www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 11:33 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 4:03 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Убаво е дружењето на вода, со вистински заљубеници во риболовот и природата. Како што вели убавата мисла "Битно е патувањето, а не целта", така и ние заедно со колегата Petrakki, дедо му Ристе (риболовец со долгогодишен стаж) и другарчето Кики тргнавме во една незаборавна риболовна авантура кон јужниот сосед. Првенствено, планот беше да одиме на море ( малку солен риболов 8-) ), меѓутоа пред да тргнеме одлучивме да одиме на некое езеро. И така во раните утрински часови горенаведената екипа се собра на зборното место, се спакувавме, мамците беа спремни, а и приказните на дедо Ристо кој направи патувањето да ни биде незаборавно. Пеце спремен за возење, будно внимава на патот, а дедо Ристо раскажува разно-разни риболовни авантури и не држи будни и наострени за риболов цело време. Кики иако нема многу часови и километража во риболовот(но има фатено желка на Мавровско, на тапа! :D :D 8-) ), полн со ентузијазам и ведар дух ја комплетира целата дружба/патување.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Времето и патот брзо ни поминаа ( а по пат одлучивме дека нема да одиме на езеро, туку на Ангитис јухуу!!! 8-) 8-) 8-) ) и стигнавме на реката. Прв пат одам на Ангитис и бев импресиониран какво рекиче е. Се гледа дека е богато со рибен фонд, времето сончево, гранки, дрва во вода, помали вирчиња и андреналинот почна да се крева. Дедо Ристо направи една обиколка и се врати сомничав. "Обично место не може да се најде на рекава, сомнително ми е. Палете колата до бензинска да прашаме да не има забрана, да не направиме некоја беља", рече искусниот риболовец. Прашавме (дедо Ристо праша, ние чекавме нестрпливо во кола :D ) и ни кажаа дека е слободно за спортско риболовење (значи без гребла,харпуни,мрежи и останати "врвни" средства за таманење на рибата), а по пат видовме табла со натпис - Забрана од 15 април до 31 мај - да си знаат тие што планираат да одат натаму. Се спуштивме на реката и почнавме да се распакуваме, да ја вадиме опремата, трските и останатите тракатанци, на брзина врзување и почнавме. Дедо Ристо и Кики си ловеа на тапа, а ние почнавме да фрламе разно-разни железа,блинкери,воблери. Xzoga-та и јас - Љубов на прв допир. Почнав да ја тестирам, да си менувам мамци, да зафрлам контра текот на реката, тестирање, насмевки и дедо Ристо се смешка со ситна попадика "Јас го избегнав црнецот, да видиме кој ќе биде следен" :D . Не поминаа 5 минути, осетив удар и ете ја! Почнав полека да ја носам кон брегот, молчам, си викам во себе да не сум закачил некоја крпа, ама мрда пустата, тресе, трската осетлива, и викнам по Пеце КЕПОООТ! Веќе се покажа на површина госпоѓица штука, додека да дојде Пеце со кепчето, ја извадив на брег. На радоста и немаше крај ( толку што бевме посветени на риболовот, не стигнавме да ја сликаме, а носев убав апарат :head_bang: ), продолживме упорно да ловиме, но среќата е променлива како месечината велат. Тоа беше се што ни даде реката тој ден. Добро, имаше и некои ситни попадичиња/бојничиња кои беа вратени назад, меѓутоа рибата ко да беше во длабок зимски сон. Никаква активност. Почнавме да ја шетаме реката со Пеце и видовме дека баш и не сме сами на неа, имаше бугари, наши луѓе исто така, и сите се жалеа на слабата активност. Сменивме многу локации, накрмивме со доста мамци по гранките надевајќи се дека ете баш позади тоа дрво лежи зајакот, но немавме среќа. Така пројде цел ден, но насмевките од лицата не ни исчезнаа. Напротив, полни со ведрина, ја поздравивме реката до следно видување со надеж за возбудливи рибарски авантури, бистро! ;)

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]



П.С. Ах, да, да не заборавам, Кики има видео со својата "кашика" и капитален улов, ама за тоа во друга прилика :D :D :D

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 10:55 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
eeee petraki be kukjo stara :lol:

od tolku sliki bash shtukata da neja slikavte? mi muttite neshto :lol: :lol: :lol:

pozdrav ekipo ;)

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:10 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
More more grcija ....
Ubavini e sekoj izlet na voda , ama stukiceto ste trebale da go skrapnete...
Sepak novo iskustvo za site vas , naredniot pat poveke grablivci da vi se besat na trokukite....
Ama pak popadikata e zakon....

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:11 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Феб 05, 2013 11:17 am
МислењаCOLON421
hahaha Aki policiski im nastapi :mrgreen:
odlichno dechki, skitanje si e skitanje!
:fishing:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:13 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Кики мислам дека има фотографија од рибата, јас за жал со мојот апарат не ја сликав. :roll:

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:18 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
ej nesomneno e toa deka ste fatile shtuka jas samo se shalam i niedna slika da nema jas ti veruvam tisi moj partner za takmichenje :lol:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:19 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 20, 2012 7:24 am
МислењаCOLON684
Хехехе, ма знам, знам, само и мене сега ми е криво што не ја чкрапнав со апаратот. Се заборавам на вода, не ми текнува на апаратот. :D :D :D

_________________
I can be hopeful out here even in failure because I know if I just go out there, it might be different, something might be different, something I do might make a difference.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:20 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Ostaj go Kristijan i kazi mu u kafiki poveke jade ....
Turi edna slika od net i neka puknat hahahahhaaa....

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:28 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Odlicno drugarcinja ,ubava priroda i vreme vi se pogodilo ,a fotografijata so Stukata i ne e bitna.
Vazno ja probavte opremata i si pominavte uste eden den na voda.

BRAVO :~~ :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Феб 20, 2014 11:35 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
okiribar НапишиCOLON
Odlicno drugarcinja ,ubava priroda i vreme vi se pogodilo ,a fotografijata so Stukata i ne e bitna.
Vazno ja probavte opremata i si pominavte uste eden den na voda.

BRAVO :~~ :~~
kakobe nee bitna ova e ribarska reportaza i ribi sakam da gledam ne manekeni :lol:
stoe rabotava chovechinja kje gleddame a xaxaxaxa

se znae edna grupna se pravi slika a drugite pejsazi i ribbi :!:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 13 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum