РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm МислењаCOLON1221 ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Еееее.... да да...Нека си ја пеат годинава.....
Баш така.... Bila je tako ljepa....
Оваа репортажа со задоволство и заслужено им ја посветувам на Црвениот и Влатче....
Заради еден прекрасен удар, и уште поубава риба која што нажалост заради хаосот во чамецот предизвикан од мојот конец Црвениот ја изгуби во жарот на борбата... А Влатче (Лале) заради неговите мускули
Се случи на последниот риболов.... Прекрасен риболов... Моменти со пријателите кои го продолжуваат животот....
А се започна како и секогаш ........со една порака во доцни вечерни часови.... .( Ми се иде на Козјак ми се лае.... Следи убав викенд, можеби ке прелажеме некоја пастрмка)
И реакцијата не изостана.....Резултатот од пораката следи во следните неколку редови.....
....Борис ми се јави утредента откако му ја пратив пораката. Рече дека и него го чешал га*от за риболов. Не ни требаше многу објаснување. Му се јавивме на Мишо (Кременадла). Тој почна да го тупи дека имал обврски, работа, приватно, државно...
Следуваа неколку повици на неговиот број по што нормално веќе претпоставувате... Го договоривме капетанот на нашиот брод..
Лале беше четвртиот член на посадата. Спремен како и секогаш за добра дружба ама овој пат со антибиотици
Го договоривме терминот, средивме намирниците и се упативме на договорената локација, каде што не чекаше чамецот.
.....Брана Козјак.... мммм..... мераци, ветувачко време,пријатели, ракиичка, мезиња....аууууу ама и носење на опремата на раце
Некако се товаривме, претоваривме, натоваривме.... ја креснавме пентата и ја запи*ивме низ бистрите води на езерото...
Падна и облог.... Се поделивме на две екипи. Едната јас и Борис, Другата Мишо-Кременадла и Влатче-Лале...
Кој фати повеќе риба, и кој ке биде победник ке ужива во ладно пивце и мезе кај Марков Манастир
Кременадла- коловоѓа нешто ми беше намрштен на почетокот.... Некако како да не беше наштелуван....
А трските си го работеа своето .... ги водеа воблерите во потрага по она што сите го очекувавме овој ден...Риба...
И тоа е било каква.... туку предаторот по кој сите копнееме... Грабливецот наречен пастрмка.....
Возевме веќе некое време.... А за тоа време успеавме само да го поправиме расположението на Кременадла.....
Нормално со туна салата и ракија
Мишо возеше а админот ја спремаше ....
Јас и Лале бевме забуљани во врвовите.... Можеби и помалку забегани со мислите... онака опуштено на првото утринско сонце...
КОга за првпат се случи она по кое што бевме дојдени....
Удар...
Скок....
Влечење...
Пастрмка е... е не еее....
Малку зајадливи муабети поради облогот... ПА снимаш ли...или неснимаш..... и мојата вечна желба... Уживање во скоковите на рибата...
Се боревме кратко.... Staysee-то од бате Сале си ја заврши работата
Излезе убавицата да се запознаеме....
Моја втора во кариерата...
Позиравме...
Бев пресреќен ... Беше само 10:30ч а веќе имавме риба... И не само тоа--- мојот тим водеше !!!
Се сместивме.... работите стивнаа... еуфоријата полека запре....
Беше време за мезето од админот и ракијата.....
Мишо уживаше во втората чаша топло кафе...
ПОмина некое време.....свртевме некој круг.... Езерото беше тепсија... мирно како огледало....
И тогаш повторно спокојот ни го прекина нејзиното височество..... Со величествени скокови го разбранува езерото, и ја натера машинката да го произведе оној добро познат звук заради кој и најчесто одиме на риболов.....Втората денес...
Уживајте
Спобудалев... Адреналинот беше на највисоко ниво.... Веќе водевме со 2:0
Црвениот дводелен воблер Jerry со црни точки во декор пастрмка ја прелажа овој пат !!!
Рибата проработе....
Едноставно како да не ни се веруваше... Споделувавме информации менувавме тактики за сите да добијат удар... Мишо не се откажуваше од мојот подарок кој го доби дента... Sebille... Доста долг, чиниш жива плашка рипка низ водата....Максимално го форсираше !
