Убаво е дружењето на вода, со вистински заљубеници во риболовот и природата. Како што вели убавата мисла "Битно е патувањето, а не целта", така и ние заедно со колегата Petrakki, дедо му Ристе (риболовец со долгогодишен стаж) и другарчето Кики тргнавме во една незаборавна риболовна авантура кон јужниот сосед. Првенствено, планот беше да одиме на море ( малку солен риболов
), меѓутоа пред да тргнеме одлучивме да одиме на некое езеро. И така во раните утрински часови горенаведената екипа се собра на зборното место, се спакувавме, мамците беа спремни, а и приказните на дедо Ристо кој направи патувањето да ни биде незаборавно. Пеце спремен за возење, будно внимава на патот, а дедо Ристо раскажува разно-разни риболовни авантури и не држи будни и наострени за риболов цело време. Кики иако нема многу часови и километража во риболовот(но има фатено желка на Мавровско, на тапа!
), полн со ентузијазам и ведар дух ја комплетира целата дружба/патување.
Времето и патот брзо ни поминаа ( а по пат одлучивме дека нема да одиме на езеро, туку на Ангитис јухуу!!!
) и стигнавме на реката. Прв пат одам на Ангитис и бев импресиониран какво рекиче е. Се гледа дека е богато со рибен фонд, времето сончево, гранки, дрва во вода, помали вирчиња и андреналинот почна да се крева. Дедо Ристо направи една обиколка и се врати сомничав. "Обично место не може да се најде на рекава, сомнително ми е. Палете колата до бензинска да прашаме да не има забрана, да не направиме некоја беља", рече искусниот риболовец. Прашавме (дедо Ристо праша, ние чекавме нестрпливо во кола
) и ни кажаа дека е слободно за спортско риболовење (значи без гребла,харпуни,мрежи и останати "врвни" средства за таманење на рибата), а по пат видовме табла со натпис - Забрана од 15 април до 31 мај - да си знаат тие што планираат да одат натаму. Се спуштивме на реката и почнавме да се распакуваме, да ја вадиме опремата, трските и останатите тракатанци, на брзина врзување и почнавме. Дедо Ристо и Кики си ловеа на тапа, а ние почнавме да фрламе разно-разни железа,блинкери,воблери. Xzoga-та и јас - Љубов на прв допир. Почнав да ја тестирам, да си менувам мамци, да зафрлам контра текот на реката, тестирање, насмевки и дедо Ристо се смешка со ситна попадика "Јас го избегнав црнецот, да видиме кој ќе биде следен"
. Не поминаа 5 минути, осетив удар и ете ја! Почнав полека да ја носам кон брегот, молчам, си викам во себе да не сум закачил некоја крпа, ама мрда пустата, тресе, трската осетлива, и викнам по Пеце КЕПОООТ! Веќе се покажа на површина госпоѓица штука, додека да дојде Пеце со кепчето, ја извадив на брег. На радоста и немаше крај ( толку што бевме посветени на риболовот, не стигнавме да ја сликаме, а носев убав апарат
), продолживме упорно да ловиме, но среќата е променлива како месечината велат. Тоа беше се што ни даде реката тој ден. Добро, имаше и некои ситни попадичиња/бојничиња кои беа вратени назад, меѓутоа рибата ко да беше во длабок зимски сон. Никаква активност. Почнавме да ја шетаме реката со Пеце и видовме дека баш и не сме сами на неа, имаше бугари, наши луѓе исто така, и сите се жалеа на слабата активност. Сменивме многу локации, накрмивме со доста мамци по гранките надевајќи се дека ете баш позади тоа дрво лежи зајакот, но немавме среќа. Така пројде цел ден, но насмевките од лицата не ни исчезнаа. Напротив, полни со ведрина, ја поздравивме реката до следно видување со надеж за возбудливи рибарски авантури, бистро!
П.С. Ах, да, да не заборавам, Кики има видео со својата "кашика" и капитален улов, ама за тоа во друга прилика