Јас едно време си правев екскурзија на мозокот со отварање веб-шоп..И кога направив математика се откажав одма..Стапив во контакт со Гарднер и за да бидеш нивни увозник директен-ексклузивен директно од Англија имаше некој минимум кој мислам дека беше околу 7-8000 еу(од прилика) комплет царина+транспорт и давачки..Тоа беше минимум за некои блистери само со ситни акцесоари,без конци,ролери и слично што имат Гарднер.Значи во старт само од еден бренд одат 10-15000еу,ако сакаш нормално да имаш скоро од се и да имаш количини од истото.
Потоа контактирав и со Нутрабаитс и таму беше од прилика исто мораше некоја минимална количина за почеток и после со можност да си нарачувам колку имам потреба без ограничување но прво ми бараа доказ дека сум фирма па да ми дадат официален ценовник и кој артикал колку кошта и што морам да купам за старт,ама од прилика Бил ми кажа колку е минимум.
Значи и во Нутра како втор бренд ти одат плус 5-6000еу па направете математика колку Ви требаат за старт и тоа само со два бренда,а со два бренда не можеш да бидеш озбилна фирма и да ги покриеш барањата на повеќето риболовци(крапџии) во Македонија.
Ова е минимум само роба,пресметајте колку би коштало веб-шоп кој ке функционира како што треба кој ке биде поврзан со сметката на фирмата за да може да се плака преку нет и се тоа како еден систем кошта многу плус околу 1000-2000 еу зборувам за озбилен веб-шоп кој ке личи на нешто не веб-шоп од некој средношколец кој ке го направи за едно „фала’’ и нема да личи на ништо. После имате фирмарина,комуналии,струја,вода,придонеси,радиодифузна такса
и еден куп заебанции..