И набрзо се докажа дека со мерак сум му го дал...
Неговиот 3 метарски Рон Томпсон се свитка како кифла..... Феноменален удар навремена реакција но небеше негова.....
По рибата се истурија куп мајки шајки сестри и блиски женски роднини до трето колено.... по нејзиото откачување
Настапи мало разочарување....
Пладнето веќе одамна беше поминато. Да не речам дека само јас задоволно размислував за одење дома ....
Но останатите несакаа ни да чујат...
Админот тактизираше спокојно... Иако водиме со 2:0 сака и тој да се упише во дневникот на езерото за тој ден...
По договорената промена на воблерите го започнавме новиот круг....Круг досаден како и сите претходни кои завршија без удар и реализација. Круг кој по ништо не асоцираше на повторен адреналински шок....
Но кога најмалку очекуваш.... Админот е во игра....
Лудило во чамецот....
Претумбации.... Среќа... Нервоза.... ИЗмешани чуства....
Добра риба богами... се гледа по врвот...Мишо веќе почна да снима...
Админот Ја држи катаната со две раце... Не се дава рибата....
НО повторо малерот си поигра со нас....
Вината е комплетно моја....
Во моментите кога се обидувавме најбрзо да ги извадиме мамките од вода, со цел Борис да има комплетна контрола над рибата од секој агол, мојот воблер од пребрзо мотање излета од водата и се префрли преку неговата трска.....
Следниот клип кажува се...
Памет за друг пат....поготово кога 4ца риболоват во еден чамец. Ништо намерно, извини Борис уште еднаш !!!
Пробав да се извлечам со туршија и ракииче...
Му дојде како диазепам...
Немаше потреба да ми се лути.... Ништо намерно...
И во моментите додека се објаснувавме кој што требаше да направи во случајот.....Во чамецот се случи ново родео....
Јухууууууу.... ЛАле беснеешееее....
Вриштење.....
Стапот секој момент очекувавме да се искрши....
ЛАле имаше ѕвер на јадица....
Прекрасна пастрмка...Скокна повеќе од 10 пати...
Несовземени од претходната ситуација со Борис веќе имавме нова драма...Нов момент за паметење...
ЛАле мудруваше...Беше насилен во вадењето на рибата.Сакаше со клоци да ја истера надвор, па не ни посегна да го отпушти амортизерот малку...Таков му беше стилот
Гледавме како телиња во шарена врата... и нормало ВРИШТЕВМЕЕЕЕ од возбуда....
5-та пастрмка дента.....
Едвај се свести Мишо да ја вклучи камерата која што му беше на глава....
И во целата таа брканица успеа да го долови само овој прекрасен скок на убавицата пред да замине со се воблерот во уста...
Сума сумару..... 5 страшни удари, 2 реализации.... 2 откачувања.... 1 кинење....
Во еден ден....
Па тоа е повеќе од доволно за еден риболов на пастрмка да биде прогласен за успешен....
Си ги собравме парталите.... и лека полека се упативме накај колата.... со полни гради кислород... Сеуште растреперени од адреналин и возбуда...Со мислите далеку во длабоките води....Барајки ја пастрмката на Лале која беше капиталец на денот....
Се прибравме, влеговме во кола, и заминавме.....
Заминавме оставајки зад нас прекрасно поминат ден.... Ден за памтење.... Ден кога 100 пати се прашавме...
ИМА ЛИ ПАСТРМКА ВО ЕЗЕРОВО ???
Заминувавме од езерото, но не јадеше јанза, 5 удари на пастрмка во еден ден, тоа сосема ретко се случува, можеби на неколку години еднаш. Админот и Мишо се присеќаа како пред 3 години имаа еден таков ден, но и како изминатите две години во ист период имаше целосни промашувања. Кога јаде треба да се искористи денот/деновите. Аххх да можевме да останеме, се туфкавме сите, но денот беше недела и утре дента сите бевме на работа...
Дојде и Понеделник, сите бевме на работа, но само физички, паметот беше на друго место...
Во главата врзував копчи, и менував воблери
Уживав во Боними....Понеделничко поховано мезе... Раатот ми го прекина повторнон тој....Црвениот ....И неговата генијална идеја
Да зимам одмор и да одиме на 2 дена со преспивање... Да тргнеме веднаш...ноќта....
Не ми требаше многу. Искористив џокер..! Шефе фала ти
Сите се растрчаа по работа да молат за 2 дена. Единствен што не успеа беше Лале, јебига .....
Ги поделивме обврските, се натоваривме и ајмо јово на ново истата маршута...
Во Вторник веќе бевме повторно на вода...
Имавме клуч од една викендица, имавме мезе, имавме одлично езеро, прекрасна атмосфера и секако високи очекувања, дека еве пред само 2 дена имаше активност на пастрмката, сега би требало да имаме уште повеќе удари....
но како викаат “по утрото се познава денот“,....
Прво почнаа заебанции со пентата, не пали, пали, курблај, поти се, мењај свекици, шмирглај, брусај, малку повози, па пак проблеми.....
Истата онаа пента која пред два дена беше кралица на езерото... Предеше... овој пат нешто ни се беше налутила само прдеше
Паралелно со проблемите со пентата одеа закачувањата на воблерите, посебно кај Црвениот.Абе мислиш компир99 е со нас а не Борис.
Еден закачи, скини, друг закачи скини, трет закачи скини....нека им е бистра вода ....
За да не биде се така малерозно, се погрижи првиот удар и првата пастрмка дента.....
Искрено Неочекувано
Ама пак затоа ни пружи задоволство на сите... НЕ спобудале...
НЕ освести за миг..
Ми удри мене...
Помогна борис трската да заокружи низ чамецот...
А ја докрајчи Кременадла...
Вистинска убавица ..
Тешка 1.850кг
Мој личен рекорд
Опрема
Трска Byron 10-40g
Машинка SPRO Blue ARK 4000
Плетеница Berkley 0.12
Воблер Rapala Tail Dancer
Вака изгледаше моментоѕ на борбата
И Кременадла не пропушти да се окадри со неа...
Имаме удар, тоа значи повторно ќе биде активна, ќе биде елдорадо си помислувавме
Времето беше одлично, сонце со малку облачиња, езерото мирно со малку ветре, вистински одмор за душа, впрочем како и што е овој тип на риболов, без многу замарање...
Паралелно џапавме ракииче..
Мезевме некои одвратни работи (од вратот )
Овој пат Кременадла беше на антибиотици...
Да тибам малерот...
Дојде време за ручек...
Има ли поубав момент кога со другарите го делиш лепчето...
Па уште и на вода... Aбе ќеифови....
Овој пат сарма... Мрсна... и уште со пушено ребро..... Ауууууууу
...Печена сува пиперка....
И лукче.... чисто онака за шмек...мх мх мх....
По ручекот... падна притисокот.... а со него и очекувањата спласнаа, се менуваа тактики, воблери, се внесуваа во игра разни фаворити и добитни варки, но пастрмката ја немаше овој пат.
Првата од сабајлето беше и последна дента, немаше ни удар, ни откачување, ни ништо.
Кленко исто така го немаше никаде. Сепак ние си одмаравме душа и бевме особено расоложени што овој пат нема да си идеме дома, туку ќе спиеме тука на езеро, а утре повторно сме на вода со нови очекувања.
Проблематичниот ден го завршивме со тоа што не стемни пред да искочиме на копно и пред да ја најдеме викендицата, а езерото бидејќи е особено паднато, некои викендици се доста нагоре.
Таквата грешка ја плативме со едно саат време искачување по угорници, пробивање по грмушки, барање на пат во црна темница, препотување по 100 пати...
Но и на оваа голгота и дојде крај... Се исплатеше маката....
Конечно бевме во викендица....
утоп испотени...
Си запаливме ќумбенце, се средивме, си стокмивме кафенце, па мезенце...
Испивме по некоја ракија па поставивме и вечера... па гравче, па кобасички, па рибарски приказни, јас фатив , ти фати абе прекрасни рибарски моменти....
Мишо веќе ги крчкаше...
Набрзо не совлада сонот....
Уфф какво ли спиење беше тоа...
Сабајлето не разбуди првиот зрак сонце и прекрасниот поглед кон езерото.
Сркнавме по едно кафе и веднаш назад во чамец, нов ден е пред нас .
Се коваа стратегии, се предлагаа места, се бираа првотимци воблери и денот мирно си течеше...... нажалост без удари и без некои поголеми возбудувања.....
Првиот удар некаде околу 10 часот дојде кај админот на џиг воблер,...
...одличен удар, кифлење на трската, куса борба и откачување мајки, шајки, тетки.....нема врска, но..... тоа е тоа....
Животот си врви понатаму.......
Со него и нашиот риболов...
Околу пладне нов удар..
Овој пат кај Мишо...
Започна жестока борба, возбуда, адреналин....
За поголем малер рибата влезе во една грмушка, па некако Мишо ја извади, па влезе во друга грмушка, па пак излезе.....или во видео тоа изгледаше вака (возбудата си го прави своето, камерата снима наопачки едно време )
Излезе прекрасен кленко, еден од оние убавите Козјачки бабачковци кој овој пат тежеше 1.620 и му пружи одлична борба и му го подигна адреналинот на Кременадла.
Вагата на Savage Gear одлично ни се најде во моментот....
Метрото кое е составен дел од неа покажа близу 50 сантиметри...
За жал тоа беше и последниот удар дента. Уште еднаш се покажа дека нема правила.
Ако во Неделата сметавме дека правило е ако имаш повеќе удари од пастрмка на Козјак, таа јаде тие неколку дена и додека не се променило време или други околности продолжи да ловиш, веќе во средата свативме дека НЕМА ПРАВИЛА колеги...
Си го теравме чамчето кротко....
Веќе теравме накај дома...
Нормално континуирано мезевме....
Повторно туна салата...
Кромидче...
...Лимон...
Мајонез...
По пат му ги броевме коските на езерото...
Жалосно....
Полупразно....
Воблерите беа мелем за гранките....
Оваа карпа компир99 добро ја знае...
И Крсте...
Баравме сенка под неа...
А сега е далеку горе....
....
На враќање влеговме и во првиот залив...
Повеќе од радозналост и љубопитство.... Заливот на големите кленови... А тамо.... све је исто...само клена нема....
....Се прибравме... се спакувавме... по втор пат во три дена... Задоволни, одморени, со послаба реализација од претходниот пат се упативме кон нашите домови.... Се поздравивме со езерото....
............... НО ВЕРУВАМ НЕ ЗА ДОЛГО
......... БИСТРО КОЛЕГИ !!!
_________________ Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица
Дечки ме оставивте без зборови
вакво нешто ретко се случува а вие ја имавте таа можност да се запознаете со ..ПЕЃАВАТА ..
Рибари во права смисла на зборот,може само да ви посакам секое рибарење да го имате истиот а и подобар улов.
Да ве поздравам сите комплетно и се гледаме на вода.
БИСТРО нека ви е за цела сезона.
ОВА Е РИБОЛОВ за паметење . Капата долу.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Sekoja cest momci,vi zaviduvam vo vistinska smisla.Ova e vistinski reper kako treba da izgleda edna reportaza od riboloven den.....uste ednas SEKOJA CEST!!!!
_________________ HORTIKULTURNO UREDUVANJE NA DVORNI POVRSINI
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Два пати ја читав репортажата и ги изгледав видеата.
Имам впечаток дека Даре кога ја пишувал репортажава сеуште бил под дејство на адреналин, иако од тогаш поминале неколку денови
Секоја чест дечки за одлично поминатиот тридневен риболов и за одличнo пренесеното во репортажата.
Еден ден морам и јас да го доживеам овој Козјачки риболов на пастрмка, се надевам дека ќе биде тоа за брзо.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm МислењаCOLON1221 ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Црвениот помогна доста за репортажата. Посебно со видеата. Сепак волку долга, обемна и сеопфатна репортажа бара труд и време.Со време сите сме тенки...
А репортажа ради реда не бива да се прави.
Овде се обидов да опфатам се...
Од мамци, мезе, време, пцовки, ракија.....
Чисто ради мерак...
.....и мислам дека добро сум го направил тоа....
Емил верувал или не јас неколку пати веќе ја читам репортажата...
_________________ Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 23 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум