www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пет Ное 15, 2024 1:01 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 5:38 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
После многу муабети и договарања за датумот кога да биде таа дружба организирана и да може секој да присуствува на тој спектакл беше договорено да на 24-01-2014год. сите да се собереме кај Златан во неговата Кука во Скелане.
Од Битола бевме - Менде, Јас и Коче.
Од Зеница дојдоа - Чата и Хикмет.
Од Нови сад - Ранко Травар и Нешо.

Како и беше договорено така и се одвиваа сите случувања. Временската прогноза беше јасна дека нема многу да ни се посреки со убаво време, него само што ке стигнеме во Скелани да не пречека некој слаб дожд кој после ке премине во Снег и температури од -6, -8 степени и така ке биде до 26-01 кога ние ке треба да тргнеме за назад. Нашиот договор беше да тргнеме во четвртокот на 23-01 негде кај 18, 19 часот после ручек за да другиот ден стигнеме во Скелани негде кај 12 часот. Вака изгледаше нашата рута која треба да се помине за да стигнеме на ДРИНА и на тоа ДРУЖЕЊЕ - повеке од 700 км. во еден правец :filip: :fishing: :eatdrink:
[ img ]

Товарање на сите потребни ствари во Каролајн(така Менде си ја вика колата) :D
[ img ]

Правец на бензиска да се тури гориво да се провери масло, воздух, антифриз, сретство за брисачи - по една слика и :arrow: со Господ Напред
[ img ]
[ img ]
Наредна станица ни беше Скопје каде што требаше да земемеме Трева за Ловење пресно набрана од Треска а и ус пат да му го предадам болокомплетот на колегата Петрески - поздрав и до него, ни посака срекен пат и дека ке чека репортажа на форум :tafta:
како што е редот ја поминавме и Триумфалната капија да ја искористиме и ние рибарите за нашата краста :D
[ img ]

Попатно застанувавме на повеке места да се малку освежиме со по едно еспресо а цело време се грицкаа переци, јадевме Фишермен Френдс бомбони, по некоја мандарина затоа што никој од нас не беше одмарал пред овај долг пат него јас сабајле си дојдов од работа, Коче до 16 часот беше на работа а Менде го затворе дуќанот кај 16 часот и ојде да се спреми за тргнување.
Првата попатна станица за еспресо
[ img ]
[ img ]
нашиот ранет Партизан :D со здрвена нога :mrgreen:
[ img ]
После тоа патот лета како бајка, леле само што се не се изнаприкажавме :lol: какви жени и каква чешма тоа може одма роман да се напише. Кога веке наблишавме накај Ниш почна да се најавуваат маглишта и патешествието стана доста озбилно, затоа што тука ке требаше да се исклучиме од авто пат и да возиме по магистрала се до Бајна Башта - Скелане а се врви низ сите нсалени Местенца не знам ни јас колку села поминавме :hit_head: после повеке од 16 часа патување конечно пристигнавме до ДРИНА
[ img ]

Нашиот домакин Златан не Пречека на сама Граница - 5ка човек одма ни се пофале со еден скорешен негов капиталец :volku_golema:
[ img ]
одма се сместивме во нашата соба, ставивме комбилизоните на нас и правец кон Џамин вир негде 2км. под браната перуча
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Тука останавме од кај 13, 13-30 часот до кај негде 17 часот тука дојдоа и Чата и Хикмет, рибата не беше нешто наклонета да јаде имаше само едно закачување и откачување кај Коче - скобалот го туркаше мамецот и кога така работи тешко е да закачиш риба како треба - да напоменам
- На ДРИНА Немој ни да помислите на Трокука систем :nono: таквиот начин овде ДЕБЕЛО СЕ САНКЦИОНИРА
инаку ловевме на Трева а пробувавме и за плотица но немаше никаков знак. Времето почна да се расипува и веке дождот кој беше најавен почна да врне
[ img ]
Се спакувавме и назад Скелани во куќата кеде бевме сместени да ја продолжиме дружбата со нашите пријатели
почнавме со домашна туршија, сторена зелка за мезе и едно 4 врсти на ракија меѓу кои и наша Домашна :eatdrink:
[ img ]
По кратко време пристигнаа и Ранко со Нешо - КООО БИИ РЕКООО ЧУУДААААА ДААА СЕЕЕ ДЕСЕЕЕ :D
дружење до касни утрински саати какви не муабети разврзавме :eatdrink:
Другиот ден кој ни беше планиран цел за риболов беше вистинска фантазија и Дрина преслечена во бела наметка како Навеста :D
за локација беше избрано ова место како таму го нарекуваат - САЈЛИ
Менде со Чата
[ img ]
Менде со Хикмет
[ img ]
Менде со Нешо
[ img ]
[ img ]
Пошто овде немаше знак од риба, немаше удар а и никој не виде да има некој скок од скобал и плотица едни останаа тука а ние се упативме на потегот према Братунац уз пат проверувајки неколку локации,
[ img ]
Менде со Ранко
[ img ]
негде кај 14-15 часот пристигнавме на еден дел од Дрина а воедно и последното место кое требаше да го провериме кое за овај период од годината дава риба
[ img ]
тука имаше неколку локални риболовци кои исто така се жалеа на слаба активност на рибата тој ден а дека пред некој ден добро поминале на ова исто место
[ img ]
[ img ]
[ img ]
После проверување на неколку позиции во тој дел се јави и првиот Скобал кај Ранко и тоа даде малце живот на целата екипа дека ке има некоја шанса за уште некој удар повеке. Секоја му чест навистина опасен скобалјаш и уште поголем човек со големо срце :NotWorthy:
На овај потег имав 3 закачувања на скобали и сите се откачија, Ловев на систем со една јадица-10ка каизу, 6 гр. тапа и подвез 0,10, главен конец 0.18

