакаме да дадеме предлози за Треска 3 да се измени, прво се насмеа и ми рече дека ние не сме концесионер да даваме предлози, па дополни дека и да дадеме предлози, ако држат, ќе се имплементираат во новите риболовни основи во 2016 година. Така да, имаме време.

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 06, 2014 2:57 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
tacno ;)

_________________
http://www.carpologija.com/

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 06, 2014 5:33 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Филип НапишиCOLON
Тоа од 01.10.2013? Не е испратено. Во тој период Треска 3 имаше концесионер и немаше можност ние да им се мешаме, а сега веќе не гледам поента.
Na 01.10.2013 bese prerano a sega e predocna.
Koga bese dobriot period za isprakjanje na ova pismo?
Dali mozebi koga Merkur ke vleze vo sedma vrata a Mesecinata vo Venera?

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесии 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Maр 06, 2014 5:43 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
Филип НапишиCOLON
Инаку, околу риболовните основи, разговарав со Васил и со Баци, Васил до скоро собираше предлози од концесионерите за измена на риболовните основи, а по редот на нештата, во 2015 веќе ќе се изработуваат нови риболовните основи за сите ревири бидејќи старите престануваат да важат во 2016. Му спомнав на Баци дека сакаме да дадеме предлози за Треска 3 да се измени, прво се насмеа и ми рече дека ние не сме концесионер да даваме предлози, па дополни дека и да дадеме предлози, ако држат, ќе се имплементираат во новите риболовни основи во 2016 година. Така да, имаме време.
Kako toa ima vreme koga Vasil do skoro gi sobiral predlozite?

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site

Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2

Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 32 and 0 гости

Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum