Хм... ај вака би почнал:
Се се случи случајно преку лаф муабет на ФБ со пријателот Игор во средата па видов на интернет најавуваа убаво време за недела па викам чекај да му предложам дали ке сека да се договореме да направеме еден излет на нашата ни убава и блиска брана Мавровица. Како секој рибар кој копнее за на вода во овие денови и чека ТОП време така и Игор, веднаш се согласи. Викнавме уште неколку пријатели, од кои Кире, Столе, Боби и синчето на Игор - Андреј дојдоа, а пак некои не поради оправдани причини, но здравје наредна прилика.
Дојде сабота, се слушнав со Игор да договореме што ке земаме, но јас не бев слободен па тој се понуди заедно со Боби да земат потребните работи. Така и се случи.
Дојде и недела, денот што го чекавме, но не беше по планираното, времето место сончево и тивко тоа облачно и ветер, но веке спремни и ништо неможе да не стопира.
Стигнавме на местото и почнавме полека полека да се местиме.
Кој се загрева, кој месте боили,
а пак кој побрзал си месте свингери
Имавме малку проблеми со јакиот ветер ама тоа е
Се расчури скарата а со тоа и Игор беше задолжен за неа
Мајстор Кире не загрева со песни пред ручек
Бидна скарата па сите на маса
Потоа следеше малку забава со жива музика, па ни дојдоа и гости а со гости е поубаво
Се најадовме се напивме и како што беше редот да зачистиме малку околината
се кастреа дрвата за да потераат како што треба а за тоа беше задолжен Столе
сепак треба и одмор и тоа заслужен
Може да ги забележете кесињата до дрвото полни со отпад од претходни посетители
И за крај неколку слики од дружбата
Секако без трски на вода не се оди
И секако главните иницијатори за оваа дружба, Игор и Јас
Во кратки црти тоа е тоа што се случуваше на Мавровица овој ден, без разлика што времето беше лошо ние направивме да биде феноменално. Здравје да се стопли повеке времето правеме повротно дружба, се надевам со повеке народ.
Поздрав од мене до екипата нормално до цел форум а и пошироко.
Бистро пријатели !