Морам да ви ги напоменам ПРАВИЛАТА кои важат за риболов тука
- максимум 4 скобали во чуварка, со 5тиот скобал Ловочуварот ве исклучува од теренот
- неправилно закачена риба(за перка, грб, стомак ......) истата се враќа назад во вода
- не е дозволено Грабуљање( џапање со трска) - ако ве фатат сте го ебале ежот, така да не ни помислувајте на такви тактики

така да кој сака да оди да лови на ДРИНА нека си го има ова во предвид и не само во предвид него како Оче Наш !

Сите скобали кој беа уловени тој ден беа уловени од големиот Дрински мајстор Ранко Травар, па така имавме што да испржиме за вечера а и виното да не е на Суво

една мала фотосесија со уловот а истовремено и збогување со ДРИНА до наредниот пат
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Има уште многу многу за пишување и за кажување а има и многу што неможе нити да се опише нити да се каже со зборови. Јас уште сега би тргнал за Дрина и за таа дружба со сите тие жестоки Луге

Голем поздрав до Ранко, Чата, Нешо, Хикмет, Златан со кои се договоривме дека ке правиме уште многи вакви заеднички дружења и не само на ДРИНА



БИСТРО ! до сите колеги

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 6:33 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Одлично Злате, супер се ваквите дружби и неверувам дека има некој кој не би сакал да е на твое место... Секое ново пријателство, секое запознавање на нови луѓе е едно искуство плус за секого и барем јас така тоа го гледам - едно богатство кое не се купува со пари. Поздрав и да ги донесеш и ти нив во Македонија, па да се покажеме и ние како добри домаќини во што не се сомневам воопшто. Поздрав до екипата и бистро!

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 7:11 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Сеп 11, 2011 8:30 pm
МислењаCOLON1171
ouuuuuuu Drina, alal da vi e :~~
cek da poglednam pak:)

a ne zafrlivte za mladica?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 7:31 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Aвг 15, 2012 11:28 am
МислењаCOLON2075
ЛокацијаCOLONKumanovo
Koj si znae si vadi :filip: :filip: :filip: , dobra druzba Bitolski sekoja cest. Sledniot pat pomini na gosti :D :D

_________________
BISTRO

Vremeto tamu mi e dragoceno za da si go gubam izigruvajci deka sum Stevo Karapandza

Alliance Carp Team

Предупреден


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 7:33 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Maр 07, 2011 11:21 pm
МислењаCOLON1581
Odlicno patesestvie bitolcanec veruvam si se iznauzival vo prirodata rekata i druzbata :~~

_________________
koj si znae ke si vadi
sto e tvoe ke si dojde
sjashi kurto da uzjase murto


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 8:10 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
bravo spire, iako mislevme deka reportazava ke ima drugo ime , dobro e i ova :D

edno prasanje do tebe,, zosto osnoven konec ,0,18mm so podvez 0,10,,, a lovis so 6 gr tapa,, ova ne mi e jasno...

sto dobivas so osnovnoit ne debel predebel,,,,

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 8:16 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Ах бе Спиро, каква чивија ми ставате не сте свесни.
Браво за репортажава, ја очекував со нетрпение иако се слушнавме и ми ја раскажа приказната.
Мора да се оди на Дрина и тоа што поскоро ;) .

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 8:33 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
utre petel sega begam.

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 9:02 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
:~~ :~~ :~~ :~~
Avantura sto ke ja pamtis i preraskazuvas... :fishing: :fishing: :fishing:

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: СнЕЖнА БаЈКа на ДрИНа
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 30, 2014 10:12 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONПет Maр 04, 2011 10:01 pm
МислењаCOLON2305
To be Spiro.
Taka treba.Ribolov bez patesestvie ne e ribolov. :~~
More bojnicive ko krapovi se.

_________________
Podobro da si sam, otkolku da ne si so site


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum