За овај викенд договорот падна да се оди на Црн Дрим, за дружбата беа пријавени повеке наши колеги али од оправдани причини не можеа да присуствуваат. Договорот беше да кај 6 и 30 се најдеме на лук оил на излезот од Битола, да пиеме по едно кафе и полека да си го фатиме патот за Струга од каде требаше да го земеме и Емил и потоа правец за Добовјани
Екипата од битола бевеме: Јас, Тони, Менде, Тони (solar - од форумот)
некаде кај 8 часот пристигнавме на река и ја почнавме дружбата планирана за тој ден, беа најавени повеке колеги али секој со свои обврски кои им беа неодложни па неможеа да бидат дел од атмосверата на терен ииако цел ден беа во контакт со нас
- поздрав и до нив
Добовјани - утринска речна идила
Денот за милина само за правење излет и скара. Водостојот на дримот како се гледа и од сликите беше низок и немаше некој знак за присуство на риба во тој дел, не видовме нити еден утрински поздрав да скокне нешто и да даде некаков знак. така да Менде и Тони останаа на тој дел кај Училиштето а пак Јас Емил и Тони(solar) заминавме од Вевчанската река према Фармите - да го извидиме тој дел и да пробаме како ке биде тука со рибарски активности.
На долниот дел само што застанавме на едно од местата за да провериме не поздрави една Пастрмка која цела излезе од вода. Тука на тој дел исто така не се покажа никаков знак од скобал па полека се вративме на првобитната позиција - кај колите и каде ги оставивме Менде со Тони и да одиме да пиеме по едно кафе во продавницата па потоа ке решиме што и како за понатаму.
-Договоривме да после кафето пофрламе уште малку и да ја распалиме скарата да каснеме да пивнеме како луге па што ке биде нека биде
на овај дел имаше само еден удар од клен друго никаде и ништо кај никого иако дојдоа и уште неколку риболовци да си ја испробаат среката, а и доста локалците кажуваа за добри улови пред неколку денови - али тоа е тоа секој ден со нова прикаска.
Скарата се распале и сите на Уживанција и на релаксација
После ручекот во релаксирана атмосвера решивме да се упатиме на друга локација и тоа да биде финалето од риболовот - Или Смрт или Слобода
Во второто полувреме се сменаа малку работите, рибата беше тука јадеше ама не како ние скарата што со сласт ја окркавме него доста пипаво, имавме доста удари многу откачувања ама и добра реализација со оглед на времето кое го ловевме на тој дел
После дружбата на вода Танче нешто видно налутен не чекеше во едно кафанче(можи 3-4 пати се јавуваше абе ајде до кај сте )-и тука веке почна Третата димензија на целото дружење - тука и сам не знам како ама си избришав доста матерјал со слики од тел(да се плукнам во то фејсбукот- тој е крив).
Се на се одлично поминат ден со пријателите покрај вода, за оваа год ке се прават доста репортажи од овај терен пошто веке и си извадивме Годишни Дозволи па овај серијал ке си продолжи
е па колеги БИСТРА ВОДА , БИСТРА ГЛАВА за да ви биде и БИСТРО и со риба
сите фатени риби се вратени назад во вода
пс- Репортажа не Чекам од никого - сам си правам
_________________ -------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------
e sega znajs spiro so pram jas
da ti se pluknam jas vo toa bavcite em raboti gi em jabolkata neka ti sedat vo magacin i toa po 10den
da ne mozi covek da izlezi da proseta
a bre spirka jas i ti koga ke se dogovorime da ojme zaedno
koga jas odam ti nemozis koga ti odis jas ne mozam
AMA AKO SE DOGORIMEEEEE
E TOGAS KE E MASOVNA RASPALJOTKA SIGURNO SAMO KE FATIME
Pozdrav do site prekrasna druzba ste napravile
i uste ednas sto ne dojdov a si bev ko coek uredno pokanet
AJ RAZGELE
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 25 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум