www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 30, 2024 12:54 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Маркер
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 23, 2014 8:24 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Секој крапски риболовец кој лови со маркер сигурно барем еднаш му се има случено рибата да му се заплетка на конецот кој го држи марлерот па така имаме двоен улов и крап и маркер.
За да не ми се случуват такви работи по идеа на еден француски маркер си изработив и Јас маркер каде нема уплетување на конецот, едноставно кога рибата трга накеј маркерот тој се наклонува и конецот се лизга по должината на маркерот .
Секој кој има желба може сам или со помош на пријател да изработи ваков маркер. За таа цел Јас користев десет метра ПВЦ цевка со Ф20мм , осум парчиња исечени на по еден метар и четири парчиња на по половина метар.
Со една ваква комбинација добивате два маркера со кои може да ловите на вода не подлабока од 4,5м а доколку водата е подлабока од пет метра тогаш не користите два маркера туку едниот го продолжувате до бараната длабочина.
Секако може да си направите и повеќе елементи така да ќе користите два маркера и на подлабоки води.
Четирите парчиња од по половина метар се за регулирање на маркерот, ако примерно длабочината на водата е три метра користите три елемента од по еден метар и еден од половина метар, сепак маркерот треба да излегува од вода за да може да се гледа добро.
За тегови користев округло железо Ф50мм долго 60мм кое тежи околу 300гр. сосема доволно и големи бранови да неможе да ви го преместуваат маркерот. Од едната страна на теговите е урежан навој и се намонтирани куки на нив се закачени мали карабинки со кои брзо ѓи прикачуваме теговите кон долниот дел на маркерот.
За составување на елементите еден на друг изработени се елементи од тврда пластика, на половина од цевките се набиени со претходно намачкување со двокомпонентно лепило елемени со урежан навој М12 а на другите е со нарежан навој М12. Навоите нема потреба да се подолги од 15мм, тие елементи во кои урежувате навој да не се пробиени исцело него да се остави барем 5мм непробиено да не влегува вода.
Откога сте ѓи залепиле елементите и се е направено како што треба составате ѓи цевките и проверете дека споевите немат разминување, ова е важно за да може конецот без проблем да се лизга по должината на маркерот.
Две од цевките од по еден метар може да ги облепите со фосфороцентно самолепливо фолио кое кога ќе се осветли од далеку се гледа одлично.
Се надевам дека ова ќе му биде од помош на секој кој ќе реши да си направи ваков маркер, ако нешто не е јасно повелете, ќе се потрудам да одговорам.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маркер
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 23, 2014 11:28 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Феб 08, 2011 10:44 pm
МислењаCOLON4404
Go vidov odamna na tvojot sajt,relativno za mali pari moze da se naprevi.edinstveno mora camec za plasiranje na istiot.

_________________
https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маркер
ТемаИспратеноCOLONЧет Јан 23, 2014 12:46 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Е да Филипе , нема како по друг начин да се постави !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маркер
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 24, 2014 1:17 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Ное 01, 2010 6:28 pm
МислењаCOLON99
Uvaba rabota,a i tava so go izrabotuvas go zaleduvas!
Sega uste edna tuba za transport da i napravas ako ne e veke napravena.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маркер
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 24, 2014 10:14 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Јупи има овде убави футроли со различна должина и многу ефтини па за тубус и не размислувам друже , не се исплати да го правам !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Маркер
ТемаИспратеноCOLONПет Јан 24, 2014 2:58 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONЧет Јан 26, 2012 7:33 pm
МислењаCOLON2782
originalen nacin..vasile :lepi:

_________________
tel/fax : ++389 2 3069793
email: gomak99@t-home.mk
075/291167 zoki


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum