Бевме со колегата VladoMKD на ГОГО, така облачно беше цел ден и некеше да пипне по цело езеро, ама буквално да не пипне.
Имаше околу 20 рибари и од тоа што можев да видам удри само на 2 места. Едно беше од спротива кај едни кумановци,
така фино му удри но дечкото некако се пресече и му скина после 2-3 вртења.
И вториот удар беше токму на НОВИОТ SILSTAR Carbodynamic 2.5l.
Страшно, некако не го осетив баш нај како што очекував, но треската дава контрола нек си е.е м..ер
Во право беше Драган.С дека тешко ке иде фрлањето, потешко нешто е мачење (како на прецизност така и на далечина), но затоа контролата врз рибата е неверојатна....
Ма со прст ја движев лево десно намерно со поолабавен амортизер крапот идеше како што се движев јас. ПЕРФЕКТНО!
Се на се супер поминавме, иако тоа беше единствената акција дента, а за крапот кој беше стварно преубав со прирдна некоја помаранџеста боја (за жал немам слика)
и тежеше точно 3,2КГ ке каже мојот драг колега VladoMKD кај кого и заврши на трпеза
Поздрав