Убаво е да имаш желби и уште поубаво е да ти се остварат.
Вие што вака револуционерно се освестувате и барате Македонија да се погрижи за Вас, прашајте се што Вие сте сториле за да се оствари тоа што го барате (освен овие постови). Уште 2000 година нашава работа се споредуваше со копачките на фудбалската репрезентација на МК (кој ги купува).
Лесно е да критикуваш и бараш, а не ти паѓа на памет да организираш еден куп, еден натпревар, па да видиш што се финансии, награди, судии. Да видиш што ќе ти се случи кога ќе тропнеш на вратата на АМС, на Телеком или Мобимак. Па ќе се спуштиш на ситни фирмички и ќе крпиш 50 Евра, 100 евра. И кога ќе пресметаш, нема ни 1/3 од потребното и им го кажуваш тоа на Репрезентативците на РМ во крапски риболов се случува откажувања на учества на СП (ниеднаш досега) или брцање во џеб. Но сепак се одеше.
Зошто?
Си седам домче и замислувам како победувам во Лигата 2014. Најдобар у МК (како Пепи)
Навечер легнуваш и со првото склопување на очите ти доаѓа слика како си се искачил на пиедесталот и си станал светски првак.
Ми се допаѓа размислувањето на Милчо и истомислениците, од аспект дека треба однапред да се испланира и да се соопшти. Токму тоа е направено. Конструкција за пат, котизација за СП, е направена (највисоки ставки до сега). И барањето и бркањето трае. Сизовско, секоја година, по врати, дај сокче, дај прашкаста, дај 200 евра.
Меѓутоа:
Не претерувајте со системски решенија како да сме во желботека, а не ги земате во предвид околностите и состојбите. Искрено ниту еден од нас не е професионалец во овој спорт, па ни Претседателот на МРФ. Ни еден до сега 100% не се посветил на нашава приказна. Не е тоа професионална обврска. Доброволно сме се здружиле и доброволно учествуваме. Секој си брка егзистенција на страна и сите сме со аматерски основи. Во обврските, работиме како аматери во буквална смисла, а во правата бараме да сме третирани како професионалци. Фудбалерот, тренерот негов, се професионалци и платени се за тоа.
Ние сме тие и така не третираат. Секаде е така. Па и во ЈАР. Ксметот им е што меѓу крапџиите имаат сопственици на рудници за дијаманти и за нив 100.000 евра се ситница.
Има време, трпение. На добар пат сме. Ќе дојде време и се ќе биде покриено. Кон тоа одиме. 20.000 евра и не е хималајски залак. Ценете го трудот на класниот и компанија, на Рибар 2011, зошто ако ја завртам главата наназад ќе видам друг претседател кој ни забрани учество на СП во Белгија, иако сами се си обезбедивме (некои памтат). Не бркаа од канцелариите на МРФ, "паралелни" бевме.
Ајде да си испецкаме убава Лига и како што кажа еднаш
, немој да се возбуџујете.
А за СП, според чергата. Не е се во парите. На некои СП, зад нас останаа гиганти (во секоја смисла, па и финансиска), како Русија, Англија, Хрватска, Италија, Франција ...
Точно е дека во Романија 2014 ќе одлучуваат некои специфични фактори. Наше е од она што го имаме да извадиме максимум (како во Португалија-сериозно). Добра организација, добра атмосфера. А за резултатот = НЕМА ПРАВИЛА.