Епа колеги , еве и јас решив да го кршам мразот
Решивме со екипата да идеме негде да фрлиме "крастата" , бидејки добри три месеци нигде немавме излезено.
Кај да се иде, зима е , изборот е тенок. Вардар или канали Грција падна дилема. Идеме канал, ај да видиме што толку пола Македонија таму запнале да идат. Спремање опрема храна и малер што се вика у 5 до 12 ручна , од екипа 4ца што идеме, 2ца откажуваат, среќа јас сум шоферот
. Анекс договор со другаот и идеме нема назад
По пат некои магли некој ситен дожд, а најавуваа сонце ке пука, море се у пм и прогноза и време.
Тргнавме покасно, колегата го бараше пасошот пола саат , му го затуриле негде , иначе он стално си го чувал на место
, а ја си чекам пред зграда и го чекам да му удрам една заушка за памет
Кога стигаме што да се види лепота
Сонце мава право у око
На местото митинг, место неможеш да фатиш
Најдовме место се сместивме и почнавме со ловење
Решивме караш да ловиме, од опрема , трска 5м , конец 16ка, јадица 10ка, мамец црн црв. И почнаа да се редат ко на лента
. Имаше и покрупни парчиња
На бел црв јадеше црвеноперка ситна, неа ја оставивме да порасне
На крајот резултатот , задоволни, имавме по 6-7 кг од човек, и од тие 6-7 кг сигурно 2 кг ги пуштив назад , најситниот караш,
Може за некој е малце за некој многу таа количина , мене ми беше таман, кејфот си го направивме , излеговме на вода , добра екипа, времето се погоди, со еден збор си поминавме ПРЕКРАСНО .
Репортажава ми е прва и е далеку од идеална , (од Оки рибар репортажа) ама ке биде и таква . Битно се скрши мразот се фрли крастата и сега сме спремни за нов излет нова репортажа , многу подобра